|
|
17 мај 2012
 Одбележувањето на Јубилејот 40 години од основањето на ЗЕЛС, беше една од најзначајните активности реализирани во текот на месец април. Бројката од 40 години постоење на ЗЕЛС, само по себе е потврда на досегашна потреба и успешно функционирање на Заедницата во полза на општините и развојот на локалната власт во нашата земја. Свеченоста се одржа на 26 Април, кој според Статутот на ЗЕЛС е прогласен за Денот на ЗЕЛС и Ден на општините, токму поради фактот што на овој датум во 1972 година е одржана конститутивна седница за основање на Заедницата на градови и општини на Македонија. На свеченоста, што се одржа во ,,Холидеј ин“ присуствуваа градоначалници, некогашни претседатели и секретари на ЗЕЛС, претставници од Владата на РМ и од министерствата, од дипломатскиот кор, медиуми... Краток приказ на историскиот развој на ЗЕЛС даде актуелниот претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, а во името на Владата се обрати заменик на Претседателот на Владата на Република Македонија, задолжен за економски прашања, Владимир Пешевски. Пред присутните се обратија и амбасадорите во нашата зема на САД, на ЕУ и на Швајцарија. На церемонијата беше промовирана Монографијата ,,ЗЕЛС 40 години во служба на општините” прва од ваков вид, изработена токму за оваа годишнина. Исто така, беа доделени плакети на ,, пријатели,, на ЗЕЛС, лица кои со своите ангажмани дале голема поддршка во реализирањето на ставовите на ЗЕЛС во правец на подобрување на локалната демократија и поквалитетното извршување на добиените локални надлежности.
|
|
|
|
17 мај 2012
 Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, на 14 и 15 мај, 2012 година, во Битола , одржа обука посветена на Примената на Законот за водите, излегувајќи в пресрет на барањата на општините за добивање сооветни објаснувања на дел од спроведувањето на Законот за водите во општинска надлежност, како еден од значајните закони што е донесен, а најамалку познат на локалната администрација.
За стручното и компетентно спороведување на обуката, еспертски придонес дадоа Управата за животна средина и Државниот инспекторат за животна средина при Министерството за животна средина и просторно планирање на Република Македонија.
|
|
|
|
16 мај 2012
 На 10 мај, во просториите на ЗЕЛС, беше одржана средба на бугарскиот амбасадор во Република Македонија, Неговата Екселенција, Иван Великов Петков и претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски. На средбата се говореше за големата важност за развој на локалната власт и во двете соседни земји, но и за предизвиците со кои се соочуваат општините во реализирањето на префрлените надлежности, со цел обезбедување на квалитетни услуги за своите граѓани. Амбасадорот на Република Бугарија го истакна значењето од поинтензивна меѓусебна соработка на општините со цел разменување на искуства и позитивни практики, што е особено важно за континуирано подигање на нивото на локалната влас, во двете земји. Беше посочено дека има и поголем број на примери на успешна соработка на македонските и бугарските општини, како и на двете национални асоцијации на локални власти . Амбасадорот Петков ,нагласи дека е потребно во иднина да се даде поголема поддршка за збратимување на општините, како и за заедничко настапување во проектите кои се однесуваат на меѓуграничната соработка, но и други проекти финансирани од Европската унија.
|
|
|
|
10 мај 2012
На 09 и 10 мај, во просториите на ЗЕЛС се одржаа обуки за членовите на Тимот евалуатори( составен од надворешни соработници и претставници на ЗЕЛС и ССК) кои ќе бидат директно вклучени во процесот на сертификација на општините од проектот „Сертификација на општините со поволно деловно опкружување“- Струмица, Велес, Струга, Штип.
Експертите на НАЛЕД Андреа Вугриновиќ и Мирјана Станковиќ, за време на дводневната обука го претставија и објаснија процесот на сертификација, критериумите и доказите кои треба да ги подготват општините за време на евалуационата посета, на што да се внимава, како да се организира евалуациониот проецес, каква комуникација да се воспостави со општините итн. Беше презентиран секој од критериумите посебно, како и начинот на бодување и изработка на прелиминарен и финален извештај во кој ќе бидат содржани препораките, како и табелата во која ќе се внесуваат поените во однос на нивото на исполнетост на критериумите од страна на општините.
|
|
|
|
9 мај 2012
 На 07 и 08 мај, во просториите на ЗЕЛС се одржаа обуки за тимот од општините вклучени во проектот „Сертификација на општините со поволно деловно опкружување“- Струмица, Велес, Струга, Штип.
Експертскиот тим на НАЛЕД составен од Андреа Вугриновиќ и Мирјана Станковиќ за време на дводневната обука го претставија и објаснија процесот на сертификација, општите барања за општините и чекорите во процесот кои треба да ги следат, беше презентиран и начинот на собирање и преглед на докази за исполнетоста на критериумите за сертификација. На претставниците од општините им беше детално објаснето и преку практични примери(општини кои се сертифицирани во Србија) кои им се работните задачи на општините, како треба да ги исполнат за секој од критериуми и што како доказен материјал треба да подготват во наредните шест месеци за тимот евалуатори кои ќе ги посетат нивните општини, по одминувањето на овој период.
|
|
|
|
4 мај 2012
Најдоцна до 15 јуни, 2012 година отворен е конкурсот за најдобри практики на општинско ниво, кои се однесуваат на вклучување на ромското население во областа на образованието, вработувањето, здравството, домувањето и јавни услуги, а за кои се користени средства од европските фондови . Повикот е насловен ,, “Call for Case Nominations - Nomination of Best Mayors on Roma Inclusion in Europe” и е поврзан со идејата за формирање на Мрежа на градоначалници кои прават најмногу напори за искористување на европските фондови за вклучување на Ромите“- (MERI).
|
|
|
|
28 април 2012
 -,,Токму на 26 Април, во далечната 1972 година одржано е основачко Собрание и формирана е Заедница на општини и градови на Македонија. Иницијатива покренале тогашните претседатели на собранија на општините: Куманово, Кочани, Охрид, Скопје и Тетово. Претставници на околу 30 општини, во просториите на ,,Салонот 19, 19 “, лоциран во барака број 12, во Градот Скопје, го усвоиле Статутот на Заедницата, донеле стратегиски документи и одлуки за начинот на нејзината работа.”
|
|
|
|
27 април 2012
 На Свеченоста за Јубилејот, ЗЕЛС подготви и мало изненадување за присутните .Во салата беше донесена Роденденска торта, со знакот ,,40 години ЗЕЛС“. ЗЕЛС сакаше на овој настан, освен академска димензија да му даде и хуманиратна, па предвиде за секое земено парче торта да се донираат парични средства во кутија од Црвен крст , поставена до тортата. Собраните средства ЗЕЛС ќе ги подари на децата од јавната установа за деца без родители ,, 11 Октомври“ .
|
|
|
|
27 април 2012
 По повод одбележување на Јубилејот,, ЗЕЛС 40 години во служба на општините“ беше одлучено за прв пат Заедницата да додели признанија на личности, чие залагање за подобрување и унапредување на работата на општините, на ЗЕЛС и на целокупниот процес на децентрализација со чија помош и разбирање многу иницијативи и заложби, добија своја завршница во полза на локалната власт. Изборот воопшто не беше лесен, особено што ЗЕЛС има многу пријатели чии залагања и директни активности придонесоа за достигнувањето на нејзиното сегашно реноме и за бројот на постигнатите успеси . Сепак, за овој Јубилеј, беше одлучено плакети да им се доделат на тројца пријатели на ЗЕЛС .
|
|
|
|
27 април 2012
 ЗЕЛС, по повод Јубилејот 40 години од своето постоење, објави ,,Конкурс за новинарска награда”, за обработени новинарски трудови посветени на прашањата од локалната самоуправа, каде се истакнати добрите примери од активностите на општините, во периодот од започнувањето на процесот на децентрализација на 1 јули, 2005 година, па до денес.
Пристигнаа поголем број на написи од новинарите кои беа разгледувани од страна на стручна Комисија составена од градоначалници: Александар Петрески -градоначалник на општина Охрид, Тони Коцевски -градоначалник на општина Јегуновце и Сади Беџети, градоначалник на општина Тетово. Во Комисијата, како претставник од Здружението на новинарите учествуваше Фиљана Кока, новинар во Македонката телевизија, а од огромно значење за правилниот избор на наградените, ни беше помошта што ја даде професор, доктор Томе Груевск, од Факултетот по новинарство, во рамките на Правниот факултет ,,Јустинијан први “ од Скопје.
|
|
|
|
Погледнете во нашата архива на вести
|
|
|