Нападнати сириски амбасади во Европа, Австралија и на Блискиот Исток (05.02.2012) |
| Група луѓе синоќа влегле во сириската амбасада во Канбера и ја ограбиле, соопштија денеска официјални претставници. Пред нападот во Канбера се случија уште најмалку шест напади врз сириските дипломатски претставништва во Европа и на Блискиот Исток. |
| |
Забрана за сообраќај на тешки товарни возила на превојот Пресека и на патот Струга - Ќафасан (05.02.2012) |
| Забраната за сообраќај на тешки товарни возила се уште важи преку планинскиот превој Пресека, како и на патниот правец Струга – граничен премин Ќафасан, информира утрово Автомотосојузот на Македонија. На планинските превои Стража, Маврово, Плетвар, Буково и Ѓавато засега нема забрани и тие се проодни за сообраќај на сите видови возила. |
| |
Договорени сите прашања за грчката должничка криза освен реформата за пазарот на труд (05.02.2012) |
| Преговорите за должничката криза во Грција, кои треба да го спречат евентуалниот банкрот на земјата следниот месец, достигнале „доволно ниво на разбирање“, но се бавни поради несогласувањето околу пазарот на труд, изјави синоќа висок официјален грчки претставник. |
| |
Убедлива победа на Мит Ромни во Невада, Гингрич не се предава (05.02.2012) |
| Поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни победи на републиканските прелиминарни избори во Невада, освојувајќи околу 44 отсто од гласовите, со што далеку зад себе го остави својот главен противкандидат Њут Гингрич, кој доби поддршка од околу 25 проценти. |
| |
Димоски: Поголема македонско-руска соработка во земјоделството во интерес на двете страни (05.02.2012) |
| Македонија со право може да очекува придвижување на соработката со Русија во областа на земјоделството, што одговара на интересите на двете страни, истакнува македонскиот министер за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димоски во интервју за ИТАР-ТАС во пресрет на неговата посета на Руската Федерација кон средината на месецов. |
| |
Документарецот „Пина“ - прва 3Д проекција во кино „Милениум“ (05.02.2012) |
| Со премиера на документарниот филм „Пина“, по сценарио и режија на Вим Вендерс, кино „Милениум“ синоќа ја промовираше опремата за тридимензионални проекции по најсовремени светски стандарди. Стоминутниот филм е екранизација на приказната за германската кореографка, професорка по танц и балетска режисерка Филипина Пина Бауш (1940- 2009). |
| |
Дорис Пак: Постои можност за договор за нова влада на БиХ (05.02.2012) |
| Уште во текот на оваа недела би можело да биде постигнат договор за формирање на нов Совет на министри на Босна и Херцеговина, изјави известувачот на Европскиот Парламент за БиХ, Дорис Пак во интервју за сараевскиот весник „Дневни Аваз“. |
| |
Последнава деценија и половина најтопла во историјата (05.02.2012) |
| Тринаесетте најтопли години во поновата историјата на Земјата се измерени во периодот од 1997 година, се наведува во извештајот на Светската метереолошка организација објавен денеска во рамките на Конференцијата на Обединетите нации за климатски промени, што вчера започна во јужноафриканскиот град Дурбан. |
| |
НАТО повика на воздржаност и соработка во северниот дел на Косово (05.02.2012) |
| НАТО изрази загриженост за ситуацијата во северниот дел на Косово и ги повика сите страни на воздржаност и целосна соработка со меѓународниот фактор со цел да се обезбеди слобода на движење. - Загрижени сме за развојот на настаните во северниот дел на Косово и внимателно ги следиме, изјави портпаролката на НАТО Оанa Лонгеску. |
| |
Борис Тадиќ повика на итен прекин на судирите во северно Косово (05.02.2012) |
| Српскиот претседател Борис Тадиќ инсистира на итен прекин на судирите меѓу војниците на КФОР и граѓаните во село Јагњеница, на патот Зубин поток-Косовска Митровица, соопшти електронското издание на весникот „Блиц“. |
| |
Македонски производи на саем на европски вкусови во Франција (05.02.2012) |
| Производи од Македонија преку локалната Слоу Фуд мрежа беа претставени на вториот Еуро Густо што се одржа во Турс, Франција. |
| |
Реставрација и конзервација на фрескоживописот на повеќе цркви во Охридско (05.02.2012) |
| Експертски тимови на НУ „Завод и музеј – Охрид“ вршат конзервација и реставрација на фрескоживописот на неколку цркви во стариот дел на Охрид и неколку во селата во околината на градот. |
| |
„Фич“ го задржа рејтингот на САД на ниво ААА, но даде негативна прогноза за иднината (05.02.2012) |
| Меѓународната агенција за кредитни рејтинзи „Фич“ синоќа објави дека ја здржува оцнката за долгорочните долгови на САД на максималното ниво ААА, но предупреди дека таа би можела да биде намалена во иднина, доколку Администрацијата и Конгресот не се договорат за намалување на буџетските трошоци на подолг рок. |
| |
Најжестоки судири на плоштадот Тахрир во Каиро од обновувањето на протестите (05.02.2012) |
| Египетската војска и полицијата во најжестоката пресметка од обновувањето на протестите во Каиро отворија изутринава оган кон демонстрантите кои петти ден по ред од централниот плоштад Тахрир бараат итно заминување на воениот режим. |
| |
Штрајкот на Кипар може да го пролонгира одржувањето на локалните избори (05.02.2012) |
| Вработените во јавниот сектор на Кипар денеска стапија во штрајк во знак на протест поради владините мерките за штедење со цел да се намали дефицитот во државниот буџет. |
| |
Недостигаат уште 50 милијарди евра кои ЕУ планира да ги обезбеди за ММФ (05.02.2012) |
| На ЕУ и недостауваат уште 50 милијарди од планираните 200 милијарди евра за поддршка на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) за справување со кризата во еврозоната. Синоќа 17-те земји-членки на еврозоната и претставници на уште шест држави од ЕУ се договорија за придонес кон договорот, постигнат од лидерите од заедницата на почетокот на декември, се наведува во соопштението на Советот на ЕУ. |
| |
Грција за пет месеци ќе изгради ограда по границата со Турција (05.02.2012) |
| Грција почнува изградба на ограда во реонот на реката Марица, пишува денеска грчкиот весник „Катимерини“. |
| |
Грција се сомнева во веродостојноста на резултатите од пописот во Албанија (05.02.2012) |
| Грција ја стави под прашање веродостојноста на резултатите од пописот на населението во Албанија и посебно за бројноста на малцинските групи и за регионите во кои тие живеат. Ваквиот однос произлегува од документот на министерот за надворешни работи Ставрос Димас, претставен во грчкиот Парламент. |
| |
Расмусен: Низ дијалог да се дојде до политичко одржливо решение за Косово (05.02.2012) |
| Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен изјави дека единствениот пат кој води до долгорочен мир, стабилност и слобода на движење на Косово, е пронаоѓање политичко одржливо решение засновано на дијалог. |
| |
Премиерот Груевски во Брисел се сретна со претседателот на ЕУ Ван Ромпуј (05.02.2012) |
| Прашања поврзани со Македонија и Европската унија и она што земјата го направила како прогрес, реформите во изминатиот период во сите области, посебно во деловите кои се со особено внимание следени од страна на Европската комисија, како и вчера објавената пресуда од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, беа тема на денешната средба во Брисел меѓу македонскиот премиер Никола Груевски и претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј. |
| |
Прва жртва на студеното време во Грција (05.02.2012) |
| Еден грчки алпинист измразна до смрт откако остана завеан при снежно невреме на јужните падини на планината Беласица. Спасувачките екипи го пронашле телото на 36-годишниот планинар по неколкучасовна потрага, откако еден негов пријател ја известил службата за помош дека тој „измрзнал и не може да се движи“. |
| |
Продолжуваат снежните врнежи во земјата, силен ветер во Скопје (05.02.2012) |
| Во текот на ноќта во Скопје и околината дуваше силен ветер кој на моменти достигнуваше брзина и до сто километри час, што предизвика уривање на дрва, неколку бандери и столбови, канделабри и новогодишни украси. Ветерот не предизвикал голема материјална штета и жртви, информираат за МИА од Центарот за управување со кризи. |
| |
Албанија дневно увезува по 17 милиони киловат часови струја (05.02.2012) |
| За да ја задоволи домашната побарувачката, Албанија дневно увезува по 17 милиони киловат часови електрична енергија, за сума од повеќе од милион евра. |
| |
Бан: Итно се потребни решенија, иднината на планетата е во опасност (05.02.2012) |
| Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун денеска ги повика учесниците на конференцијата за климатски промени во Дурбан под итно да постигнат решение, предупредувајќи дека „иднината на нашата планета е во опасност“. |
| |
„Чешко-македонски книжевни теми“ од Иван Доровски во издание на „Дијалог“ (05.02.2012) |
| „Чешко-македонски книжевни теми” е насловот на книгата од академик Иван Доровски што деновиве ја објави „Дијалог” од Скопје. Публикацијата е објавена во едицијата „Истражувања” во редакција и со предговор од д-р Веле Смилевски со наслов „Славистот, балканистот и компаратистот Иван Доровски”. |
| |
„Луфтханза“ најави замрзнување на инвестициите (05.02.2012) |
| Германската авионска компанија „Луфтханза“ донесе одлука замрзнување на сите инвестиции во работењето во период од шест месеци со цел да ги намали зголемените финансиски трошоци. |
| |
Лидерот на опозицијата Мохамед Басиндуа нов премиер на Јемен (05.02.2012) |
| Јемeнскиот потпретседател Абд Рабо Мансур Хади потпиша декрет со кој за премиер на Јемен е именуван лидерот на опозицијата Мохамед Басиндуа, објавија синоќа јеменските државни медиуми. |
| |
Милошоски: Историски парламентарни избори во Египет, ситуацијата напната (05.02.2012) |
| Ситуацијата во Египет е напната, и безбедносно и политички. Интересот за гласањето е голем, а партиите се многубројни. Како и да е, ова се историски избори за Египет, но и за регионот. Од нив зависи како ќе се развива египетската политика и економија по падот на Мубарак, изјави за МИА пратеникот и поранешен шеф на македонската дипломатија Антонио Милошоски кој е дел од тимот меѓународни набљудувачи во Каиро. |
| |
Стартува проектот „Мој термин“ за електронско закажување медицински прегледи (05.02.2012) |
| Од 1 декември стартува примената на веб апликацијата наречена „Мој термин“ за електронско објавување и следење на листите на закажување прегледи во здравствените установи. Системот ќе се применува како пилот проект во Клиника за радиологија, Градската општа болница „8 Септември“ и Хирушката клиника „Св.Наум Охридски“ во Скопје, каде што има подолги периоди на чекање за одредено снимање или интервенција. |
| |
Почина Анте Марковиќ (05.02.2012) |
| Некогашниот и последен претседател на Сојузниот извршен совет на СФРЈ Анте Марковиќ почина на 87-годишна возраст. Кон крајот на 1989 година покрена амбициозна програма економски реформи, до тогаш невидени во СФРЈ, кои вклучуваа и стабилизирање на динарот, како и приватизација по пат на доделување акции на работниците. |
| |
Иванов: Позитивна пресуда од Хаг, би се одразила и на Самитот на НАТО во Чикаго (05.02.2012) |
| Доколку имаме позитивна пресуда в понеделник од Меѓународниот суд на правдата во Хаг, очекуваме тоа да се одрази и на Самитот на НАТО, што треба да се одржи догодина во Чикаго, изјави претседателот и врховен командант на вооружените сили Ѓорге Иванов по редовната работна посета во МО и ГШ на АРМ. |
| |
Коњановски: Развојот на земјоделскиот сектор во фокусот на работата на Владата (05.02.2012) |
| Развојот на земјоделскиот сектор и зголемување на ефикасноста на администрацијата се во фокусот на работата на македонската Влада, истакна заменик-министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњановски обраќајќи се на конференцијата „Реформите во јавната советодавна служба за квалитет-кориснички пристап за земјоделците“, што денеска се одржа во Битола во организација на Агенцијата за поттикнување на развојот на земјоделството. |
| |
Македонија во Осака претставена како порта за водење јапонски бизнис во Европа (05.02.2012) |
| На вториот бизнис форум организиран од владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски во соработка со ЈЕТРО пред претставници од повеќе јапонски компании од регионот на Осака беа претставени инвестициските можности што ги нуди Република Македонија како порта за водење на нивниот бизнис во европски рамки. |
| |
Во Бугарија спречен терористички напад врз Израелци (05.02.2012) |
| Бугарските служби за безбедност неодамна спречија планиран терористички напад врз израелски туристи во Софија, објави сајтот Аруц Шева. Откриени биле сомнителни куфери со експлозиви со кои терористи планирале да уништат автобус со Израелци кои патувале кон зимски центар во Бугарија. |
| |
Руската опозиција најави продолжување на антивладините протести (05.02.2012) |
| Голем број руски опозициски движења во Русија денеска најавија дека ќе ги продолжат протестите и покрај синоќешното апсење на околу 600 учесници во недозволениот митинг. |
| |
Груевски во Хаг ги повика холандските компании да инвестираат во Македонија (05.02.2012) |
| Кралството Холандија е долгогодишен и силен поддржувач на мојата земја во нејзиниот евроинтегративен процес. Во турбулентните години на транзицијата, вашата земја несебично ни помагаше да ја зацврстиме макроекономската стабилност, а денес Холандија е наш значаен трговски партнер. Вака премиерот Никола Груевски го почна своето обраќање на денешниот македонско-холандски бизнис форум кој се одржа во Хаг. |
| |
Порака од народниот правобранител по повод Денот на човековите права (05.02.2012) |
| Денот на човековите права - 10 декември оваа година го посветуваме на бранителите на човековите права и медиумите, кои во своето функционирање имаат суштинско значење за промоцијата на човековите права, како и за јакнење на свеста за начинот на нивната заштита, стои пораката на народниот правобранител, Иџет Мемети. |
| |
Грција бара брзо отпочнување на преговорите со еврозоната (05.02.2012) |
| Грција бара брзо отпочнување преговори со еврозоната за договорот за нова помош за спасување кој е од клучно значење за таа презадолжена земја, соопшти денеска грчкото Министерство за финансии. |
| |
Почнува лустрацијата на новинарите, свештениците и политичарите (05.02.2012) |
| Од денеска почнува лустрацијата на новинарите, свештениците, партиските функционери и вработените во невладиниот сектор. Согласно Законот за определување дополнителен услов за вршење јавна функција, тие до Комисијата за верификација на фактите треба да поднесат писмена изјавa, заверена на нотар, дека не биле соработници на тајните служби. |
| |
Државниот и приватниот сектор во Грција ќе бидат во 24-часовен штрајк (05.02.2012) |
| Грција ќе биде парализирана денеска од 24-часовен штрајк на повик на синдикатите во приватниот и државниот сектор. |
| |
„Транспаренси интернешнал“: Сомалија и Северна Кореја се најкорумпирани држави (05.02.2012) |
| Транспаренси интернешнал објави денеска годишен список на најкорумпирани држави. Северна Кореја која е вклучена за првпат во Светскиот корупциски барометар и Сомалија се најкорумпирани во светот за 2011 година. |
| |
ЕУ за март 2012 година ќе ја одложи одлуката за кандидатскиот статус на Србија (05.02.2012) |
| ЕУ за март 2012 година ќе ја одложи својата одлука дали да и даде на Србија кандидатски статус за членство, покажува предлог декларацијата за денешниот Европски совет, пренесуваат француските медиуми. |
| |
Советот за безбедност на ОН го продолжи за три месеци мандатот на мисијата во Либија (05.02.2012) |
| Советот за безбедност на ОН едногласно усвои резолуција, со која го продолжи за три месеци мандатот на мисијата на ОН во Либија, која веќе има за цел и да се бори против распространувањето на оружје. |
| |
Финална вечер на „Таксират“ со британците Kaiser Chiefs (05.02.2012) |
| Со настап на британскиот инди рок бенд Kaiser Chiefs синоќа во „Метрополис арена“ на Скопски саем заврши музичкиот фестивал „Тасксират“. |
| |
Од Националната галерија во Атина украдена слика на Пабло Пикасо (05.02.2012) |
| Меѓу украдените дела од Националната галерија во Атина една е слика од Пабло Пикасо. Сликата „Глава на жена“ е подарена на галеријата во 40-тите години од минатиот век. |
| |
ДКСК ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата (05.02.2012) |
| Државната комисија за спречување на корупцијата (ДКСК) денеска ќе го одбележи Меѓународниот ден за борба против корупцијата. |
| |
Адвокатите на жртвите бараат нов извештај за Брејвик (05.02.2012) |
| Адвокатите кои ги застапуваат жртвите во масакрот што го изврши норвешкиот масовен убиец Андерс Беринг Брејвик изразуваат остра критика против психијатрискиот извештај, со кој тој е прогласен за непресметлив врз основ на психичка болест, параноидна шизофренија. |
| |
Брамерц: Апсењето на Младиќ и Хаџиќ ја отстрани последната препрека во исполнувањето на мандатот на Хашкиот трибунал (05.02.2012) |
| Апсењето на Ратко Младиќ и Горан Хаџиќ ја отстрани последната препрека во исполнувањето на мандатот на Хашкиот трибунал, изјави главниот обвинител на Судот во Хаг, Серж Брамерц на седницата на Советот за безбедност на Обединетите нации, на која го претстави шестмесечниот извештај за работата на Судот и нивото на соработка со земјите од поранешна Југославија. |
| |
Запленети 100 килограми висококвалитетна марихуана (05.02.2012) |
| Во непосредба близина на граничниот премин Дојран синоќа полицијата заплени 100 килограми висококвалитена марихуана. Дрогата била спакувана во над 50 пакувања и е пронајдена во багажниот простор на патничко возило „опел ветра“ со струмички таблички. |
| |
Во Брисел почнува дводневниот самит на ЕУ (05.02.2012) |
| Во Брисел денеска почнува дводневниот самит на ЕУ за кој се смета дека е од клучно значење за спречување на должничката криза, која го загрозува опстанокот на еврозоната. Во пресрет на самитот, кој почнува вечерва, претставниците на европските земји подготвуваат предлози за нови механизми за антикризна финансиска помош на членките од еврозоната. |
| |
Пакистан ќе преиспита договори со САД и НАТО (05.02.2012) |
| Пакистанската Влада соопшти дека ќе ги преиспита сите договори со САД и НАТО откако 26 пакистански војници загинаа во воздушен напад во кој учествуваа хеликоптери на НАТО. |
| |
Во Доха средба на претседателот Иванов со Емирот на Катар-нагласена потребата од интензивирање на соработката (05.02.2012) |
| Емирот на Државата Катар Шеик Хамад бин Калифа ал Тани попладнево во неговата резиденција го прими претседателот на Република Македонија Ѓорѓе Иванов, кој на негова покана учествуваше и на четвртиот форум на Алијансата на цивилизациите што се одржува во катарската престолнина Доха. |
| |
Во Брисел состанок за Балканот и продолжување на дијалогот Белград-Приштина (05.02.2012) |
| Во Брисел денеска ќе биде одржан годишен состанок на политички лидери од Западен Балкан организиран од групата „Пријатели на Европа“. Покрај претставници на балканските земји, на форумот, меѓу останатите, ќе учествуваат и главниот обвинител во Хашкиот трибунал Серж Брамерц и европскиот комесар за проширување Штефан Филе. |
| |
Турскиот министер за надворешни работи во посета на Иран (05.02.2012) |
| Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу престојува во дводневна посета на Иран, каде со претставниците на иранските власти разговара за меѓународни прашања, меѓу кои за ситуацијата во Сирија и за нуклеарниот спор меѓу Техеран и западните земји. |
| |
Сирија го предлогот на Арапската лига за распоредување на меѓународни набљудувачи (05.02.2012) |
| Сирија го прифати планот на Арапската лига за распоредување на меѓународни набљудувачи, јави либанската телевизија „Ал манар“, која е официјална телевизија на Хезболах. |
| |
Џерард Галучи: Прашањето за северно Косово може да биде решено оваа година (05.02.2012) |
| Американскиот дипломат Џерард Галучи, поранешен раководител на администрацијата на УНМИК во Косовска Митровица, смета дека 2012. може да биде годината на решавање на прашањето за северно Косово, но додаде дека доколку продолжи сегашната ситуација, не е исклучна можноста за обновување на конфликтот. |
| |
„Фич“: Грција може уште повеќе да ја продлабочи кризата во еврозоната (05.02.2012) |
| Финансиските проблеми на Грција се уште можат да ја продлабочат кризата во еврозоната, доколку земјата не постигне договор за намалување на долгот со кредиторите, предупреди денеска меѓународната рејтинг агенција „Фич“. |
| |
Тадиќ: Нема отстапување од европскиот пат и од Косово (05.02.2012) |
| Српскиот претседател Борис Тадиќ истакна дека без разлика на одлуката на Советот на Европската унија Србија не смее да се откаже од евроинтеграциите, бидејќи секоја поинаква одлука би имала далекусежни и тешки последици за граѓаните, но додаде дека не треба да се откаже ниту од заштитата на легитимните, државни и национални интереси на Косово. |
| |
Десетици илјади Руси протестираа против Путин (05.02.2012) |
| Меѓу 25 илјади и 50 илјади лица протестираа денеска во Москва, оспорувајќи ја победата на партијата на премиерот Владимир Путин „Единствена Русија“ на парламентарните избори, кои се одржаа минатата недела. |
| |
Иран повторно се закани со блокада на Ормутскиот Tеснец (05.02.2012) |
| Техеран денеска го отфрли предупредувањето на Вашингтон поврзано со стратешкиот Ормутски Теснец и нагласи дека Револуционерната гарда „на заканите (од САД) ќе одговори со закани“. |
| |
Брисел го продолжи важењето на трговските олеснувања за балканските земји (05.02.2012) |
| Европската унија го продолжи рокот на важење на преференцијалниот трговски режим со балканските земји, соопшти Европската комисија. За производите од Македонија, Албанија, Босна и Херцеговина, Хрватска, Црна Гора, Србија и Косово и натаму ќе важат преференцијалните царини во ЕУ. |
| |
Претседателот Иванов им подари пакетчиња на децата во Клиниката за детски болести (05.02.2012) |
| Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов и неговата сопруга Маја денеска ја посетија Клиниката за детски болести во Скопје, каде што им подарија стотина новогодишни пакетчиња на болните деца, честитајќи им ја новата година со желби за побрзо оздравување. |
| |
Груевски во Токио се сретна со јапонскиот премиер Нода и со принцот Нарухито (05.02.2012) |
| Премиерот Никола Груевски денеска во Токио имаше средби со шефот на јапонската Влада Јошихико Нода, како и со неговото царско височество, крунскиот принц Нарухито, престолонаследник на царот Акихито. На средбите е оценето дека постои огромен потенцијал за унапредување и продлабочување на соработката во сите области од заеднички интерес, а особено во економската сфера. |
| |
Во Бон меѓународна конференција за иднината на Авганистан (05.02.2012) |
| Во Бон денеска ќе се одржи меѓународна конференција за иднината на Авганистан. Претставници на 85 држави и 16 меѓународни организации ќе дискутираат во германскиот град за развојот на ситуацијата во Авганистан по повлекувањето на странските сили во 2014 година, кои во моментов се борат против талибанците и Ал Каеда. |
| |
Вестервеле: Светот да му помага на Авганистан уште десет години по повлекувањето на меѓународните сили (05.02.2012) |
| Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ја повика денеска меѓународната заедница да вети дека ќе продолжи да го поддржува Авганистан, вклучувајќи ја и финансиската помош, уште десет години по повлекувањето на меѓународните сили во 2014 година. |
| |
Јахјага: Единствено решение за северот на Косово, планот на Ахтисари (05.02.2012) |
| Претседателката на Косово, Атифете Јахјага смета дека единствено решение за северот на Косово е планот на Марти Ахтисари, потсетувајќи при тоа дека Косово веќе го признале 85 држави и оти неговиот суверенитет е недопирлив. |
| |
Поддршката на стабилноста на Авганистан годишно ќе ја чини меѓународната заедница по седум милијарди долари (05.02.2012) |
| Во следните десет години странските донатори треба да даваат по седум милијарди долари годишно за поддршка на стабилноста во Авганистан, се посочува во најновиот извештај на Светската банка. |
| |
Разговорите Белград-Приштина завршија без договор (05.02.2012) |
| Новата рунда од разговорите меѓу Белград и Приштина заврши синоќа без договор за премините и регионалното претставување на Приштина. Засега не се знае кога ќе продолжат разговорите, изјави шефот на белградскиот тим Борко Стефановиќ. |
| |
Меркел: Умерените талибанци можат да помогнат за мирот во Авганистан (05.02.2012) |
| Германскиот канцелар Ангела Меркел изјави дека некои талибанци би можеле да дадат корисен придонес за мировниот процес во Авганистан, ако ги прекинат врските со Ал Каеда и се откажат од насилството. |
| |
Израелскиот министер за одбрана не исклучува воени мерки против Иран (05.02.2012) |
| Израел не сака да презема воени мерки против Иран поради неговата нуклеарна програма, но на определена етапа е можно тоа да се случи доколку нема друга алтернатива, предупреди денеска израелскиот министер за одбрана, Ехуд Барак. |
| |
Во Македонија има семејно насилство, но не се пријавува (05.02.2012) |
| Во Република Македонија има семејно насилство, но мал е бројот на пријавување на ваквите случаи во релевантните институции, истакна денеска народниот правобранител Иџет Мемети на отворањето на тркалезната маса на тема „Заштита од семејно насилство - жената и семејното насилство“. |
| |
Приштина не ја исклучува употребата на сила во северно Косово (05.02.2012) |
| Министерот за внатрешни работи на Косово Бајрам Реџепи изјави дека не може да ја исклучи употребата на сила за да се обезбеди слобода на движењето во северно Косово и да се отстранат поставените барикади од страна на Србите, соопшти приштинскиот весник „Епока е ре“. |
| |
Премиерот Груевски во Брисел ќе се срeтне со претседателот на ЕУ Ван Ромпуј (05.02.2012) |
| Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски во рамки на еднодневната посета на Кралството Белгија, денеска во Брисел ќе има тет-а-тет средба со претседателот на Европската унија, Херман Ван Ромпуј. |
| |
Издавачите да аплицираат за грант од ЕУ за литературни преводи до 3 февруари 2012 (05.02.2012) |
| Издавачите од Македонија треба електронски да аплицираат најдоцна до 3 февруари 2012 за поддршка на литературни преводи од Програмата на ЕУ за култура 2007-2013, за чие спроведување е надлежна Културно-контактната точка (ККТ), одделение при Министерството за култура. ККТ денеска организираше инфоден за македонските издавачи за начинот, роковите и критериумите за аплицирање. |
| |
Турските власти приведоа околу 40 лица во акција против Унијата на курдските општини (05.02.2012) |
| Турските власти приведоа денеска околу 40 лица, меѓу кои и неколкумина новинари во операција против организацијата Унија на курдските општини, сметана за градска структура на Курдската работничка партија (ПКК). |
| |
„Бучим“ го произведе првиот македонски катоден бакар, инвестицијата 11 милиони евра (05.02.2012) |
| Во Фабриката за лужење и производство на катоден бакар во рудникот Бучим - Радовиш беше произведен првиот македонски катоден бакар. Инвестицијата од 11 милиони евра е на руската компанија „Солвеј“, која стопанисува со рудникот. На почетокот на производството присуствуваше вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески. |
| |
Курдските сепаратисти повикуваат на бунт (05.02.2012) |
| Курдските сепаратисти ги повикаа своите сонародници на бунт по убиството на 35 селани во напад на турските авиони во близина на ирачката граница. - Ние ги повикуваме граѓаните Курдистан да реагираат по овој масакар и да кренат бунт, се наведува во изјавата на вооруженото крило на Курдската работничка партија (ПКК). |
| |
Промоција на аргентинската економија и пазар во Македонија (05.02.2012) |
| Со соработката со Аргентина претприемачот добива можност за учество на целиот пазар на Јужна Америка. Аргентина е вратата за влез во јужноамериканската економска заедница МЕРКОСУР со пазар од 298 милиони потрошувачи, БДП од 3,3 билиони американски долари и 11.018 долари по глава на жител. |
| |
Северна Кореја објави напредок во збогатувањето уран и изградба на експериментален реактор (05.02.2012) |
| Севeрна Кореја објави дека постигнат е брз напредок во збогатувањето уран и изградба на експериментален нуклеарен реактор со лесна вода. - Изградбата на експериментален реактор и производство на нискозбогатен уран напредува брзо, изјави портпарол на МНР на таа држава. |
| |
КФОР задоволен од деблокирањето на патиштата во реонот на Зубин Поток (05.02.2012) |
| КФОР го поздрави вчерашното деблокирање на патиштата на територијата на општина Зубин Поток, истакнувајќи дека „тоа симболизира чекор напред“. За да ја забрза акцијата, КФОР со булдожери и инженерски тенк помогна во отстранувањето на песокот. |
| |
Ромпуј: Документот за создавање на буџетско-даночен сојуз на еврозоната ќе биде потпишан од 23 земји-членки на ЕУ (05.02.2012) |
| Документот за создавање на буџетско-даночен сојуз на еврозоната ќе биде потпишан од 23 земји-членки на Европската унија, изјави претседателот на ЕУ, Херман ван Ромпуј. |
| |
Ставрески: 23 милиони евра од кредитната линија од ЕИБ за малите и средни претпријатија (05.02.2012) |
| Во најкраток можен рок ќе се повлечат средства од кредитната линија од Европската инвестициска банка со цел да им помогнеме на малите и средни претпријатија во Македонија. Средствата очекуваме да бидат во функција на поддршка на ликвидноста и инвестиционите планови на македонските компании, изјави вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески по седницата на Економскиот совет. |
| |
Уапсен Јован Вранишковски (05.02.2012) |
| Расчинетиот владика на Македонската православна црква Јoван, односно Зоран Вранишковски, уапсен е денеска на граничнот премин Меџитлија, при обид за влез во Македонија, соопшти портпаролот на МВР, Иво Котевски. - Попладнево околу 12:30 часот на преминот Меџитлија по претходно распишана потерница и судска наредба уапсен е Вранишковски. Се обиде да влезе во Македонија со српска патна исправа, истакна Котевски. |
| |
Седница на Македонската енергетска асоцијација (05.02.2012) |
| Македонската енергетска асоцијација при Стопанската комора на Македонија денеска ќе одржи седница на која ќе го разгледа Предлог-енергетскиот биланс на Република Македонија за периодот 2012 - 2016 година. |
| |
Ивица Дачиќ: Членството на Србија во ЕУ единствено е можно со признавање на Косово (05.02.2012) |
| Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија не може да се приклучи кон ЕУ без да го признае Косово. |
| |
Ховит: Недоделувањето датум за почеток на преговори може да го наруши кредибилитетот на ЕУ (05.02.2012) |
| Одлуката на европските лидери повторно да не доделат датум за почеток на преговори на државите кои подолго време ја имаат препораката како од Европската комисија, така и од Парламентот, се заканува да го наруши кредибилитетот на Европа по прашањето за проширување на Унијата, смета европратеникот и известувач за Македонија во ЕП Ричард Ховит, јави допиникот на МИА од Брисел. |
| |
Хонг Kонг ги надмина САД и Велика Британија на листата на светските водечки финансиски центри (05.02.2012) |
| Хонг Kонг првпат ги надмина САД и Велика Британија и се најде на првото место на листата на водечки финансиски центри во светот, се наведува во годишниот извештај на Светскиот економски форум. |
| |
МЕА: Струјата догодина поскапа, неопходно намалување на потрошувачката и производните загуби (05.02.2012) |
| Македонскиот електроенергетски сектор е во исклучително сложена ситуација, има сериозни проблеми и ќе крахира ако не се намалат загубите во производството и потрошувачката на струја. Искористувањето на лигнитот, гасот и обновливите извори на енергија, пак, треба да биде приоритет. Ова е заклучокот од денешната седница на Македонската енергетска асоцијација (МЕА) чии членови го разгледуваа Енергетскиот биланс за 2012 година. |
| |
Десетици илјади Сиријци излегоа на улични протести во поддршка на армијата на дезертерите (05.02.2012) |
| Десетици илјади противници на сирискиот режим излегоа денеска на протест во поддршка на Сириската слободна армија, а во некои градови и да му оддадат почит на убиениот француски новинар Жил Жакие. |
| |
Рен: Еврозоната се наоѓа на опасна крстосница (05.02.2012) |
| Должничката криза во еврозоната доведе до тоа монетарната унија да се наоѓа на опасна крстосница од која зависи опстанокот на заедничката валута, предупреди еврокомесарот за економски и монетарни прашања Оли Рен. - Пред нас стои или бавна дезинтеграција на зоната на еврото или значајно јакнење на монетарната унија, рече Рен во Хелсинки. |
| |
Погребан севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил (05.02.2012) |
| И покрај студеното време, десетина илјади жители на Северна Кореја го испратија по улиците на Пјонгјанг покојниот лидер Ким Џонг-ил, кој почина на 17 декември. Погребот заврши со истрелување на 21 почесен плотун. Во погребната поворка беа највисоките претставници на војската и партијата, а на чело беше синот на Ким и неговиот наследник Кин Џонг-ун. |
| |
Премиерот и министрите одговараа на пратенички прашања (05.02.2012) |
| Искрено жалам за случувањата во 2001 година и сочуствувам со семејствата на загинатите и киднапираните од тој конфликт и како човек тешко го примам сето тоа, но како премиер морам да се согласам со одлуката на Парламенотот, која беше заради цели што Парламентот ги образложи. Истиот одговор го дадов на денот на формирање на Владата, истиот го повторив и во јавноста... |
| |
Шон Марфи: Пресудата од Хаг има натамошна применливост (05.02.2012) |
| Пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг дека Грција ја прекршила Времената спогодба со попречувањето на приемот на Македонија во НАТО има натамошна применливот, вели Шон Марфи професор по право на Универзитетот Џорџ Вашингтон и советник на Македонија во случајот против Грција. |
| |
Самит САД-ЕУ - водечки теми кризата во еврозоната и Арапската пролет (05.02.2012) |
| Должничката криза во еврозоната и спроведувањето реформи во арапскиот свет ќе бидат главни теми на денешната средба на врвот ЕУ-САД, чиј домаќин е американскиот претседател Барак Обама. На средбата во Белата куќа од американска страна ќе учествуваат и државниот секретар Хилари Клинтон, додека европската делегација е составена од претседателот на ЕУ Херман ван Ромпуј, претседателот на Европската комисија Жозе Барозо и шефот на европската дипломатија Кетрин Ештон. |
| |
Бугарскиот претседател стави вето на Законот за пензиски реформи (05.02.2012) |
| Бугарскиот претседател во заминување Георги Парванов стави вето на Законот за реформи во пензискиот систем усвоен во Собранието пред неколку дена, со кој се зголемува старосната граница за заминување во пензија. |
| |
Карзаи: Странците ја поттикнуваат корупцијата во Авганистан (05.02.2012) |
| Авганистанскиот претседтаел Хамид Карзаи денеска изјави дека странците ја поттикнуваат корупцијата во Авганистан, која важи за една од најкорумпираните земји во светот. |
| |
Иванов: Македонија посветено е вклучена во иницијативите за соработка меѓу цивилизациите (05.02.2012) |
| Алијансата на цивилизациите, дијалогот меѓу цивилизациите, се токму оние нешта кои предолго ни недостигаа. Затоа, мојата земја, Република Македонија, свесна за својата уникатна реалност, подготвена е да ги сподели своите драгоцени искуства во овие области и е толку активно и посветено вклучена во овие иницијативи, истакна претседателот Ѓорге Иванов, обраќајќи се на четвртиот форум на Алијансата на цивилизациите што денеска и утре се одржува во катарската престолнина Доха. |
| |
Арапските револуционери на врвот на листата на сто највлијателни луѓе според весникот „Форин Полиси“ (05.02.2012) |
| Иницијаторите на „арапската пролет“, американскиот претседател Барак Обама, францускиот претседател Никола Саркози и германскиот канцелар Ангела Меркел се на овогодинешниот список на „Сто луѓе, кои влијаеја на јавното мислење во светот“ објавен од американското списание „Форин полиси“. |
| |
Груевски до Пападемос: Стартот на преговорите со ЕУ ќе помогне за надминување на билатералните разлики (05.02.2012) |
| Прифаќањето на европската методологија и отворањето на преговори за членство на Македонија во Европската унија, ќе донесе позитивна клима за меѓусебна доверба која е потребна за перманентно решавање на преостанатите билатерални разлики меѓу нашите две земји, во духот на европската соработка, истакнува македонскиот премиер Никола Груевски во обраќањето до неговиот грчки колега Лукас Пападемос во пресрет на декемврискиот состанок на Европскиот совет. |
| |
Грчката Влада сака да создаде 150.000 нови работни места во следните три месеци (05.02.2012) |
| Грчката Влада планира да создаде 150.000 нови работни места во наредните три месеци, изјави грчкиот премиер Лукас Пападимос. - Кризата и невработеноста се одразија на илјадници семејства, рече Пападимос по средбата на министрите вчера, на која беше разгледан планот за намалување на тежината на должничката криза за грчките граѓани. |
| |
Ѓелиќ: Статусот кандидат за Србија неизвесен и во март (05.02.2012) |
| Потпретседателот на Владата на Србија во оставка, Божидар Ѓелиќ изјави синоќа дека за Србија не е загарантирано доделување статус кандидат за членство во ЕУ. - Ако ме прашувате дали е извесен статусот кандидат, одговорот е не, изјави тој за Б-92. |
| |
„Кингстон“ го претстави својот најбрз УСБ флеш диск (05.02.2012) |
| Компанијата „Кингстон дигитал Европа Лтд“, независен светски лидер во производството на мемориски производи, го претстави својот најбрз УСБ флеш диск „дејта травелер хипер Х 3.0“ - DTHX (DataTraveler® HyperX® 3.0). |
| |
Грчката економија од денеска повторно под лупа на експерти од меѓународната „тројка“ за спас на земјата (05.02.2012) |
| Грчката економија од денеска повторно ќе се најде под лупа на експерти од меѓународната „тројка“ составена од Европската комисија, Европската централна банка и Меѓународниот монетарен фонд (ММФ), кои ќе ги разговараат во Атина со грчката Влада за параметрите на буџетот на земјата. |
| |
Министерот Попоски на состанок на земјите членки на Јадранската повелба (05.02.2012) |
| Министерот за надворешни работи на Република Македонија Никола Попоски, денеска во Тирана, ќе учествува на состанокот на Партнерската комисија на земјите членки на Повелбата за партнерство меѓу Македонија, Албанија, Хрватска, Црна Гора и Босна и Херцеговина и САД - таканаречената Јадранска повелба. |
| |
Собранието ќе расправа за измените за Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност (05.02.2012) |
| Пратениците денеска во рамки на 16. седница на Собранието ќе ја продолжат расправата по измените на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, во прво читање. Со нив се предлага 18 месеци наместо пет години пред исполнувањето на услови за старосна пензија да можат да примаат надомест од државата лицата кои ќе бидат прогласени за технолошки вишок во компаниите во кои работеле. |
| |
Холандија повторно се изјасни против приемот на Бугарија и Романија во шенген зоната (05.02.2012) |
| Холандија ќе го блокира предлогот за прием на Бугарија и на Романија во шенген зоната доколку не ја убедат дека земјите постигнале напредок во борбата против корупцијата, изјави синоќа холандскиот министер за имиграција Херд Лерс. |
| |
Иванов: Македонија ќе ја почитува одлуката на Судот во Хаг, каква и да е (05.02.2012) |
| Претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов не сака да ги коментира написите што се појавија во грчките медиуми во врска со одлуката на Судот во Хаг за македонската тужба против Грција за прекршување на Времената спогодба со ветото за членство во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. |
| |
Министерот Попоски во посета на Европскиот парламент (05.02.2012) |
| Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска во Брисел ќе има обраќање пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент во пресрет на објавувањето на нацрт-текстот на Резолуцијата за напредокот на Македонија во 2011 година. |
| |
Состанок на преносните систем оператори од ЈИЕ во Загреб (05.02.2012) |
| Нови 10.400 километри интерконекциски далноводи интегрирани во 21 проект, проценети на 4 милијарди евра, се приоритетите на агендите на преносните систем-оператори од 13. држави од регионот на Југоисточна Европа. Проектите се дел од десетгодишниот инвестициски и развоен план за градба на интерконекциски далноводи од пан-европско значење. |
| |
Почнува традиционалниот базар на ракотворби во „Арка“ (05.02.2012) |
| Во хотелот „Арка“ во Старата скопска чаршија денеска ќе биде отворен осмиот Божикен КрафтАрт фест. Занаетчискиот фестивал поддржан од проектот за кретаивни бизниси на УСАИД, ќе понуди рачно изработени подароци за претстојните празници. |
| |
Лидерот на Нова демократија против продолжување на мандатот на владата на Пападимос (05.02.2012) |
| Лидерот на грчките конзервативци Андонис Самарас објави дека неговата партија Нова демократија, која учествува во владината коалиција, нема да прифати продолжување на мандатот на сегашниот кабинет на премиерот Лукас Пападимос, како и дека нема да разговара за ова прашање, јавија грчките медиуми. |
| |
Путин го потпиша протоколот за членство на Русија во СТО (05.02.2012) |
| Рускиот премиер Владимир Путин денеска го потпиша протоколот неопходен за завршување на процедурата за приклучување на Русија во Светската трговска организација (СТО). |
| |
„Меркатор“ ја стопира продажбата на акции на „Агрокор“ (05.02.2012) |
| Раководството на слвенечкиот ланец на супермаректи „Меркатор“ донесе одлука за запирање на продажбата на мнозинскиот пакет акции на хрватскиот концерн „Агрокор“, по добиените сознанија дека компанијата самостојно ги откупува хартиите од вредност. |
| |
Промовирана „Примабалерина“ автобиографска книга на балетската уметница Мијалкова (05.02.2012) |
| „Примабалерина“ е насловот на книгата на врвната уметница и првенка на Македонскиот балет Александа Мијалкова која беше промовирана вечерва во салонот на МОБ во Скопје.Мијалкова, истакна дека инспирација за делото била нејзината желба да го забележи на хартија 20 годишниот јубилеј од нејзината активна кариера преку автобиографско кажување. |
| |
Уапсен Јован Вранишковски (05.02.2012) |
| При обид да влезе во Македонија денеска на граничниот премин Меџитлија е уапсен расчинетиот владика на Македонската православна црква, Јован Вранишковски, јави дописникот на МИА. |
| |
Руската опозиција бара истрага за изборни неправилности, Владата смета дека приговорите нема да ги променат резултатите (05.02.2012) |
| Тврдењата на руската опозиција за измами на изборите одржани на 4 декември се однесуваат на мал дел од избирачките ливчиња и не можат да влијаат врз резултатите, нагласи денеска Дмитриј Песков, портпарол на премиерот Владимир Путин. Песков нагласи дека и сите жалби да бидат уважени, тие се 0,5 отсто од сите гласови. |
| |
Маљас: Грција да се повлече од Времената спогодба (05.02.2012) |
| Грција треба да се повлече од Времената спогодба, бидејќи таа веќе не ги штити грчките интереси, оценува поранешниот шеф на грчката канцеларија за врски во Скопје и долгогодишен дипломат Александрос Маљас. Toa, додава тој во интервју за „Атенс Њус“ треба да биде грчкиот одговор на пресудата на Меѓународниот суд на правдата во Хаг, кој ги отфрли сите аргументи на Грција. |
| |
Груевски: Пресудата од Хаг е силен правно политички аргумент, Грција да покаже интерес (05.02.2012) |
| Одбиената покана за средба од страна на Андонис Самарас, лидерот на Неа демократија која е коалициски партнер во новата Влада во Грција, говори за немањето интерес за решавање на спорт за името. Македонската страна останува посветена за надминување на овој проблем, изјави денеска премиерот Никола Груевски. |
| |
Расмусен: Нема потреба Русија да троши пари на одговор на европскиот противракетен штит (05.02.2012) |
| Генералниот секретар на НАТО Андерс Фог Расмусен ја повика денеска Русија да не троши пари на распоредување на оружје како одговор на планираниот противракетен штит на Алијансата во Европа. |
| |
ОН: Повеќе од 5.000 жртви во Сирија (05.02.2012) |
| Високиот комесар на ОН за човекови права Нави Пилај изрази уверување на затворената седница на Советот за безбедност на ОН дека во задушувањето на демонстрациите во Сирија животот го загубиле повеќе од 5.000 лица. |
| |
Канада е првата држава која се повлекува од Протоколот од Кјото (05.02.2012) |
| Канада е првата држава која официјално се повлече од Протоколот од Кјото за намалување на емисијата на штетни гасови. Министерот за заштита на животната средина на Канада Питер Кент објави за повлекувањето откако се врати во Отава од преговори во Дурбан, каде беше постигната согласност да се продолжи за пет години валидноста на Протоколот и да се преговара за нов договор. |
| |
Едно лице повредено во експлозија во скопската населба Аеродром (05.02.2012) |
| Едно лице е повредено при експлозија на непозната направа поставена во патничко возило во скопската населба Аеродром. Експлозијата се случила во 13 часот и 50 минути на булеварот „АВНОЈ“ во близина на спортската сала „Јане Сандански“, а екплозивната направа била поставена во возило марка „сеат леон“ со скопски регистарски таблички. |
| |
Во Амстердам претставени туристичките потенцијали на Македонија (05.02.2012) |
| Туристичките потенцијали на Македонија и македонските вина презентирани пред холандиските туроператори во Амстердам. |
| |
Двајца загинати и 15 ранети при вооружен напад во Лиеж (05.02.2012) |
| Најмалку две лица загинаа, а 15 други се ранети денеска, кога засега неидентификувани вооружени напаѓачи фрлиле неколку бомби и отвориле оган од автоматско оржује во центарот на белгискиот град Лиеж. |
| |
ОН: Околу 51 милион лица во светот во 2012. ќе имаат потреба од итна хуманитарна помош вредна 7,7 милијарди долари (05.02.2012) |
| Околу 51 милион лица во светот следната година ќе имаат потреба од итна хуманитарна помош вредна 7,7 милијарди долари, изјави заменик-генералниот секретар на Обединетите нации за хуманитарни прашања и координатор на помош за вонредни ситуации, Валери Ејмс. |
| |
Македонија со ниска задолженост, потврда и од ММФ (05.02.2012) |
| Меѓународниот монетарен фонд вчера ја затвори темата дали Република Македонија е презадолжена или ниско задолжена земја, односно јавно објави дека Македoнија е ниско задолжена земја со многу низок долг од 26 проценти од бруто домашниот производ, истакна премиерот Никола Груевски одговарајќи на новинарско прашање по посетата на СОС Детско село. |
| |
Богов: Догодина раст на БДП од 3 отсто, инфлација од 2 процента и стабилен денар (05.02.2012) |
| НБРМ во 2012. очекува раст на БДП од три отсто, значително забавување на инфлацијата на околу два процента и задржување на дефицитот во тековната сметка на нивото од оваа година. Ќе нема затегање на монетарната политика, денарот останува стабилениите, а кредитниот раст ќе биде помал од годинаva и ќе изнесува 8 отсто. |
| |
Министерот Адеми на конференција за „Дримскиот дијалог“ во Тирана (05.02.2012) |
| Министерот за животна средина и просторно планирање Абдилаќим Адеми денеска во Тирана ќе учествува на завршната конференција на „Дримскиот дијалог-процес за прекугранична соработка за заштита на Дримски басен“. |
| |
ЕБА: На европските банки им се потребни 114,7 милијарди евра нов капитал (05.02.2012) |
| Европската банкарска агенција (ЕБА) процени дека на банките на ЕУ им се потребни 114,7 милијарди евра нов капитал за да можат да ги надминат идните финансиски шокови. Овие резултати од стрес-тестовите на банките се објавени пред почетокот на клучниот самит на лидерите на ЕУ во Брисел, чија цел е решавање на должничката криза во еврозоната. |
| |
Тања Фaјон ги предупреди земјите од Западен Балкан поради азилантите (05.02.2012) |
| Членот на Одборот на Европскиот парламент за граѓански слободи, правда и за внатрешни прашања Тања Фaјон апелираше на балканските држави да ги спречат лажните азиланти кои се обидуваат да ја злоупотребат одлуката за укинување на шенген визите за земјите од регионот. |
| |
„Стандард енд Пурс“ за 2012 година предвидува блага рецесија во еврозоната и слабо заздравување на САД (05.02.2012) |
| Меѓународната рејтинг агенција „Стандард енд Пурс“ за следната година предвидува блага рецесија во еврозоната и слабо економско заздравување во САД. |
| |
Окампо: Постојат сериозни сомнежи дека убиството на Гадафи е воено злосторство (05.02.2012) |
| Главниот обвинител на Меѓународниот кривичен суд (МКС) Луис Морено Окампо изјави дека постојат сериозни сомнежи дека смртта на либискиот лидер Моамер Гадафи претставува воено злосторство. |
| |
Во Албанија за десет месеци 65 нови случаи на ХИВ/СИДА (05.02.2012) |
| Нови 65 случаи на заразаени со ХИВ/СИДА се регистрирани во Албанија изминатите десет месеци, потврдуваат од Институтот за јавно здравство. Оваа бројка е до сега најголема регистрирана за десетмесечен период од една година. |
| |
МАНУ избира нов претседател (05.02.2012) |
| Во Македонската академија на науките и уметностите денеска зад затворени врати ќе се избира нов претседател што ќе ја води Академијата во наредните четири години (2012-2016). Новиот претседател на МАНУ ќе го замени Геогри Старделов, чиј мандат истекува на крајот од годинава. |
| |
ЕП со повик за зголемување на напорите во борбата со ХИВ/СИДА (05.02.2012) |
| Европскиот парламент го одбележа денеска Светскиот ден на борба со сидата со резолуција сокоја се повикува на конкретни акции на ЕУ за борба со епидемијата. Резолуцијата повикува ЕК и Еоветот да подготват извештај за напредок во извршувањето на планот за акција на ЕУ со цел намалување на бројот на инфекциите во европските држави. |
| |
Младенов: Пауза во проширувањето на ЕУ може да доведе до застој на целиот Западен Балкан (05.02.2012) |
| Следните денови ќе бидат решавачки за иднината на Балканот, оценува бугарскиот министер за надворешни работи Николај Младенов во писмо испратено до еврокомесарот за проширување Штефан Филе, во кое нагласува дека Бугарија има намера да игра активна улога во процесите за проширување на ЕУ со земјите на Западен Балкан. |
| |
Петти фестивал на македонските музички уметници „Златна лира“ (05.02.2012) |
| Со концерт на триото „В.А.М“ (Владимир Костов - виолина, Александар Котевски - виолончело и Марија Ѓошевска - пијано), вечер во Музеј на Град Скопје ќе биде отворен петтиот фестивал на македонските музички уметници „Златна лира“, што го организира Сојузот на музичките уметници на Македонија (СМУМ). |
| |
Академик Владо Камбовски избран за нов претседател на МАНУ (05.02.2012) |
| Со 26 гласа за, од вкупно 41 член на Македонската академија на науките и уметностите (МАНУ), професорот по кривично право, академик Владо Камбовски синоќа е избран за нов претседател на оваа научна институција. |
| |
Нема опасност од враќање на визите на земјите од Западен Балкан (05.02.2012) |
| Вишата аналитичарка на Европската иницијатива за стабилност (ЕСИ) Александра Стиглмајер, денеска за Танјуг изјави дека на земјите од Западен Балкан не им се заканува сериозен ризик да им бидат вратени визите за патувања во Шенген зоната. |
| |
Меркел: Србија не ги исполнува условите за кандидат за членство во ЕУ (05.02.2012) |
| Германската канцеларка Ангела Меркел оцени денеска дека Србија во овој момент не ги исполнува условите за добивање статус кандидат за членство во ЕУ и ја повика Владата на Србија за промена на курсот. |
| |
Распаѓањето на еврозоната реална опасност (05.02.2012) |
| Австрискиот канцелар Вернер Фајман смета дека не може да се исклучи можноста и оти е реална опасноста еврозоната да се распадне. |
| |
Пет лица повредени при протести против британските бази на Кипар (05.02.2012) |
| Пет лица се повредени, а двајца уапсени за време на синоќешниот протест против присуството на британските воени бази на Кипар. Судирите избија меѓу демонстранти и полицијата, која ја обезбедува военовоздухопловната база Акротири. |
| |
Објавени добитниците на наградата „Св. Климент Охридски“ за 2011 (05.02.2012) |
| Одборот за доделување на државната награда „Св. Климент Охридски“ донесе одлука за доделување на оваа награда во областите воспитание и образование и во културата и уметноста. |
| |
Експертите предупредуваат на зголемена опасност од банкрот на Грција (05.02.2012) |
| Со времениот прекин на преговорите меѓу грчката Влада и Меѓународниот финасиски институт се испраќа сигнал дека „подмирувањето на обврските од грчкиот долг се наоѓа во многу критична фаза“, оценуваат економските експерти и инвеститорите, кои изразуваа вознмиреност поради зголемната опасност од банкрот на Грција. |
| |
Голем собир на македонските деца багалци во Канада (05.02.2012) |
| Во организација на Здружението на децата бегалци од Егејскиот дел на Македонија и македонската Амбасада во Отава, Канада, вчера се одржа голем собир на кој присуствуваа повеќе стотина Македонци, деца-бегалци од граѓанската војна во Грција, повеќе македонски семејства со потекло од Егејска Македонија, како и неколкумина преживеани борци од граѓанската војна. |
| |
Парламентарни избори во Хрватска (05.02.2012) |
| Околу 4,1 милион жители на Хрватска, како и уште околу 400.000 хрватски државјани кои живеат во странство, од кои најголемиот дел од Босна и Херцеговина денеска ќе гласаат за 151 член на Саборот. |
| |
Грција ја прекрши Времената спогодба, пресуди Судот во Хаг (05.02.2012) |
| Грција го прекршила членот 11 став 1 од Времената спогодба со тоа што го попречила приемот на Македонија во НАТО на самитот во 2008 година, пресуди денеска Меѓународниот суд на правдата во Хаг. |
| |
Меѓународната заедница го повика Авганистан да продолжи со политичките реформи (05.02.2012) |
| Германскиот министер за надворешни работи Гидо Вестервеле ја повика денеска меѓународната заедница да вети дека продолжи да го поддржува Авганистан, вклучително и финансиски, уште десет години по повлекувањето на меѓународните сили во 2014 година. |
| |
Брејвик е психички непресметлив, оцени психијатрискиот тим (05.02.2012) |
| Норвежанецот, Андерс Беринг Брејвик, кој уби 77 лица во два напади во јули е психички непресметлив и не може да му се суди за неговите постапки, е заклучокот кој денеска го објави психијатрискиот тим. |
| |
Груевски во Брисел на македонско-белгиски бизнис форум (05.02.2012) |
| Македонскиот премиер Никола Груевски попладнево во Брисел учествуваше и се обрати на македонско-белгиски бизнис форум, по што оствари и средби со повеќемина белгиски стопанственици кои се заинтересирани за инвестирање во Република Македонија, јави известувачот на МИА. |
| |
Најмалку 20 загинати во напади врз христијани во Нигерија (05.02.2012) |
| Вооружени напаѓачи убија во два напади на северот на Нигерија најмалку 20 христијани, што ги засили стравувањата од избивање верски судири, тврдат жителите на областа и локалните власти. |
| |
Тачи: Србија де јуре ја призна Република Косово (05.02.2012) |
| Договорот меѓу Белград и Приштина за заедничко управување со границата претставува признавање де јуре од страна на Србија на Република Косово, изјави денеска косовскиот премиер Хашим Тачи на отворената седница на кабинетот. |
| |
Во судири во Атина повредени околу 20 луѓе (05.02.2012) |
| Околу 20 луѓе се повредени, од кои поголемиот број се полицајци во вчерашните судири во Атина за време на протестниот марш за одбележување на тригодишнината од убиството на тинејџерот од страна на полицаец во главниот град на Грција. |
| |
Самарас одби подадена рака (05.02.2012) |
| Лидерот на грчката Нова Демократија Андонис Самарас, кој според прогнозите и анализите би можел да биде иден грчки премиер, вчера ја одбил понудената средба со македонскиот премиер Никола Груевски во рамки на 20-тиот Конгрес на Европската политичка партија, кој се одржува во Марсеј. |
| |
Груевски во Марсеј на состанокот на шефовите на држави и влади од партиите-членки на ЕПП (05.02.2012) |
| Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска во Марсеј ќе учествува на состанокот на шефовите на држави и влади кои доаѓаат од партиите-членки на Европската народна партија, во рамки на 20. конгрес на ЕПП, јави известувачот на МИА. |
| |
Попоски на состанок на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и земјите-контрибутори во ИСАФ (05.02.2012) |
| Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска во седиштето на НАТО во Брисел ќе учествува на состанокот на министрите за надворешни работи на земјите членки на НАТО и земјите-контрибутори во ИСАФ. |
| |
„Шпигел“: ММФ се сомнева во способноста на Грција за решавање на должничките проблеми (05.02.2012) |
| Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) се сомнева во способноста на Грција да ги надмине нејзините должнички проблеми и смета дека Атина ќе мора да спроведе дополнителни мерки на штедење за да избегне банкрот и да ги оствари целите чие исполнување се услов за добивање нова финансиска помош од странство, тврди германскиот неделник „Шпигел“. |
| |
Силни бури причинија големи материјални штети во хрватскиот град Макарска (05.02.2012) |
| Силната бура со ветер од 120 километри на час и со времени засилени интервали на ветер од 165 километри на час, причини големи материјални штети врз објекти, инфраструктурата и граѓаните во хрватскиот град на Јадранското Море Макарска. |
| |
Заврши заложничката криза во атинскиот затвор Коридалос (05.02.2012) |
| Четворицата затвореници кои се обидоа вчера да побегнат од атинскиот затвор Коридалос се предадоа и ги ослободија сите 28 заложници, соопшти грчкото Министерство за правда. Во соопштението се наведува дека затворениците предале пиштол и три кујнски ножеви. |
| |
Сабине Фрејзер: Пресудата од Хаг ќе има политички последици (05.02.2012) |
| Пресудата на Судот во Хаг е јасна дека Грција ги прекршила своите обврски кон Македонија. Не се очекуваше толку јасна одлука во полза на Македонија и таа може само да ја подотвори малку повеќе вратата на ЕУ за Македонија и на НАТО, вели Сабине Фрејзер, директор на програмата Европа при Меѓународната кризна група (МКГ). |
| |
Медведев: САД и го наметнуваат на Европа ракетниот штит (05.02.2012) |
| Рускиот претседател Дмитриј Медведев го обвини Вашингтон дека на Европа и ги наметнува плановите за распоредување на елементи од системот за противракетна одбрана. - Изградбата на европскиот ракетен штит во голема мера и е наметнат на Европа до САД, рече Медведев на конференција во градот Петрозаводск. |
| |
Номинирани 30 кандидати за „Најдобар промотор на Македонија“ за 2011 (05.02.2012) |
| Триесет кандидати се номинирани за наградата „Најдобар промотор на Македонија„ за 2011 година која се доделува во три категории - уметност и наука, туризам, извоз и претприемништво и дипломатија од добра волја. |
| |
Франција се сомнева во успех на набљудувачката мисија на Арапската лига во Сирија (05.02.2012) |
| Франција денеска изрази сомневање во успех на набљудувачката мисија на Арапската лига во Сирија бидејќи и понатаму стравуваат дека режимските сили се опасност за цивилното население. |
| |
Шестмина загинати и 123 ранети при вооружен напад во Лиеж (05.02.2012) |
| Најмалку шест лица загинаа, а 123 други се ранети денеска, кога вооружен напаѓач фрли три бомби и отвори оган од автоматско оржује во центарот на белгискиот град Лиеж. На самото место на нападот загинаа три лица, 75-годишна жена и двајца тинејџери на возраст од 15 и 17 години, како и напаѓачот, а уште две други, 23-месечно дете и 20-годишно момче, подоцна им подлегнаа на здобиените повреди во болница. |
| |
Турција ќе ги поддржи санкциите на ОН против Иран, но не и санкциите на ЕУ (05.02.2012) |
| Турскиот министер за енергетика Танер Јилдиз изјави дека Турција нема да се огради од нови санкции против Иран, кои веројатно ќе вклучуваат ембарго врз увозот на иранска нафта. |
| |
Шефот на Арапската лига стравува од избувнување граѓанска војна во Сирија (05.02.2012) |
| Генералниот секретар на Арапската лига Набил ел Араби изрази стравување дека е можно да избувне граѓанска војна во Сирија, која ќе има последици за нејзините соседи. |
| |
Членството на Грција во еврозоната зависи од вториот план за спас на земјата (05.02.2012) |
| Грчката Влада предупреди дека ако не постигне договор со меѓународните доверители во однос на вториот план за помош во вредност од 130 милијарди евра, земјата ќе мора да се откаже од еврото. |
| |
На Белата куќа фрлена чадна бомба, четворица уапсени во протест пред Капитол хил (05.02.2012) |
| Преку оградата на Белата куќа вчеравечер е фрлена чадна бомба, соопшти портпаролот на Сикрет сервис, службата за обезбедување на претседателот на САД. Претседателот Обама во тоа време не бил во Белата куќа, бидејќи со сопругата Мишел го славел нејзиниот 48-ми роденден во еден од блиските ресторани. |
| |
Лидерите од политички партии во БиХ на состанок во Италија под покровителство на „Конрад Аденауер“ (05.02.2012) |
| Лидери на шест водечки политички партии во БиХ допатуваа во италијанскиот град Каданеба каде со меѓународни официјални лица треба да разговараат за усогласување на Уставот на државата со европските стандарди. |
| |
Дорис Пак: да не се дава големо значење на реакциите на бугарските европратеници за филмот „Трето полувреме“ (05.02.2012) |
| Не треба да не се дава големо значење на реакциите на бугарските европратеници за филмот „Трето полувреме“, оценува германската европратеничка Дорис Пак претседателка на Комисијата за култура и образование на Европскиот парламент во изјава за МИА, коментирајќи ги реакциите на бугарските европратеници Евгени Кирилов, Андреј Ковачев и Станимир Илче, кои по повод снимањето на „Трето полувреме“ испратија протестно писмо до еврокомесарот Штефан Филе. |
| |
Собраниска делегација во посета на Парламентот на Обединетото Кралство (05.02.2012) |
| Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски заедно со делегација од македонскиот законодавен дом ќе го посети Парламентот на Обединетото Кралство и Шкотскиот парламент. |
| |
Мандолинскиот оркестар на МКЦ со концерт ќе одбележи 30-годишен јубилеј (05.02.2012) |
| Мандолинскиот оркестар на Младинскиот културен центар вечер со целовечерен концерт во Македонската опера и балет ќе одбележи 30 години постоење. По повод јубилејот оркестарот ќе свири дела од Бах, Моцарт, Родриго, Брамс, Шуберт, Дворжак, како и од Тошевски, Бранѓолица, Коларовски, Шуплевски, Кирил Трајковски, Хрисиќ. |
| |
Изложба на студентски плакати од меѓународниот конкурс на тема ХИВ/СИДА (05.02.2012) |
| Во галеријата Чифте амам вечер ќе биде отворена изложба на шеесетина плакати кои според жирито се најдобри меѓу 2.034-те пристигнати на четвртиот Меѓународен конкурс на студентски плакат, на тема ХИВ/СИДА. |
| |
Панета: Коалицијата предводена од САД победи во Авганистан (05.02.2012) |
| Американскиот министер за одбрана Леон Панета изјави денеска во Авганистан дека коалицијата предводена од САД го победила 10-годишниот конфликт во земјата. |
| |
Мартоњи: Македонија да продолжи со реформите на патот кон ЕУ (05.02.2012) |
| Република Македонија постигна значаен прогрес во реформите за подготовка на земјата за членство во ЕУ и ЕК ја повтори препораката за почеток на пристапните преговори со Унијата. Сепак, иако спорот за името се уште го попречува стартот на преговорите, земјата треба да продолжи на патот кон ЕУ-интеграцијата за што има силна поддршка од Унгарија, вели во интервјуто за МИА шефот на унгарската дипломатија Јанош Мартоњи. |
| |
„Оксфaм“: Климатските промени ќе ја продлабочат кризата со храната (05.02.2012) |
| Климатските промени ќе станат повидливи кога поплавите и сушите ќе поттикнат раст на цените на прехранбените производи, што ќе создаде зголемување на сиромаштијата, предупреди британската невладина организација „Оксфам“ во пресрет на конференцијата на ОН за климатски промени што започна денеска во јужноафриканскиот град Дарбан. |
| |
ОН ја намали прогнозата на светскиот економски раст (05.02.2012) |
| Обединетите нации денеска ја намалија прогнозата на светскиот економски раст за следната година на 2,6 отсто и предупредија дека должничката криза во еврозоната би можела уште повеќе да ги загрози економските резултати во светот. |
| |
Судот во Хаг утре ќе се изјасни по тужбата на Македонија против Грција (05.02.2012) |
| Меѓународниот суд на правдата во Хаг утре ќе ја објави пресудата по тужбата што ја покрена Македонија против Грција за прекршување на Привремената билатерална спогодба од 1995 година, со блокирањето на македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. |
| |
Србија и Косово се договорија за контрола на граничните премини (05.02.2012) |
| Белград и Приштина се договорија за нормализирање на работата на граничните премини меѓу Србија и Косово, едно од најтешките прашања на дијалогот меѓу двете страни под покровителство на ЕУ. |
| |
Нечас: Еврото нема да пропадне, не треба да заплашуваме со апокалипса (05.02.2012) |
| Чешкиот премиер, Петр Нечас верува дека еврозоната поради актуелната должничка криза нема да се распадне, јави дописникот на МИА од Прага. |
| |
Почина севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил (05.02.2012) |
| Севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил почина од физички и психички премор, соопшти денеска државната телевизија во оваа земја. Средствата за масовно информирање во Северна Кореја денеска Ким Џонг-ун, најмалиот син и наследник на починатиот севернокорејски лидер, за првпат го нарекоа „големиот вожд“ |
| |
Општина Аеродром инвестира милион евра во изградба на воден парк (05.02.2012) |
| Парк на езерата почна да се гради во Општина Аеродром кај спортската сала „Јане Сандански“, до кејот на реката Вардар. Во водениот парк, кој треба да биде готов за четири месеци, општината инвестира 60 милиони денари. |
| |
Седница на Владата, на дневен ред повеќе економски точки (05.02.2012) |
| Предлог-програмата за поттикнување инвестиции во РМ 2011-2014, можностите за зајакнување на технолошката соработка во рамките на кластерите преку формирање регистар на македонски компании со најголем капацитет за иновации и истражување и организирање на обуки на ниво на кластер, како и реализацијата на проектите Вардарска Долина и Даночна академија и можностите за услови за плаќање со кредитна картичка или преку мобилен телефон на сите административни такси, се дел од дневниот ред на денешната редовна седница на Владата. |
| |
Kамен-темелник на нова административна зграда на ЈП „Водовод и канализација“ (05.02.2012) |
| ЈП „Водовод и канализација“ ќе добие нова административна зграда. Во објектот чија изградба почна денеска на истата локација каде беа и времените простории на ова претпријатие под Скопско кале, „Водовод и канализација“ инвестира 610 милиони денари. Рокот за изградба е три години. |
| |
Нови 36 волонтери од САД ќе се приклучат на Мировниот корпус во Македонија (05.02.2012) |
| Со положување свечена заклетва пред амбасадорот на САД Пол Волерс, денеска во село Доброшане, Куманово, 36 американски волонтери на Мировниот корпус ќе ја започнат службата во Република Македонија. |
| |
Венизелос: Предвремени избори во Грција на крајот на април (05.02.2012) |
| Предвремените парламентарни избори во Грција ќе се одржат на крајот на април, соопшти грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос, најавувајќи дека планот за рефинансирање на државниот долгот ќе биде претставен во јануари. - Изборите ќе се одржат по Велигден, на крајот на април, изјави синоќа Венизелос по состанокот на раководството на Сегрчкото социјалистичко движење (ПАСОК), кое е дел од владината коалиција. |
| |
Сикорски: Македонија предолго чека, но Полска е номоќна против грчкото вето (05.02.2012) |
| Република Македонија предолго чека пред вратите на ЕУ, но Полска не може да каже кога Грција ќе го повлече ветото, изјави полскиот министер за надворешни работи Радослав Сикорски, чија земја е актуелен претседавач со ЕУ, на седницата на Комитетот за надворешни работи при Европскиот парламент. |
| |
Груевски: Македонските институции преземаат мерки за намалување на лицата кои бараат азил (05.02.2012) |
| Институциите во Македонија преземаат конкретни чекори за намалување на бројот на лицата кои бараат азил, изјави премиерот Никола Груевски одоговарајќи на новинарски прашања, по посетата на Општата болница во Гостивар. |
| |
Косовскиот муфтија предупреди на засилени активности на исламските екстремисти (05.02.2012) |
| Косовскиот муфтија Наим Тернава побара од безбедносните инситуции подобро да ги контролираат границите, бидејќи смета дека во Косово влегуваат сомнителни лица чија цел е преку верски активности да ги индоктринираат младите со ектремистички дух, јави дописникот на МИА. |
| |
ОН: Сириската армија и полиција извршија злосторства против човештвото (05.02.2012) |
| Комисијата на Обединетите нации за истрага на настаните во Сирија денеска објави дека сириската армија и силите за безбедност извршиле злосторства против човештвото, вклучително убиства, мачења и силувања и оти владата на претседателот Башар ал Асад има одговорност за злосторствата. |
| |
Тадиќ од Косово упати божиќна „порака за мир“ (05.02.2012) |
| Српскиот претседател Борис Тадиќ упати синоќа во Косово „порака за мир“ по повод одбележувањето на божиќните празници на православните христијани. |
| |
Невработеноста во еврозоната и натаму на рекордно ниво (05.02.2012) |
| Стапката на невработеност во 17-члената еврозона во ноември веќе втор месец по ред e на рекордно ниво од 10,3 отсто, покажуваат најновите официјални податоци. |
| |
Ставрески: Подготвени сме за сите сценарија на должничката криза во Европа (05.02.2012) |
| Македонија е подготвена за сите можни сценарија на должничката криза во Европа. Буџетот содржи три сценарија од кои две се експлицитно, а третото имплицитно содржани во него. |
| |
Лавров: Тешко дека ќе има договор со НАТО за ракетниот штит (05.02.2012) |
| Рускиот министер за надворешни работи Сергеј Лавров денеска изјави дека НАТО одбива да даде писмени гаранции дека антиракетниот штит на Алијансата не претставува закана за Русија. |
| |
Бугарија се повлекува од проектот за изградба на нафтоводот „Бургас-Александрополис“ (05.02.2012) |
| Бугарската Влада денеска донесе одлука за повлекување на Бугарија од проектот за изградба на нафтоводот „Бургас-Александрополис“ од Црното до Егејското Море. |
| |
Снегот и ветерот предизвикааа прекини во снабдувањето со струја во повеќе населени места во Македонија (05.02.2012) |
| Поради силниот ветер и врнежите од дожд и снег, денеска жителите од повисоките населени места во Прилепско, Тетовско, Гостиварско, Кумановско и во Могила беа без електрична енергија. Поради дефект на далноводот кој ја снабдува трафостаницата „Битола три“, делови од Битола се повеќе часови без електрична енергија. |
| |
Сарачини: Со конкурентни и иновативни производи да се надмине кризата (05.02.2012) |
| Македонските претпријатија само со конкурентни и иновативни производи можат да ги преживеат сегашните тешки времиња, смета министерот за економија Ваљон Сарачини. |
| |
Вратата на НАТО останува отворена (05.02.2012) |
| Министрите за надворешни работи на НАТО, кои од вчера го почнаа состанокот во седиштето на Алијансата во завршната декларација го осудија насилството кое недоамна се случи против силите на КФОР на Косово, предводени од НАТО. |
| |
Постигнат договор за формирање коалициска влада во Словенија (05.02.2012) |
| Досегашниот градоначaлник на Љубљана и лидер на партијата Позитивна Словенија (ПС), Зоран Јанковиќ синоќа соопшти дека со уште три партии постигнал договор за формирање нова словенечка коалициска влада. |
| |
Бајден: САД се солидарни со Грција (05.02.2012) |
| Американскиот потпретседател Џо Бајден изјави денеска дека Владата на САД е солидарна со Грција. Бајден имаше средба со грчкиот претседател Каролос Папуљас пред да почне со разговори со премиерот Лукас Пападимос и лидерите на партиите од новата коалициска влада. |
| |
Хрватска го потпиша Договорот за членство ЕУ, Црна Гора ќе почне преговори во јуни, а Србија ќе добие кандидатски статус во март (05.02.2012) |
| Хрватска денеска во Брисел го потпиша Договорот за присоединување кон ЕУ, кој ќе и овозможи да стане членка на Унијата во јули 2013 година, откако Хрватите за тоа ќе се произнесат на референдум, а 27-те земји-членки ќе го ратификуваат Договорот. |
| |
Најмалку 89 лица загинаа во пожар во болница во Калкута (05.02.2012) |
| Најмалку 89 лица загинаа денеска во пожар што избувна во една приватна болница во источниот индиски град Калкута, соопштија локалните власти. Меѓу загинатите има најмалку тројца членови на болничкиот персонал, додека сите останати се пациенти во болницата АМРИ, меѓу кои и две деца. |
| |
Жбогар: Решавање на словенечко-хрватскиот спор до 2014. година (05.02.2012) |
| Словенечкиот министер за надворешни работи Самуел Жбогар изјави дека очекува арбитражната постапка за граничниот спор меѓу Словенија и Хрватска во Пиранскиот Залив да биде решен до 2014 година. |
| |
OН ги укинаа санкциите против Либиската централна банка (05.02.2012) |
| Советот за безбедност на Обединетите нации ги укина санкциите против Либиската централна банка и главните инвестициски банки во рамки на напорите да ја олесни ситуацијата во таа земја. |
| |
Бериша: Обединување на Албанија со Косово не е опција (05.02.2012) |
| Албанскиот премиер Сали Бериша изјави дека обединувањето на Албанија со Косово не е опција која се разгледува, истакнувајќи дека интеграцијата во Европската унија, без каква било промена на гранциите, е во најдобар интерес и за двете земји. |
| |
Најмалку двајца загинати во превртена руска нафтена платформа во Охотско море (05.02.2012) |
| Најмалку две лица се удавија, откако руска нафтена платформа со 67 лица се преврте и потона во Охотско море, соопшти Министерството за вонредни ситуации, цитирано од француските медиуми. |
| |
ММФ засега исклучува исплата на нов кредит на Грција (05.02.2012) |
| Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека засега ја исклучува можноста за нова финансиска помош на Грција во форма на позајмици. - Мисијата на ММФ не е дојдена тука за да разговараме за нов кредит, изјави синоќа во Атина шефот на Мисијата на ММФ во Грција, Пол Томсон. |
| |
ММФ: Здравите економски политики ќе и помогнат на Македонија да се заштити од должничката криза во ЕУ (05.02.2012) |
| Здравите севкупни макроекономски политики, нискиот јавен долг и ограничени прекугранични финансиски врски треба да помогнат Македонија да се заштити од влијанието на негативните надворешни услови во Европа. Сепак, властите треба да бидат подготвени да одговорат на забавувањето на растот и зголемените ризици. |
| |
Уапсени 50 лица поради лажирани сообраќајни несреќи (05.02.2012) |
| Во полициска акција утринава уапсени се 50 лица од кои 15-тина се полицајци, поради местење сообраќајни несреќи. Приведените лица, кои се уапсени на повеќе локации во државава, во текот на денот се очекува да бидат изнесени пред истражен судија. |
| |
Нафтата над 100 долари за барел во очекување на состанокот на ОПЕК (05.02.2012) |
| Цената на нафтата на азиските пазари денеска изнесува нешто над 100 долари за барел во очекување дека Организацијата на земји извознички на нафта (ОПЕК) на денешниот министерски состанок најверојатно ќе ги задржи производните квоти на непроменето ниво. |
| |
Камерон не се залага за брзо повлекување на војниците од Авганистан во 2014 година (05.02.2012) |
| Британскиот премиер Дејвид Камерон изјави денеска во Авганистан дека не се залага за нагло повлекување на трупите од таа држава во 2014 година кога истекува договорениот рок и оти сојузниците разговараат кој е најдобриот начин тоа да се направи во следните две години. |
| |
Дачиќ: Патот кон ЕУ како на подвижни скали, никако да се искачиме (05.02.2012) |
| Вицепремиерот на Србија и министер за полиција Ивица Дачиќ изјави денеска дека решавањето на проблемот со Косово и понатаму останува приоритет, но Србија конечно мора да пресече „гордиев јазол“ за ЕУ и Косово. |
| |
Груевски: Оваа година, и покрај предизвиците, беше успешна, остануваме посветени на реформите (05.02.2012) |
| Оваа година, и покрај многу предизвици и проблеми со кои се соочивме, а многу од нив тешко предвидливи, сепак, беше успешна. Се преземаа чекори кои на некој начин решија голем дел од проблемите, рече премиерот и лидер на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, по традиционална годишна средба со лидерите на политичките партии од коалицијата „За подобра Македонија“, на која беа разгледани резултатите и постигнувањата од тековната година, но и за сето она што треба да се реализира во текот на идната година. |
| |
Светот жали поради заминувањето на „големиот Европеец“ (05.02.2012) |
| Официјални претставници од светот, интелектуалци и угледни личности денеска изразија жалење поради смртта на Вацлав Хавел, оддавајќи му признание на поранешниот претседател и некогашен дисидент за придонес кон демократска трансформација во централна и источна Европа и истакнувајќи дека тој беше симбол на револуцијата од 1989 година и модерна Чешка. |
| |
Дачиќ: Одлуките на Советот на Европа водат до поделба на Балканот (05.02.2012) |
| Потпретседателот на Владата на Србија и министер за внатрешни работи, Ивица Дачиќ изјави дека Владата нема никаков таен план за Косово, но дека последните одлуки на Советот на Европа се мошне погрешни и оти водат кон голема и далекусежна поделба на Балканот. |
| |
Свечен собир и откривање споменик на Блаже Конески во МАНУ (05.02.2012) |
| По повод 90-годишнината од раѓањето на првиот претседател на Македонската академија на науките и уметностите Блаже Конески денеска ќе се одржи свечен собир. |
| |
Меркел денеска во Косово во посета на германските војници (05.02.2012) |
| Германскиот канцелар Ангела Меркел денеска ќе ги посети германските војници, стационирани на Косово, изјави портпаролот на германската Влада Штефан Зајберт. |
| |
Рубини: Стегнете ги коланите, следи тешка година (05.02.2012) |
| Стегнете ги коланите, не очекува трнлива година, изјави познатиот економист Нуриел Рубини предвидувајќи дека во текот на 2012 година Европа ќе доживее рецесија, САД слаб раст, а Кина и повеќето екониомии во развој ќе имаат брзо забавување на стопанската експанзија. |
| |
Десет години од постоењето на БРИК (05.02.2012) |
| Економиите на Бразил, Русија, Индија и Кина, по десет години откако главниот економист на „Голдман сакс“ Џим О’Нил ја употреби кратенката БРИК, забележаа раст повеќе од четири пати, а во нив живеат половина од светското население. |
| |
Самуел Жбогар ќе биде именуван за амбасадор на ЕУ во Косово (05.02.2012) |
| Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Самуел Жбогар избран е за амбасадор на Европската унија во Косово, јавија словенечките медиуми повикувајќи се на неименувани извори од МНР во Љубљана. |
| |
Урбанизација и продажба на нови откупно-дистрибутивни центри (05.02.2012) |
| До 21 јануари за Штип и до 26-ти за Демир Капија е рокот за доставување понуди за продажба на локациите за откупно-дистрибутивни центри за земјоделски производи. Во наредните 15 дена ќе следуваат и објави во Свети Николе, Ресен, Чешиново-Облешево и во Валандово, а во јануари и во Кочани, било одлучено на денешната седница на Економскиот совет. |
| |
Бензините поскапуваат за еден, односно 1,5 денари, дизелот поевтинува за денар по литар (05.02.2012) |
| Бензините од ноќеска на полноќ поскапуваат за еден, односно 1,5 денар по литар, а дизел горивата поевтинуваат за еден денар, одлучи денеска Регулаторната комисија за енергетика. |
| |
Техеран прифати посета на експерти на МААЕ, тврдат западни дипломати (05.02.2012) |
| Техеран ја прифати претходно одбиената понуда на официјалните лица на Меѓународната агенција за атомска енергија (МААЕ) да го посетат Иран, изјавија денеска западни дипломати. |
| |
Груевски по вторпат иницира средба со Самарас (05.02.2012) |
| Претседателот на Владата на Република Македонија Никола Груевски денеска со допис се обрати до лидерот на Нова Демократија Андонис Самарас, со кој по вторпат иницира нивна заедничка средба. |
| |
Хрватите ќе испратат 100.000 божиќни картички како поддршка за генералите Готовина и Маркач, осудени од Хашкиот трибунал (05.02.2012) |
| Хрватите се повикани да ја изразат својата поддршка за генералите Анте Готовина и Младен Маркач, осудени за воени злостроства од Меѓународниот трибунал за воени злостроства во поранешна Југославија, со испраќање 100.000 картички со добри желби за Божик и Нова година, соопшти агенцијата Хина. |
| |
Димовски и Коњановски на средби со земјоделците во Штип (05.02.2012) |
| Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство (МЗШВ) денеска организираше „Отворен ден“ со земјоделците од Штип и Лозово. Заинтересираните граѓани од 11 до 16 часот, во просториите на подрачната единица на МЗШВ во Штип разговараа со министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Љупчо Димовски, заменик-министерот Зоран Коњановски и со раководителите на секторите. |
| |
Католични надбискуп загрижен поради засилената исламизација на БиХ (05.02.2012) |
| Надбискупот врхбосански, католичкиот кардинал Винко Пуљиќ изрази загриженост поради, според него, засилената исламизиција на Босна и Херцеговина. |
| |
Почина поранешниот чешки претседател Вацлав Хавел (05.02.2012) |
| Поранешниот претседател на Чешката Република и некогашен дисидент Вацлав Хавел почина во 75-та година од животот, потврди денеска неговиот портпарол Ладислав Спачек. Здравствената состојба на Хавел, кој беше страствен пушач и по долго лекување во 1996 година го победи ракот на белите дробови, за жал, во последните месеци забележливо се влоши |
| |
Бројот на невработени во Грција во ноември се зголеми за 14,9 отсто (05.02.2012) |
| Бројот на регистрирани невработени лица во Грција во ноември се зголемил за 14,9 проценти, или нови 88.392 неврабитени лица во споредба со истот месец од минатата година, соопшти АНА-МПА. Бројот на невработени во ноември се зголемил за 3,21 проценти во однос на октомври. |
| |
Жак Ширак осуден на две години условна казна затвор (05.02.2012) |
| Поранешниот француски претседател Жак Ширак е осуден на две години условна казна затвор во аферата со лажни фиктивни вработувања во градската администрација на Париз, додека тој беше градоначланик на француската престолнина. |
| |
СТО го одобри приемот на Русија во свое членство (05.02.2012) |
| Светската трговска организација (СТО) денеска одобри Русија да стане најновата членка, што, меѓудругото, ќе и користи на забавената економија на најголемиот руски трговски партнер -Европската унија. |
| |
Венизелос предупреди дека договорот за вториот спасувачки кредит за Грција не може повторно да се договара (05.02.2012) |
| Грчкиот министер за финансии Евангелос Венизелос изјави дека „нема поле за повторно договарање“ на спогодбата за вториот спасувачки заем за Грција во износ од 130 милијарди евра. |
| |
„Стандард енд пурс“: Германија ќе има највисок кредитен рејтинг и во случај на рецесија (05.02.2012) |
| Германија ќе го задржи највисокиот кредитен рејтинг дури и ако годинава дојде до рецесија, изјави денеска директорот на агенцијата „Стандард енд пурс“ задолжен за рејтинзите на европските земји, Мориц Кремер. |
| |
Бугарски земјоделци со трактори влегоа во Софија (05.02.2012) |
| Околу 170 бугарски земјоделци во текот на ноќта со своите трактори влегоа во Софија, протестирајќи заради намалувањето на аграрниот буџет и барајќи оставка од министерите за финансии и за земјоделство, Симеон Ѓанков и Мирослав Најденов. |
| |
Економскиот совет разгледа пакет од 50 нови мерки за продолжување на економските реформи (05.02.2012) |
| Економскиот освет на седницата што се одржа денеска во Владата, разгледа пакет од педесетина нови мерки со кои треба да продолжат реформите во економската сфера, со цел унапредување на условите за водење бизнис, согласно индикаторите за „Дуинг бизнис“ на Светска банка. |
| |
Албанското обвинителство побара затворска казна за поранешниот премиер Илир Мета (05.02.2012) |
| Албанското обвинителство побара двегодишна казна затвор по обвиненија за корупција за поранешниот премиер на Албанија Илир Мета, чија оставка од друга должност предизвика сериозна политичка криза во земјата минатата година. |
| |
Најмалку 25 загинати при бомбашки напад во Дамаск (05.02.2012) |
| Најмалку 25 лица загинаа, а 46 други се повредени денеска во центарот на сирискиот главен град Дамаск, кога бомбаш-самоубиец го активирал експлозивот што го носел со себе додека крај него минувал автобус кој превезувал полицајци. |
| |
Грција денеска почна нови преговори со меѓународните кредитори за вториот спасувачки пакет (05.02.2012) |
| Грција денеска почна нови преговори со меѓународните кредитори за вториот спасувачки пакет, договорен пред две недели, што се уште не е финализиран, за да се зачува платежната способност на оваа земја западната во должничка криза. |
| |
Марио Драги: Повлекувањето од еврозоната не ги решава проблемите на земјите должници (05.02.2012) |
| Повлекувањето на некоја од земјите-членки од еврозоната, не ги решава нивните проблеми со долговите, бидејќи оној што ќе си замине за да ја избегне должничката криза, потоа ќе се соочи со уште полоша ситуација, изјави претседателот на Европската Централна банка (ЕЦБ), Марио Драги. |
| |
ММФ и додели 507 милиони евра на Романија (05.02.2012) |
| Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) соопшти дека и доделил 507 милиони евра на Романија, која во моментов ја одбива сумата и претпочита да ја чува во резерва. ММФ соопшти дека нивниот административен совет дал зелено светло за исплаќање на сумата на официјален Букурешт во рамки на заемот од 3,6 милијарди евра, што беше одобрен во март. |
| |
Хоџај: Не прифаќаме никаква етничка поделба на Косово (05.02.2012) |
| Министерот за надворешни работи на Косово Енвер Хоџај изјави дека Приштина не прифаќа никаква етничка поделба на Косово и таквите предлози ги нарече идеи од времето на Слободан Милошевиќ. |
| |
Дачиќ: Србија може да се надева на добри вести за евроинтегративниот процес (05.02.2012) |
| Српскиот вицепремиер и министер за внатрешни работи Ивица Дачиќ денеска во Брисел изјави дека Србија може да очекува добри вести во врска со кандидатскиот статус за членство во ЕУ. |
| |
Почнува „Анимакс Скопје Фест“ (05.02.2012) |
| Со прикажување на францускиот филм „Бабел“ на Хендрик Дусолие во киното „Фросина“ вечер официјално ќе биде отворен првиот македонски интернационален фестивал за анимиран филм „Анимакс Скопје Фест“. |
| |
Оливиер Ребeлник: Со пресудата во Хаг Грција го загуби својот образ (05.02.2012) |
| Пресудата на Меѓународниот суд на правдата дека Грција ги прекршила своите обврски согласно Спогодбата од 1995 година со тоа што ја попречила можноста Македонија да стане членка на НАТО е многу јасна. Пресуда на меѓународното право секогаш има и меѓународно политичко значење и важност и затоа ЕУ и НАТО сега треба да и извршат притисок на Грција да ги промени своите гледишта. |
| |
Палестинско знаме првпат се развиори во седиштето на УНЕСКО во Париз (05.02.2012) |
| Палестинско знаме беше издигнато првпат во седиштето на УНЕСКО во Париз, каде Палестинската автономна управа на 31 октомври беше примена како полноправна членка и покрај противењето на САД и Израел. |
| |
Франција бара казна за „Стандард енд Пурс“ во врска со грешката во оценка на кредитниот рејтинг (05.02.2012) |
| Францускиот министер за финансии Франсоа Бароен изјави дека агенцијата за оценка на кредитниот рејтинг „Стандард енд Пурс“ треба да биде казнета, откако испрати погрешна електронска порака во која се наведува дека највисокиот рејтинг на Франција е намален. |
| |
ЕЦБ може повторно да ја намали каматната стапка следниот месец (05.02.2012) |
| Европската централна банка веројатно повторно ќе ја намали каматната стапка доколку економската состојба не се подобри, пишува денеска белгискиот весник „Де Тијд“, повикувајќи се на изјава на членот на Советот на управата на ЕЦБ, Лук Коен. |
| |
Концерт на пијанистот Кристијан Каровски на Есенските музички свечености (05.02.2012) |
| Во рамки на Есенските музички свечености, вечер во Музеј на Град Скопје концерт ќе одржи пијанистот Кристијан Каровски, кој ќе изведе дела од Чајковски, Шопен, Дебиси и Равел. |
| |
Приштина се извини за палењето на македонското знаме (05.02.2012) |
| Министерството за внатрешни работи на Косово го осуди палењето на македонското знаме за време на фудбалски натпревар во Качаник, како и истакнувањето на транспарентот - „2012 не е крај на светот, туку крај за Македонија“. |
| |
Десетици илјади луѓе протестираат во сирискиот град Хомс (05.02.2012) |
| Сириските сили за безбедност употребуваат солзавец за да ги запрат десетиците илјади демонстранти, кои се упатија кон центарот на градот Хомс, соопшти Сирискиот центар за набљудување на човековите права. |
| |
Работната група на ЕП за Балканот бара ЕУ да ги прифати препораките на Еврокомисијата (05.02.2012) |
| Членовите на Европарламентот во целост ги поддржуваат препораките на Европската комисија за следните чекори во насока на поблиска соработка на земјите од Западен Балкан и ЕУ и ги повикуваат сите држави на Унијата да го сторат истото, се вели во заедничко соопштение на Работна група на ЕП за Балканот. |
| |
„Хипо“ банката се повлекува од пазарите на поранешна Југославија (05.02.2012) |
| Претседателот на Управниот одбор на австриската банка „Хипо Алпе Адрија“ Готвалд Кранебитер изјави во интервју за австрискиот неделник „Тренд“ дека банката ќе се повлече од земјите на поранешна Југославија. |
| |
Груевски: Очекуваме германски и австриски инвестиции (05.02.2012) |
| Премиерот Никола Груевски и владиниот економски тим го завршија роуд шоуто во Австрија и Германија. Задоволни од презентациите и поединечните средби одржани во Виена, Михен и Дизелдорф. Очекуваат дел од компаниите со кои се сретнаа во наредната година да почнат реализација на своите инвестиции во Македонија. |
| |
Канческа-Милевска во посета на Домот за деца без родители „11 Oктомври“ (05.02.2012) |
| Министерката за култура Елизабета Канческа-Милевска денеска ќе го посети Домот за деца без родители „11 Oктомври“. Канческа-Милевска ќе ги посети 160-те деца од оваа установа, како и од Јавната установа за згрижување деца со воспитно-социјални проблеми „25 Мај“ и СОС Детското Село и ќе им подари билети за новогодишниот концерт на Ансамблот за народни игри и песни „Танец“, како и за претстави на Македонскиот народен театар и Театарот за деца и младинци. |
| |
Подобрување на извозот преку конкуретни производи и реиндустријализација (05.02.2012) |
| Владата и бизнис заедницата заеднички ќе работат на унапредување на извозот преку имплементација на стратегии и создавање на конкурентни производи. Тие денеска на седмата конференција за унапредување на извозот што ја организира Министерството за економија разговараа за натамошните активности што би требало да се реализираат на овој план. |
| |
„Стандард и Пурс“ ги намали кредитните рејтинзи на најголемите американски банки (05.02.2012) |
| Меѓународната агенција за одредување кредитни рејтинизи „Стандад и Пурс“ синоќа ги намали кредитните рејтинзи на најголемите банки во САД. За по еден индексен поен „Стандард и Пурс“ ги намалени рејтинзите на „Банката на Америка“, „Голдман Сакс“, „Морган Стенли“, „Ситгруп“, „Џеј-Пи Морган“ и на „Велс Фарго“, што резултираше со пад на вредноста на нивните акции на Њујоршката берза за меѓу 0,3 и еден отсто. |
| |
Љубе Бошкоски осуден на седум години затвор (05.02.2012) |
| Кривичниот совет на Основниот суд Скопје 1 денеска му изрече седумгодишна затворска казна на лидерот на Обединети за Македонија и поранешен министер за внатрешни работи Љубе Бошкоски поради незаконско финансирање на предизборната кампања и злоупотреба на службената положба. |
| |
НАСА потврди дека надвор од нашата галаксија се откриени две планети колку Земјата кои се вртат околу ѕвезда слична на Сонцето (05.02.2012) |
| Американската вселенска агенција НАСА потврди дека надвор од Сончевиот систем се откриени две планети (егзопланети), кои се еднакви со големината на Земјата, кои се вртат околу ѕвезда слична на Сонцето. |
| |
Истражување: Бугарија, Русија, Романија и други нелегално извезувале оружје во поранешна Југославија за време на конфликтот (05.02.2012) |
| Голем број земји меѓу се осомничени дека учествувале во шверц на оружје во поранешна Југославија, за време на конфликтите во оваа земја во текот 90-те години, покажа истражувањето на екипа словенечки новинари. |
| |
Македонија го одбележува Меѓународниот ден на лицата со хендикеп (05.02.2012) |
| Во Македонија денеска се одбележува Меѓународниот ден на лицата со хендикеп - 3 декември. По тој повод министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски ќе се обрати во Домот на хуманитарни организации „Даре Џамбаз“, а министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески ќе ја посети организацијата „Полио плус“. |
| |
Иранскиот верски лидер се дистанцира од нападите врз британската амбасада, Париз времено го намалува дипломатскиот персонал во Техеран (05.02.2012) |
| Високиот ирански верски лидер Насер Макрем Ширази се дистанцираше денеска од нападот на британската амбасада, оценувајќи дека „младите револуционери треба да го почитуваат законот“. |
| |
Иванов: Македонија во 2012 влегува сигурна во себе дека ќе ги оствари стратешките цели (05.02.2012) |
| Во 2011 успешно се соочивме со предизвиците. Иако патот кон стратешките цели - членството во НАТО и ЕУ, остана блокиран, нема место за обесхрабрување, Македонија во новата 2012 година влегува сигурна во себе дека ќе ги оствари поставените цели, вели во новогодишното обраќање претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. |
| |
Хуманитарен концерт во СЦ „Борис Трајковски“ (05.02.2012) |
| Пеачи од македонската естрада синоќа настапија на хуманитарен концерт во спортскиот центар „Борис Трајковски“. Средствата собрани од продажбата на влезниците се наменети за Детската клиника-Козле и Домот за деца без родители „11 Октомври“. |
| |
Продажбите на оружје во САД достигнаа нов историски максимум на „црниот петок“ (05.02.2012) |
| Продажбите на оружје во САД достигнаа нов историски рекорд, зголемувајќи се за 29 отсто за време на „црниот петок“, кога започна сезоната на божиќното и новогодишното пазарување. |
| |
ЦЕБР: Грција оваа година ќе се повлече од еврозоната (05.02.2012) |
| Британскиот Центар за економски и бизнис истражувања (ЦЕБР) тврди дека Грција оваа година ке се повлече од зоната на единствената европска валута и еврото ке го замени за својата поранешна драхма, јави дописникот на МИА од Лондон. |
| |
За енергенси во 2012 година ќе се потрошат околу 650 милиони евра (05.02.2012) |
| Македонија во 2012 година од домашни извори ќе обезбеди 54 отсто од вкупните потреби за енергија, а 46 проценти од увоз за што ќе потроши околу 650 милиони евра. Вкупната потрошувачка на енергија во 2012 година во однос на 2011 ќе биде поголема за 4 отсто. За 2,2 проценти ќе се троши повеќе струја, за 10,1 отсто повеќе природен гас и за 4,8 проценти повеќе нафтени деривати. |
| |
Двајца грчки обвинители одлучија да ја продолжат „војната“ против финансиски криминал во државата (05.02.2012) |
| Двајца грчки обвинители кои претходната недела поднесоа оставки во знак на несогласување заради политички притисок, одлучија да останат на функциите и ветија продолжување на „војната“ против финансискиот криминал. |
| |
Ристовски: Ќе вложиме максимални напори за подобрување на состојбата на лицата со хендикеп (05.02.2012) |
| Прашањето на инвалидност е прашање на право, а не на проценка. Овој пристап се наоѓа и во суштината на Конвенцијата на ОН и во актуелната политика што ја креира Министерството за труд и социјална политика, изјави ресорниот министер Спиро Ристовски на одбележувањето на Меѓународниот ден на лицата со хендикеп. |
| |
Три милиони Грци на работ на сиромаштијата (05.02.2012) |
| Околу една петина од населението на Грција (20,1 отсто) е на работ на сиромаштијата. Тоа го покажува истражувањето на приходите и условите за живот во земјата во 2010 година, извршено од грчката статистичка служба Елстат. |
| |
Намален бројот на барања за азил од Македонија во Белгија (05.02.2012) |
| Минатиот месец азил во Белгија побарале 36 лица од Македонија, што е двојно помалку од септември, информираат од Македонската амбасада во Кралството Белгија. |
| |
Судот во Хаг на 5 декември ќе се изјасни за тужбата на Македонија против Грција (05.02.2012) |
| Меѓународниот суд на правдата во Хаг на 5 декември ќе ја објави пресудата по тужбата на Македонија против Грција за прекршување на Привремената билатерална спогодба од 1995 година, со блокирањето на македонскиот прием во НАТО на Самитот во Букурешт во 2008 година. |
| |
Истекува рокот на Арапската лига за Сирија (05.02.2012) |
| Сирија денеска мора да одлучи дали ќе прифати набљудувачи во својата земја, последната шанса што и ја понуди Арапската лига, или кон режимот во Дамаск ќе бидат воведени санкции заради насилството врз антивладините демонстранти, изјави министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу. |
| |
Промовирана Даночна академија на Управата за јавни приходи (05.02.2012) |
| Вработените во Управата за јавни приходи и во други државни институции, како и даночните обврзници, ќе ги унапредуваат знаењата преку обуки во нов едукативен центар на УЈП - Даночна академија, која од средината на 2013. треба да прерасне во место во кое ќе се едуцира даночната администрација од регионот на Југоисточна Европа. Почетокот со работа го означија денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и директорот на УЈП Горан Трајковски кои потпишаа повелба за функционирање на академијата кој го одржа првиот час |
| |
Притворени 87 вработени на патарините (05.02.2012) |
| Полицијата во рамки на продолжението на акцијата „Змиско око“ откри организирана криминална група од 92 лица, од кои 88 инкасанти, а останатите раководители или нивни заменици, во одделението за наплата во ЈП „Македонија пат“, кои противправно присвојувале пари со фалсификувани фискални сметки од наплатата на патарините на Коридорот 10, Табановце - Гевгелија. |
| |
„Викиликс“ продолжува со работа (05.02.2012) |
| Интернет страницата „Викиликс“ соопшти дека продолжува со објавување содржини, откако престана со работа во октомври поради недостиг на средства. Организацијата соопшти дека ќе продолжи со објавување на документи со информации кои откриваат начини на кои владите ги шпионираат своите граѓани благодарение на поддршката од експерти специјализирани за контролни системи. |
| |
Арапската лига го продолжи ултиматумот на Сирија до крајот на денот (05.02.2012) |
| Сирија денеска мора да одлучи дали ќе прифати набљудувачи во својата земја, последната шанса што и ја понуди Арапската лига, или кон режимот во Дамаск ќе бидат воведени санкции заради насилството врз антивладините демонстранти, изјави министерот за надворешни работи на Турција Ахмет Давутоглу. |
| |
Ставрески: Растот од 3 отсто што го прогнозира НБРМ највисок во регионот (05.02.2012) |
| Добро е тоа што и Народна банка верува дека следната година ќе имаме значаен економски раст. Предвидените три проценти се највисоки во регионот, изјави денеска вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески, коментирајќи ги проекциите на НБРМ за три процентен раст на македонската економија во 2012 година, наспроти владините од 4,5 проценти. |
| |
Мониторинг на локалната самоуправа во Македонија (05.02.2012) |
| Делегација на Конгресот за локални и регионални власти на Советот на Европа, од денеска до 7 декември ќе престојува во Македонија во мониторинг мисија на локалната и регионалната демократија. |
| |
Попоски пред Европскиот парламент: Сакаме да започнеме преговори за членство (05.02.2012) |
| Пред вас сум бидејќи Република Македонија сака да стане членка на Европската унија. Ние сме дел од Европа и правиме се што можеме да се приближиме кон Европа. Ние сме кандидати за членство од пред шест години и сакаме да зпочнеме преговори. Ова го истакна шефот на македонската дипломатија Никола Попоски на почетокот од обраќањето пред Комисијата за надворешни работи на Европскиот парламент. |
| |
Зголемувањето на резервите во САД ги намали цените на нафтата (05.02.2012) |
| Цената на нафтата на азиските пазари денеска се намали на близу 99 долари за барел по објавувањето на извештајот дека резервите во САД се зголемени над очекуваното ниво, што покажува пад на побарувачката. |
| |
Владин тим во Јапонија ги презентира можностите за инвестирање во Македонија (05.02.2012) |
| Владината делегација предводена од премиерот Никола Груевски денеска на бизнис форум во Токио што го организираше Јапонската надворешна трговска организација (ЈЕТРО), ги претстави можностите и поволностите за инвестирање во Македонија. |
| |
Санадер пуштен да се брани од слобода (05.02.2012) |
| Поранешниот хрватски премиер и шеф на ХДЗ Иво Санадер денеска е пуштен да се брани од слобода. Откако во австриските и хрватските затвори одлежа повеќе од една година, Санадер, со одлука на Жупанискиот суд во Загреб, е пуштен од затворот во Реметинец да се брани од слобода. |
| |
Во тропската бура на Филипините досега 200 жртви и 400 исчезнати (05.02.2012) |
| Во поплави и лизгање на земјиште предизвикани од тропска бура која го зафати филипинскиот остров Минданао, животот го загубија речиси 200 лица, а 400 се водат како исчезнати, соопштија денеска филипински официјални претставници. |
| |
Крак од Јужен тек ќе минува низ Македонија (05.02.2012) |
| Нацрт спогодбата за Јужен тек со кој еден крак ќе поминува низ територијата на Република Македонија ќе биде доставен до македонската страна до крајот на годината. |
| |
Ден на дрвото - „Садиме денес, пишуваме и праќаме писмо на мирот“ (05.02.2012) |
| Под мотото „Садиме денес-пишуваме и праќаме писмо на мирот“ денеска на 400 локации низ Македонија беа засадени 5,7 милиони садници во рамки на есенската акција „Ден на дрвото - засади ја својата иднина!“. Во осмата акција дрвца се садеа во близина на населените места, природните и вештачките езера, во националните паркови и покрај регионалните и локалните патишта и на граничните премини. |
| |
Најмалку 20 убиени при гранатирање на Хомс, тврди локалното население (05.02.2012) |
| Најмалку 20 луѓе загинаа денеска, според изјавите на локалното население, кога сириските безбедносни сили со тенкови ги нападнаа противниците на претседателот Башар ал Асад во Хомс, само еден ден пред пристигнување на набљудувачите на Арапската лига во овој град. |
| |
Бројот на жртвите од поплавите на Филипините се зголеми на 1.500 лица (05.02.2012) |
| Бројот на загинатите во поплавите, кои однесоа цели населени места во јужните реони на Филипините, достигна 1.500 луѓе, откако властите ја проширија потрагата по жртви. |
| |
Можно е „Јужен поток“ да добие стаус на „Транс европска мрежа“ (05.02.2012) |
| Европската комисија ќе ја разгледа можноста на гасоводот „Јужен поток“ да му го додели статусот на „Транс европска мрежа“ (ТЕН), најави рускиот министер за енергетика Сергеј Шматко. |
| |
Нова странска директна инвестиција од 2 милиона евра во oпштина Илинден (05.02.2012) |
| Холандската компанија „Хавеп Импех“ ќе инвестира два милиони евра во производство на професионална, индустриска и заштитна облека во општината Илинден, кај Скопје. Договорот денеска ќе биде потпишан со градоначалникот на општината Жика Стојановски. |
| |
Груевски-Огата: Постои огромен, неискористен потенцијал за соработка меѓу Македонија и Јапонија (05.02.2012) |
| Билатералните односи меѓу Македонија и Јапонија ги карактеризира пријателство и меѓусебно разбирање, но постои огромен, неискористен потенцијал за натамошно унапредување и продлабочување на соработката во сите области, особено во економската. |
| |
Украина нема да отстапи од националните интереси во преговорите со Русија за испорака на гас (05.02.2012) |
| Украина ќе ги штити своите национални интереси во преговорите со Русија за обезбедување на евтина испорака на рускиот природен гас, изјави денеска украинскиот министер за енергетика Јуриј Бојко. |
| |
Мини-самит Меркел-Саркози-Монти во Стразбур (05.02.2012) |
| Лидерите на трите најголеми економии во евро зоната, германскиот канцелар Ангела Меркел, францускиот претседател Никола Саркози и италијанскиот премиер Марио Монти денеска во Стразбур одржуваат мини-самит посветен на спасувањето на еврото. |
| |
Воздухот во Скопје опасен за здравјето - да се избегнува престој на отворено (05.02.2012) |
| Граѓаните на Скопје да го сведат на минимум престојот на отворено, а хронично болните да се придржуваат до препораките од лекарите поради нарушениот квалитет на амбиенталниот воздух на подрачјето на градот, препорачуваат градските власти. |
| |
Во серија бомбашки напади во Багдад убиени 57 лица (05.02.2012) |
| Во серија бомбашки напади, кои рано изутринава го потресоа Багдад, се убиени 57 лица, а најмалку 170 се повредени, соопшти портпаролот на ирачкото Министерство за здравство Зијад Тарек. Во Багдад изутринава одекнаа десет експлозии, а некои медиуми објавија за најмалку 12 експлозии во девет, главно шиитски квартови на главниот град. |
| |
Палестинскиот претседател и лидерот на Хамас се договорија за избори во мај 2012 година (05.02.2012) |
| Палестинскиот претседател Махмуд Абас и лидерот на Хамас, кој е во егзил, Халед Мешаал се договорија денеска да организираат избори, кои одамна требаше да се одржат, во мај следната година. |
| |
Пападимос: Грција е решена да остане во еврозоната (05.02.2012) |
| Грција е решена да остане во еврозоната, наведува грчкиот премиер Лукас Пападимос во своето писмо до раководителите на Европскиот совет, Еврогрупата, Европската централна банка, Европската комисија и Меѓународниот монетарен фонд, објави елекронското издание на грчкиот весник „Етнос“. |
| |
Вељаноски гостин на дебатата за пратенички прашања во Долниот дом на британскиот Парламент (05.02.2012) |
| Претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски денеска ја завршува тридневната посета на Велика Британија. На третиот ден од престојот во Лондон, Вељаноски е гостин на дебатата во Долниот дом на британскиот Парламент, со која раководи спикерот Џон Беркоу. |
| |
Нова рунда преговори Белград-Приштина: Србија очекува договор за премините, Косово почитување на суверенитетот (05.02.2012) |
| Шефот на српскиот преговарачки тим Борислав Стефановиќ изјави дека на денешните разговори меѓу Белград и Приштина ќе биде вложен напор за постигнување договор за регионалното претставување на Косово и за решавање на прашањето со граничните премини. |
| |
Велика Британија ја затвори амбасадата во Техеран и му нареди на Иран да ја затвори својата во Лондон (05.02.2012) |
| Велика Британија ја затвори амбасадата во Техеран, по вчерашниот напад на амбасадата од страна на демонстрантите. Освен тоа, Лондон му наложи на Иран да ја затвори својата амбасада во Лондон и им нареди на сите ирански дипломати да ја напуштат земјата. |
| |
Бан загрижен поради влошувањето на безбедноста на Косово (05.02.2012) |
| Генералниот секретар на Обединетите нации Бан Ки-мун изрази загриженост поради влошувањето на безбедносната ситуација на Косово, нагласувајќи дека бројот на насилните инциденти против српското население е зголемен по обидот на косовските власти да воспостават контрола врз граничните премини во северно Косово. |
| |
Јанкулоска и Дачиќ потпишаа договор за полициска соработка (05.02.2012) |
| Министрите за внатрешни работи на Македонија и на Србија, Гордана Јанкулоска и Ивица Дачиќ денеска на маргините од дводневната Регионална конференција на министри за внатрешни работи и за правда на земјите од Југоисточна Европа, што се одржува во Белград, го потпишаа билатералниот Договор за полициска соработка. |
| |
СБ одделува 500 милиони долари кредит на Филипините за да се справат со последиците од тропската бура (05.02.2012) |
| Светската банка оддели 500 милиони долари кредит на Филипините поради катастрофалната бура Ваши, која го однесе животот на 1.200 лица. |
| |
Министерката Јанкуловска ќе присуствува на јавната расправа за Предлог-законот за обезбедување лица и имот (05.02.2012) |
| Министерката за внатрешни работи Гордана Јанкуловска денеска ќе присуствува на јавната расправа за Предлог-законот за обезбедување лица и имот. На трибината ќе учествуваат претставници од МВР, агенциите за обезбедување, фирми кои имаат сопствено обезбедување и експерти. Ќе се разговара за значењето на новото предлог - решение и новините кои произлегуваат од него. |
| |
Американските конгресмени против понатамошното трошење пари за Ирак (05.02.2012) |
| Американските конгресмени се спротиставија на предлогот на Стејт департментот за обука на ирачките полицајци за следната година да се издвојат 887 милиони долари, оценувајќи дека тоа е „дупка без дно“. |
| |
Министерот Попоски на конференција на Франкофонијата во Париз (05.02.2012) |
| Шефот на македонската дипломатија Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на Министерската конференција на Франкофонијата, што се одржува во Париз. На Конференцијата, претставниците на 56-те земји-членки на Франкофонијата ќе разговараат за актуелните настани во одделни франкофонски земји кои се наоѓаат во кризна состојба или во состојба на излез од криза, како и за реетаблирање на демократијата во тие земји. |
| |
Македонската бизнис заедница реагира до меѓународните фактори против грчките транспортни блокади (05.02.2012) |
| Македонската бизнис заедница деновиве со протестна нота реагира до меѓународните фактори во Европа и светот со барање за конечно ставење крај на многубројните транспортни блокади, што Грција ги поставува на граничните премини со нашата земја, а кои веќе подолго време нанесуваат огромни финансиски штети на македонската економија, но и на регионот во целост. |
| |
Mеѓународна конференција „Пристојна работа за Ромите“ (05.02.2012) |
| Министерот за труд и социјална политика Спиро Ристовски денеска ќе ја отвори меѓународната конференција за вработување „Пристојна работа за Ромите“ организирана во рамките на претседателствувањето со „Декадата на Ромите“ на Република Македонија. |
| |
Коњановски: Откупот на тутунот без проблеми, задоволни и производителите и компаниите (05.02.2012) |
| Нема проблеми при откупот на тутунот. Досега се преземени речиси 20 проценти од реколтата тешка околу 18.000 тони, а исплатата се одвива непречено, согласно договорите. Од целиот процес, но и од квалитетот на родот се задоволни двете страни, и производителите и компаниите, констатира заменик министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство Зоран Коњаноски кој денеска во придружба на претставници од Државниот земјоделски инспекторат ги посети откупните пунктови во Прилеп. |
| |
Турција најавува санкции против Франција, Париз ги отфрла како „лекомислени закани“ (05.02.2012) |
| Турскиот премиер Реџеп Таип Ердоган се закани со воведување етапни санкции кон Франција, доколку денеска француското Национално собрание го усвои Предлог-законот со кој се предвидува казнување на лицата кои ќе го негираат „геноцидот врз Ерменците“ во Отоманската Империја во 1915 година. |
| |
За повеќе инвестиции ЦЕФТА регионот да ја подобри бизнис климата (05.02.2012) |
| Износот на германските инвестиции во земјите од ЦЕФТА регионот може да се зголеми со поголемо партнерство и соработка меѓу малите и средни компании. Германските инвеститори сакаат да вложуваат во држави со подобра бизнис клима во делот на административните процедури и сертифицирањето, без ризични зделки и без корупција. |
| |
Човечка грешка причина за бродоломот на „Коста Конкордија“, според шефот на компанијата сопственик (05.02.2012) |
| Претседателот на Управниот совет и извршен директор на компанијата „Коста Крочере“, Пјер Луиџи Фоски изјави дека човечка грешка од страна на капетанот е причина за насукувањето на карпа на луксузниот брод „Коста Конкордија“. |
| |
Ослободени тројца пратеници на „Самоопределување“ по дадените изјави во полиција (05.02.2012) |
| Тројца пратеници од опозициската косовска парламентарна партија „Самоопределување“, кои синоќа беа приведени за време на протестот кај преминот Бела Земја, ослободени се откако дале изјава во полицијата во Гњилане. |
| |
Околу 30 лица се ранети во судирите во Букурешт (05.02.2012) |
| Околу 30 лица се ранети синоќа во Букурешт за време на протестите против владините мерки за штедење, кои преминаа во судири, изјавија медицински претставници. |
| |
Грчките банки ги продаваат филијалите во Турција и во Романија (05.02.2012) |
| Најголемата грчка комерцијална банка „Национална банка на Грција“ (НБГ) и АТЕ Банка објавија дека ги продаваат своите филијали во Турција и во Романија. |
| |
Меѓународен форум - Бизнис релациите со Израел можност за полесно надминување на кризата (05.02.2012) |
| Израел е држава од која македонските компании може многу да научат. Тоа е економија базирана на знаење, на нови технологии и постои простор за соработка. |
| |
Свечен собир по повод 80-годишнината од раѓањето на Анте Поповски (05.02.2012) |
| Во Друштвото на писатели на Македонија денеска се одржа свечен собир по повод 80-годишнината од раѓањето на Анте Поповски, академик, еден од најзначајните поети во современата македонска литература, врвен есеист и интелектуалец. |
| |
Собранието ќе продолжи со расправата за минимална плата (05.02.2012) |
| Пратениците денеска ќе продолжат со расправа за Предлог-законот за минимална плата во Република Македонија, во прво читање во рамки на 16. седница. Предлог-законот што пред два месецa го договорија Владата, синдикатите и работадавачите предвидува износот на најниската плата да не биде помал од 8.050 денари нето, односно 12.235 денари бруто. |
| |
Отворени денови на Министерството за земјоделство во Ресен и Демир Хисар (05.02.2012) |
| Во рамки на отворените денови со граѓаните претставници на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство предводени од заменик-министерот Зоран Коњановски во Ресен имаа средба со земјоделците од оваа општина. |
| |
Нечас: Еврото нема да пропадне, не треба да заплашуваме со апокалипса (05.02.2012) |
| Чешкиот премиер, Петр Нечас верува дека еврозоната поради актуелната должничка криза нема да се распадне, јави дописникот на МИА од Прага. |
| |
Јужна Кореја и САД ќе потпишат нов план за соработка при евентуални провокации од страна на Пјонгјанг (05.02.2012) |
| Јужнокорејските и американски вооружени сили ќе потпишат нов план за соработка, со цел да бидат во состојба на подготвеност да одговорат на евентуален напад од страна на Северна Кореја, соопштија властите во Сеул. |
| |
Продолжуваат немирите во Каиро (05.02.2012) |
| Приближно 80 луѓе беа повредени во текот на вчерашниот ден при судири меѓу демонстрантите и египетските безбедносни сили на плоштадот „Тахрир“ во Каиро. Инцидентот се случи на единаесетиот ден од протестите кога младите луѓе почнале да фрлаат молотови коктели врз безбедносните сили. |
| |
Двајца загинати при земјотрес во Мексико (05.02.2012) |
| Најмалку две лица загинаа при земјотрес со интензитет од 6,7 степени според Рихтеровата скала што минатата ноќ го погоди западниот дел на Мексико.Како што соопшти Американскиот геолошки институт, епицентарот на потресот бил 65 киломтри под површината на Земјата, на 35 километри јужно од градот Телолапан, кој се наоѓа меѓу Мекиско Сити и популарното летувалиште Акапулко. |
| |
Предлог законот за минимална плата на собраниска седница (05.02.2012) |
| Во рамките на продолжението на 16. седница на Собранието денеска пратениците ќе расправаат за Предлог на закон за минимална плата во Република Македонија, во прво читање. |
| |
Париз и Берлин бараат нов договор за ЕУ (05.02.2012) |
| Франција и Германија бараат 27-те земји-членки на ЕУ да склучат нов договор или тоа барем да го сторат 17-те членки на еврозоната, изјави францускиот претседател Никола Саркози по денешната средба со германската канцеларка Ангела Меркел во Париз. |
| |
Очекувани изборни резултати во Хрватска, Милановиќ иден премиер (05.02.2012) |
| Резултатите од парламентарните избори во Хрватска и победа на „Кукурику“ коалицијата се малку или повеќе очекувани, така што хрватските медиуими во првите постизборни извештаи донесоа однапред подготвена, и многу добро разработена постизборна комбинаторика. |
| |
Хрватска го потпиша Договорот за присоединување кон ЕУ (05.02.2012) |
| Хрватска денеска во Брисел го потпиша Договорот за присоединување кон ЕУ, кој ќе и овозможи да стане членка на Унијата во јули 2013 година, откако Хрватите за тоа ќе се произнесат на референдум, а 27-те земји-членки ќе го ратификуваат Договорот. |
| |
Вјекослав Беванда избран за премиер на БиХ (05.02.2012) |
| Претставничкиот дом на Парламентарното собрание на Босна и Хрецеговина денеска го избра економисот Вјекослав Беванда за претседател на Советот на министри на БиХ. „За“ изборот на Беванда гласа 31 од 36-те присутни пратеници на седницата, двајца беа „против“, а тројца се воздржаа од гласање. |
| |
Нафтените деривати поевтинуваат за еден денар (05.02.2012) |
| Mалопродажните цени на бензините и дизелот од ноќеска на полноќ се намалуваат за еден денар. |
| |
Истекува рокот за понуди на тендерот за автопатoт Демир Капија - Смоквица (05.02.2012) |
| Денеска истекува рокот за доставување понуди на тендерот за избор на изведувач на градежните работи за изградба на автопатната делница Демир Капија – Смоквица во должина од 28,2 километри на Коридорот 10, проект вреден 270 милиони евра. |
| |
Попоски во Вилнус 18. Министерски состанок на ОБСЕ, најавена средба со Димас (05.02.2012) |
| Министерот за надворешни работи Никола Попоски денеска и утре ќе учествува на 18. Министерски состанок на ОБСЕ во Вилнус, Литванија. Попоски ќе има обраќање на форумот, а предвидени се и повеќе билатерални средби. Еден ден по пресудата во Хаг за прекршувањето на Времената спогодба од страна на Грција, шефот на македонската дипломатија попладне ќе има средба со неговиот грчки колега Ставрос Димас. |
| |
Македонија постигна напредок, но одлуката за преговори за време на идното претседателство со ЕУ (05.02.2012) |
| Министерскиот совет за општи и надворешни работи на синоќешниот состанок во Брисел заклучи одлуката за почеток на пристапните преговори со Република Македонија да ја разгледа за време на идното, данско, претседателство со ЕУ. |
| |
Рускиот патријарх го повика Кремљ на дијалог со опозицијата (05.02.2012) |
| Поглаварот на Руската православна црква, патријархот мосовски и серуски Кирил ги повика руските власти да прифатат дијалог со опозицијата, како и барањата на демонстрантите за слободни избори. |
| |
ТВ дебата на претендентите за републикански кандидати за претседател на САД: Сите против Мит Ромни (05.02.2012) |
| Главниот фаворите за републикански кандидат за претседател на САД на изборите во ноември, поранешниот гувернер на Масечусетс, Мит Ромни, беше главна мета на напади на синоќешната прва телевизиска дебата на претендентите за претседателски кандидат на републиканците по прелиминарните избори во Ајова. |
| |
„Панасоник“ се враќа на пазарите за мобилна телефонија во Европа (05.02.2012) |
| По шест години отсуство, јапонскиот електронски гигант „Панасоник“ на почетокот на 2012 години ќе се врати на пазарите за мобилна телефонија во Европа со нова палета на „паметни“ телефони. |
| |
Руската опозиција бара истрага за изборните неправилности (05.02.2012) |
| Претставници на руските опозициски партии побараа синоќа од рускиот претседател Дмитриј Медведев да наложи проверка на тврдењата за изборните нерегуларности и утврдување на кривична одговорност поради, како шо тврдат, фалсификување на резултатите. |
| |
„Оној што пишува“ на Никола Маџиров - песна на неделата според „Оксфорд Брукс“ (05.02.2012) |
| Песната на Никола Маџиров „Оној што пишува“ од книгата објавена во САД „Остаток од друг век“, е прогласена за песна на неделата од „Оксфорд Брукс“ (Oxford Brookes) центарот за поезија во Оксфорд, Велика Британија. |
| |
Средба Попоски – Димас во Вилнус (05.02.2012) |
| Декларирана обострана посветеност за постигнување заемно прифатливо решение за иметo на денешната прва билатерална средба на министрите за надворешни работи на Македонија и на Грција Никола Попоски и Ставрос Димас на маргините од 18. Министерски состанок на ОБСЕ во Вилнус, Литванија. |
| |
Папандреу: Новата грчка Влада треба да има подолг мандат за да ги спроведе реформите (05.02.2012) |
| Новата грчка Влада, предводена од Лукас Пападимос треба да има подолг мандат за спроведување на структурните реформи, изјави лидерот на ПАСОК, Јоргос Папандреу синоќа за време на заклучната дебата во Парламентот посветена на буџетот за 2012 година. |
| |
Во Москва приведени околу 600 демонстранти (05.02.2012) |
| Руската полиција синоќа приведе околу 600 учесници во недозволениот митинг на опозицијата, на кој се протестираше против победата на партијата на премиерот Владимир Путин „Единствена Русија“, која освои најголем број гласови на парламентарните избор в неделата. |
| |
Со методологија на МЕПСО се пресметуваат преносните капацитети на ЈИЕ (05.02.2012) |
| Европа до 2020 година треба да инвестира 28 милијарди евра во 500 проекти за изградба на нови 42.000 километри интерконетивни далноводи за обезбедување стабилност на енергетскиот систем. Од нив 10.400 километри во 21 проект вредни четири милијарди евра, меѓу кои и трите македонски, треба да се изградат во Југоисточна Европа. |
| |
Шефот на австриската дипломатија бара носење на одлуките во ЕУ со мнозинскои принцип, а не со консензус (05.02.2012) |
| Австрискиот вицеканцелар и министер за надворешни работи Михаел Шпинделегер побара во иднина одлуките во рамките на ЕУ да се носат со мнозинство гласови, а не како досега со консензус. |
| |
Од продажба на телевизиските серии во странство Турција годинава заработи над 60 милиони долари (05.02.2012) |
| Oд продажбата на популарните турски телевизиски серии во над 20 земји во светот, Турција во текот на оваа година заработи над 60 милиони, објави весникот „Хуриет дејли њуз“. |
| |
Саркози: Потребна ни е Велика Британија, но сега постојат две Европи (05.02.2012) |
| Францускиот претседател Никола Саркози денеска изјави дека ЕУ сега е поделена во „две групи по брзини“, истакнувајќи дека Велика Британија сепак нема да биде приморана да го напушти заедничкиот пазар на овој блок. |
| |
Почина Гоце Арнаудов, доајенот на македонската народна песна (05.02.2012) |
| Доајенот на македонската народна песна Гоце Арнаудов почина синоќа на 52 години по долго боледување. Зад себе остави повеќе од 200 песни. Ќе остане запаметен по песните „Ех да беше стрела песната", "Дали чекаш стара мајчице", „Ќе пијам ќе лумпувам“, "Свири мајсторе", "Полни бре меанџијо"... |
| |
Стејт департмент: Пресудата како поттик за решaвање на прашањето за името (05.02.2012) |
| Политичките лидери во двете земји да ја искористат пресудата како можност повторно да се ангажираат, да ги заживеат напорите за прашањето за името и да манифестираат лидерство со цел да се најде решение за проблемот, што ќе биде во корист за двете држави. |
| |
Убиство во Куманово (05.02.2012) |
| Кумановецот Горан С. е убиен синоќа во Куманово од засега непознати лица. Како што соопшти СВР Куманово, синоќа околу 22:30 часот граѓанин телефонски се јавил во полицијата и пријавил дека на ул. „Гоце Делчев“ пред влез бр. 1 на локалитетот Гарнизон забележал непознато машко лице како лежи на земја, со рани од огнено оружје. |
| |
Набљудувачите на Арапската лига ја напуштаат Сирија (05.02.2012) |
| Набљудувачите на Арапската лига кои се наоѓаат во Сирија за да го спречат натамошното крвопролевање, од ден на ден се соочуваат со многу проблеми, па некои од нив веќе и ја напуштија земјата. Сириските опозициски групи тврдат дека набљудувачите на Арапската лига всушност на претседателот Башар ал Асад само му дадоа „повеќе време“ да се пресмета со противниците на режимот. |
| |
Сириски дисиденти формираа Национална унија на опозициските сили (05.02.2012) |
| Група сириски опозиционери, кои тврдат дека го претставуваат мнозинството oд опозициските движења во Сирија, денеска во Истанбул објавија создавање на Национална унија на револуционерните сили, чија цел е соборување на режимот на сирискиот претседател Башар Асад. |
| |
Продолжуваат протестите во Романија (05.02.2012) |
| Во Букурешт и други романски градови синоќа продолжија протестите со барање за осравка на претседателот Трајан Басеску. Унивезитетскиот плоштад во главниот град, каде се собраа околу 1.000 демонстранти, беше опколен од специјални полициски сили, кои на себе носеле штитови, палки и муниција со солзавец. |
| |
Груевски на ЕПП: Ја имаме историската улога да изградиме подобра иднина (05.02.2012) |
| Очите на обединета Европа се вперени во Европската народна партија. Граѓаните во нас гледаат сила и оправдано очекуваат резултати. Ние ја имаме историската улога, која им се дава само на одредени генерации, да се соочат со предизвиците и да ја изградат европската подобра иднина. Тоа е голема одговорност, но низ призмата на постигнувањата во кои сум убеден дека можеме да ги постигнеме, претставуваат и своевидна привилегија. |
| |
ЕК обезбеди над 141 милион евра за развој на малите и средни претпријатија во Западен Балкан (05.02.2012) |
| Европската комисија во соработка со Европската инвестициска банка и Европската банка за обнова и развој обезбеди над 140 милиони евра за развој на малите и средни претпријатија во земјите од Западен Балкан. |
| |
Изложба на ДЛУМ „Ескпериментален цртеж“ (05.02.2012) |
| Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛУМ) вечер во галеријата во Домот на АРМ ќе отвори изложба „Еспериментален цртеж“, на која учествуваат 25 автори со триесетина дела. |
| |
Серија терористички напади во Рамади (05.02.2012) |
| Серија напади со автомобили-бомби и самоубици денеска беа извршени во ирачкиот град Рамади. |
| |
„Националната банка на Грција“ бара помош од државата (05.02.2012) |
| Најголемата грчка банкарска институција, „Националната банка на Грција“ (НБГ) соопшти дека бара финансиска помош од државата во износ од милијарда евра за да може да ја одржи својата ликвидност. За возврат НБГ ќе се обврзе да емитува преференцијални акции во износ една милијарда евра. |
| |
„Стандард енд Пурс“ го намали кредитниот рејтинг на девет земји од еврозоната (05.02.2012) |
| Меѓународната агенција „Стандард енд Пурс“ го намали вчера кредитниот рејтинг на девет од 17 земји од еврозоната, вклучувајќи ги Франција, Италија, Австрија и Шпанија. Втората најсилна економија во Европската унија, Франција остана без највисокиот кредитен рејтинг ААА, кој е намален за еден степен на АА+ со негативна прогноза, што значи дека не е исклучена можноста за натамошно намалување. |
| |
Источна Турција зафатена од обилни снежни врнежи (05.02.2012) |
| Источните делови на Турција се зафатени од обилни снежни врнежи, кои формираа снежна покривка што на одделни места достигна и до 30 сантиметри и предизвикаа сериозни проблеми во одвивањето на сообраќајот. |
| |
Во Грција 55 илјади мали бизниси ќе стават клуч на врата (05.02.2012) |
| Педесет и пет илјади мали бизниси се очекува да стават клуч на врата во текот на 2012., година која ќе се карактеризира исто така со пад на продажбата и приходите, според студијата изработена од Националната конфедерација за трговија на Грција. |
| |
Иран откри огромно наоѓалиште на природен гас (05.02.2012) |
| Иранскиот министер за нафта Ростам Каземи денеска соопшти дека во реонот на Каспиското Море Иран открил огромно наоѓалиште на природен гас, каде според првичните проценки има 50 билиони кубни метри гас. |
| |
Осум банки ќе одобруваат кредити за граѓаните во рамки на владиниот проект „Купи куќа, купи стан“ (05.02.2012) |
| НЛБ Тутунска, Стопанска, Охридска, ТТК, Шпаркасе, Алфа, Прокредит и Стопанска - Битола се осумте банки преку кои граѓаните од идниот месец ќе можат да поднесуваат барања за кредити што ќе бидат субвенционирани со владиниот проект „Купи куќа, купи стан“. |
| |
Поедноставена суспензијата на безвизниот режим во шенген зоната (05.02.2012) |
| Министрите за внатрешни работи на земјите-членки на Европската унија се согласија да воведат механизам со кој се поедноставува повторното воведување на визи за земјите од кои доаѓаат голем број лажни азиланти. |
| |
Талибанците може да почнат мировни преговори, но не се откажуваат од борбата, тврди талибански портпарол (05.02.2012) |
| Политичкото крило на талибанците е подготвено за мировни преговори за прекин на војната во Авганистан, но бунтовниците во меѓувреме ќе продолжат со борбата, објавија денеска талибанците. |
| |
Иднината на преговорите за обединување на Кипар ќе се решава на одлучувачка средба овој месец (05.02.2012) |
| Иднината на преговорите за обединување на Кипар ќе се решава на одлучувачка средба, планирана да се одржи овој месец во Њујорк, изјави специјалниот советник на генералниот секретар на ОН за Кипар, Александар Даунер. |
| |
Кина предвидува повеќе протекционизам поради проблемите во САД и ЕУ (05.02.2012) |
| Кина очекува дека следната година ќе дојде до зголемувањето на бројот на трговските спорови поради кризата на глобалниот пазар предизвикана од економските проблеми во Европската унија и САД, изјави во Женева кинескиот министер за трговија Чен Деминг. |
| |
Најмалку 400 уапсени по протести во Москва и Санкт Петербург против изборни измами (05.02.2012) |
| Неколку илјади луѓе протестираа вчера во Москва против рускиот премиер Владимир Путин и неговата партија Единствена Русија, која победи на парламентарните избори, оценети од набљудувачи дека биле со чести нарушувања при пребројувањето на гласовите, како и со изборни измами. |
| |
ФИНЕКСПО 2011 на Скопски саем (05.02.2012) |
| На Скопски саем денеска и утре се одржува 9. Меѓународен саем за финансии, деловни можности и економски развој ФИНЕКСПО 2011 на кој учествуваат поголемите комерцијални банки во земјава, Управата за јавни приходи, осигуренителни компании, инвестициски фондови и софтверски куќи. |
| |
Словенечки биолог тргна на „еколошки“ пат околу светот (05.02.2012) |
| Словенечкиот биолог и авантурист Матевж Ленарчич (53) тргна на пат околу светот со ултра лесен авион со цел да потроши помалку гориво и така да предупреди на важноста на зачувувањето на планетата Земја. |
| |
Карл Билд: ЕУ не смее да ги заборави ветувањата кон Балканот (05.02.2012) |
| Шведската влада смета дека Србија треба да добие кандидатски статус за членството во ЕУ, јави дописникот на МИА од Гетеборг. Србија, се чини, сега е чекор поблиску до членството во ЕУ, по вчерашната дискусија меѓу шефовите на дипломатиите на земјите-членки на ЕУ околу проширувањето. |
| |
„Леново“ промовираше прв хибриден лаптоп (05.02.2012) |
| Кинеската инфроматичка компанија „Леново“ го промовираше првиот хибриден лаптоп компјутер „ТинкПад Икс1“, кој претставува комбинација на тенок дизајн и одлични перформанси со батеријата што трае и до 10 часа. |
| |
Во самоубиствен бомбашки напад во Авганистан убиени најмалку 52 шиитски верници (05.02.2012) |
| Најмалку 48 лица, меѓу кои жени и деца, загинаа, а повеќе од 100 се повредени денеска во самоубиствен бомбашки напад во центарот на Кабул, во близина на шиитскиот храм Абул Фазел, за време на одбележувањето на шиитскиот празник Ашура. |
| |
Мајката и сестрата на Ѓинѓиќ ги обвинија Небојша Човиќ и Велимир Илиќ за вмешаност во неговото убиство (05.02.2012) |
| Мајката и сестрата на убиениот српски премиер Зоран Ѓинѓиќ поднесоа кривична пријава до Обвинителството за организиран криминал против лидерот на партијата Нова Србија Велимир Илиќ и поранешниот вицепремиер Небојша Човиќ поради сомнеж дека се вмешани во атентатот врз него во 2003 година. |
| |
Меркел: Европа одби да се согласи со „сомнителни компромиси“ (05.02.2012) |
| Европа одби да се согласи со „сомнителни компромиси“, изјави германскиот канцелар Ангела Меркел, неколку часа откако владите од еврозоната се разделија од Велика Британија на патот на наметнувањето построги антикризни буџетски правила, пренесоа германските медиуми. |
| |
Владиниот тим задоволен од интересот на компаниите на роудшоуата за инвестирање во Македонија (05.02.2012) |
| Премиерот Никола Груевски изјави дека генерално е задоволен од случувањата на бизнис форумите и интересот на странските компании за инвестирање во Македонија во рамки на роуд шоуата, како и од учеството на 20. Конгрес на Европската народна партија во Марсеј, Франција. |
| |
Обама: Невработеноста во САД може да се намали за осум проценти за период од една година (05.02.2012) |
| Американскиот претседател Барак Обама изјави дека невработеноста во САД би можела да се намали за осум проценти до ноември следната година, кога во земјата ќе се одржат претседателски избори. |
| |
Македонија доби 60 милиони евра од ЕК за Коридорот 10 и за пречистителна станица во Прилеп (05.02.2012) |
| Македонија добива на располагање грант од Европската комисија во износ од 59,5 милиони евра, од кои 45 милиони евра за заокружување на финансиската конструкција за изградба на автопатската делница Демир Капија – Смоквица, дел од Коридорот 10, како и 14,5 милиони евра за пречистителна станица во Прилеп. |
| |
Протести во Букурешт - 59 повредени, 40 уапсени (05.02.2012) |
| За време на протестите во Букурешт повредени се 59 лица, а околу 40 се уапсени, соопштија денеска полициски и болнички извори. |
| |
Рикер: Не може да има поделба на Косово, ниту промена на границите (05.02.2012) |
| Американскиот заменик помошник на државниот секретар Филип Рикер изјави дека не може да има поделба на Косово, ниту промена на границите, додавајќи дека сите косовски Срби ќе бидат интегрирани во институциите на Косово. |
| |
Грција сака да стане европски центар за склaдирање енергенси (05.02.2012) |
| Грција има амбиции да прерасне во граничен центар на Европа за складирање на енергенси од Русија и Каспискиот регион, како и од новооткриените наоѓалишта на гас во Кипар и Израел, наведува атинскиот весник „Та Неа“. |
| |
Македонскиот амбасадор во САД Јолевски најавува интензивно лобирање пред Самитот на НАТО (05.02.2012) |
| Интеграцијата во НАТО останува приоритет за Македонија, изјави амбасадорот на Република Македонија во САД Зоран Јолевски кој најавува интензивно лобирање во американската влада, Конгресот и невладиниот сектор пред самитот на Алијансата во Чикаго во мај. Тој го информирал посредникот на ОН Метју Нимиц дека Македонија е подготвена да ги продолжи разговорите за името за да се најде решение што ќе го почитува идентитетот и достоинството на македонскиот народ. |
| |
Најмалку шест лица убиени, десет повредени при напад во црква во Нигерија (05.02.2012) |
| Најмалку шест лица се убиени, а десетина повредени кога вооружени напаѓачи упаднаа синоќа во црква на североистокот на Нигерија и отворија оган врз верниците, соопшти пасторот на црквата. |
| |
Северна Кореја се соочува со економски колапс, тврди полубратот на новиот лидер Ким Џонг-ун (05.02.2012) |
| Ким Џонг Нам, полубрат на актуелниот политички лидер на Северна Кореја Ким Џонг-ун, тврди дека нивната земја се наоѓа пред целосен економски колапс, пишува лондонски „Дејли телеграф“, јави дописникот на МИА од Лондон. |
| |
Вјекослав Беванда кандидат за премиер на БиХ (05.02.2012) |
| Хрватската демократска заедница на БиХ (ХДЗ БиХ) денеска на босанското Претседателство му го предложи Вјекослав Беванда за кандидат за претседател на централната Влада на Босна и Херцеговина. Во последните четири години Беванда беше министер за финансии на хрватско-муслиманската Федерација БиХ. |
| |
Со донација од НАТО ќе се реконструираат мостови и патната инфраструктура во земјава (05.02.2012) |
| Со донација од НАТО во вредност од 8,6 милиони евра во наредниот период ќе се реконструираат мостови и патната инфраструктура во земјава. Ќе бидат опфатени минимум 13 мостови. Проектите ќе се изработуваат оваа година, а изградбата наредната година. |
| |
Дачиќ: Нема да пропаднеме ниту без Косово ниту без ЕУ (05.02.2012) |
| Српскиот вицепремиер Ивица Дачиќ денеска изјави дека Србија во ЕУ оди поради себе и тоа само ако е во нејзин интерес, но нема да пропадне ниту ако остане без Косово. Тој оцени дека 2012 година ќе биде тензична, бидејќи „Србите се уморни од приказните за ЕУ, а ЕУ е уморна од приказните за Балканот“. |
| |
Јосиповиќ: Хрватска ќе и помогне на Црна Гора на патот кон ЕУ (05.02.2012) |
| Хрватскиот претседател Иво Јосиповиќ изјави денеска во Загреб дека е подготвен да и помогне на Црна Гора на нејзиниот пат на европските интеграции, додавајќи оти Подгорица може од хрватските искуства да извлече одредени корисни поуки. |
| |
Иран упати ново предупредување за присуството на американски бродови во Перисискиот Залив (05.02.2012) |
| Иранскиот министер за одбрана генерал Сардар Ахмад Вахиди денеска упати ново предупредување против присуството на американски воени бродови во Заливот, соопштија француските медиуми. |
| |
Претседавачот на Советот за безбедност на ОН бара истрага за нападите на НАТО врз Либија (05.02.2012) |
| Претседавачот на Советот за безбедност на ОН, јужноафриканскиот амбасадор Басо Сангку синоќа побара спроведување истрага за кршење на човековите права за време на нападите на силите на НАТО врз Либија и уривањето на режимот на Моамер Гадафи. |
| |
Шумски пожари се доближуваат до градот Рино во државата Неведа, евакуирани над 4.000 лица (05.02.2012) |
| Над 4.000 лица се евакуирани, а стотици пожарникари се борат со шумските пожари, што се доближуват од југ кон градот Рино во американската сојузна држава Невада. |
| |
НАСА: 2011-та е деветата најтопла година во историјата на метеорологијата (05.02.2012) |
| Според просечната глобална температура, 2011-та е деветата најтопла година во современата историја на метеорологијата, соопштија вчера научници од НАСА. Овој факт ја продолжува тенденцијата, поврзана со ефектот на стаклена градина, според кој девет од десетте најтопли години се случиле од 2000 година до сега. |
| |
Сите земји од Западен Балкан да влезат во ЕУ и НАТО, оценето на трибина на американскиот Хелсиншки комитет (05.02.2012) |
| Сите земји од Западен Балкан треба да станат членки на Европската унија и НАТО и САД треба да продолжат да пружаат поддршка на тој процес, беше оценето на трибината на Американскиот Хелсиншки комитет во Вашингтон. |
| |
Светот ја пречека Новата година (05.02.2012) |
| Стотици милиони луѓе во светот синоќа на плоштадите во своите градови, во туристичките центри, во кафеани, ресторани, пабови… или во семејна атмосфера во домовите, ја испратиja 2011 и ја пречекаа Новата 2012 година. |
| |
Јолевски и Василакис на средби со Нимиц на 16 и 17 јануари (05.02.2012) |
| Специјалниот посредник на Обединетите Нации во решавањето на спорот со името помеѓу Македонија Грција Метју Нимиц ги покани на средба која треба да се одржи на 16 и 17 јануари претставниците на двете страни, амбасадорите Зоран Јолевски и Адамантиос Василакис, а двете страни ја прифатија поканата, соопшти на прес-службата на ООН. |
| |
Романија под притисок на ММФ ги продава своите енергетски „бисери“ (05.02.2012) |
| Романската Влада под притисок на Меѓународниот монетарен фонд ќе ги приватизира оваа година највредните компании, меѓу кои се „Хидроелектрика“, „Ромгаз“, „Нуклеарелектрика“ и енергетските комплекси, пишува весникот „Адеврул“. |
| |
Јанез Јанша се поблиску до враќање на власт во Словенија (05.02.2012) |
| Поранешниот словенечки премиер Јанез Јанша е се поблизу до враќање на власт во Словенија, откако малата Демократска партија на пензионерите (ДЕСУС) се согласи да преговара за формирање коалиција со неговата конзервативна Словенечка демократска партија (СДС). |
| |
САД ја разгледуваат можноста за затворање на Амбасадата во Дамаск (05.02.2012) |
| Американската Влада ја разгледува можноста да ја затвори Амбасадата во Дамаск и да го повлече целиот персонал поради влошената ситуација во Сирија, изјави анонимен извор во американската администрација. |
| |
Шефот на турската дипломатија во посета на Иран (05.02.2012) |
| Турскиот министер за надворешни работи Ахмет Давутоглу денеска ќе го посети Техеран, каде со шефот на иранската дипломатија ќе разговара за иранската нуклеарна програма и ситуацијата во Ирак и Сирија, соопшти турското МНР. |
| |
Тачи: Приоритет за 2012-та е завршување на надгледуваната независност на Косово (05.02.2012) |
| Косовскиот премиер Хашим Тачи денеска изјави дека меѓу приоритетите на неговата влада во 2012-та година е завршување на надгледуваната независност на Косово и борбата против корупцијата и организираниот криминал. |
| |
Сорос: Распадoт на ЕУ би имал катастрофални последици врз глобалните финансии (05.02.2012) |
| Евентуален крах на еврозоната и распад на ЕУ би имале катастрофални последици врз глобалниот финансиски систем, смета контроверзниот американски инвеститор и милијардер Џорџ Сорос. |
| |
Белгиските министри ќе си ги зголемат платите и покрај кризата (05.02.2012) |
| Белгиските министри ќе добијат покачување на платите од осум проценти годинава, и покрај тоа што при формирањето на Владата минатиот месец се ангажираа да си ги намалат примањата за пет отсто, пишува фламанскиот весник „Хет Њусблад“. |
| |
„Амнести интернешенел“ предвидува продолжување на протестите на Блискиот Исток во 2012 година (05.02.2012) |
| Организацијата за човекови права „Амнести интернешенел“ (АИ) во најновиот извештај посветен на Арапската пролет предупреди дека Блискиот Исток и годинава ќе се соочи со протести и репресии доколку властите не им обезбедат на граѓаните почитување на демократските и човековите права. |
| |
Обама вети економски раст на САД (05.02.2012) |
| Американскиот претседател Барак Обама денеска вети дека ќе направи се што е во негова моќ за да обезбеди економски раст на САД и ги повика домашните компании наместо да отвораат погони во странство, да ги задржат своите бизниси на американска територија. |
| |
Проблемите на западноевропските банки ја загрозуваат нивната дејност во Источна Европа (05.02.2012) |
| Зголемувањето на проблемите на западноевропските банки на домашен план се повеќе ја погодува нивната дејност во државите од Источна Европа, која би можела да биде следното големо кризно жариште, бедејќи земјите како Унгарија, Хрватска, Словачка и Романија се целосно зависни од банките во еврозоната, смета Ерик Берглоф, главен економист на Европската банка за обнова и равзој (ЕБРД). |
| |
Ново рекордно вложување на депозити од банките од еврозоната во ЕЦБ (05.02.2012) |
| Банките од земјите-членки на еврозоната во текот на вчерашниот ден во Европската централна банка (ЕЦБ) вложиле рекорден износ еднодневни депозити, покажуваат денеска објавите податоци, што укажува на појава на нестаблиност на финансискиот систем на еврозоната наспроти инјекциите за зголемување на ликвидноста. |
| |
Шест лица загинаа, десетици се ранети во напади во Ирак (05.02.2012) |
| Шест лица се убиени денеска во Ирак, а десетици се ранети, меѓу кои и 15 шиитски аџии од Авганистан, соопштија ирачките власти. Цел на повеќето напади биле аџиите на патот за Кербала, на 110 километри јужно од Багдад, кои патувале за одбележување на верскиот празникот Арбаин. |
| |
Меркел: Грција под итно да се договори со приватните кредитори (05.02.2012) |
| Лидерите на Франција и на Германија Никола Саркози и Ангела Меркел, на денешната средба во Берлин повикаа што побрзо да се најде решение за кризата во Грција. |
| |
Венецуела и Иран ќе ја продолжат борбата против империјализмот (05.02.2012) |
| Венецуела и Иран ќе продолжат заедно да работаат за да го запрат империјалистичкото безумие, кое се шири со застрашувачка сила, невидена до сега, изјави венецуелскиот претседател Уго Чавес на средбата со неговиот ирански колега Махмуд Ахмадинеџад. |
| |
Германското обвинителство побарало доживотен затвор за Косовецот убиец на американски војници (05.02.2012) |
| Германското обвинителство побарало доживотен затвор за 21-годишниот Косовец Арид Ука, кој лани на аеродромот во Фарнкфурт уби двајца амрикански војници а други двајца рани, поради исламски мотиви, јави дописникот на МИА од Тирана. |
| |
Единаесет набљудувачи на Арапската лига лесно ранети при напад во Сирија (05.02.2012) |
| Единаесет членови на набљудувачката мисија на Арапската лига во Сирија беа ранети, откако автомобилите им беа нападнати од демонстранти во сирискиот пристаништен град Латакија, но инцидентот не ги попречи операциите на мисијата, соопшти висок претставник на Арапската лига. |
| |
Инвестициите во уметноста поисплатливи од вложувањата во акции (05.02.2012) |
| Инвестициите во уметнички дела во текот на минатата година донесоа поголем профит, отколку вложувањата во акции на компаниите, наведува лондонски „Фајненшл Тајмс“, нагласувајќи дека слична тенденција била утвредена и во 2010 година. |
| |
Вељаноски - Красниќи: Нема отворени политички прашања меѓу Македонија и Косово (05.02.2012) |
| Унапредување на односите меѓу двете земји, особено меѓупарламентарната сработка и пренесување на македонските искуства, се главните теми за кои денеска во Приштина разговараа претседателот на Собранието на Република Македонија Трајко Вељаноски и неговиот домаќин Јакуп Красниќи. |
| |
Ставрески: И покрај кризата пензиите нема да се намалат и навреме ќе се исплаќаат (05.02.2012) |
| Пензионерите можат да бидат сигурни дека пензиите во Република Македонија и понатаму ќе ги добиваат навреме и нема да бидат намалени. Ова го истакна вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески во одговор на прашање по доделувањето решенија во рамки на проектот Е-регистрација во Централен регистар на Република Македонија. |
| |
Мартин Слецингер: Брисел направи грешка кон Србија во декември (05.02.2012) |
| Експертот за Балкан на вашингтонскиот Вудро Вилсон центар, Мартин Слецингер изјави дека Брисел направил грешка што во декември на Србија не и даде статус кандидат за ЕУ. Запирање на Србија на европскиот пат особено на долго време, не е добро ниту за вашата држава ниту за регионот и Европа и мислам дека тоа досега го видоа и најголемите противници на вашата кандидатура во ЕУ, но и Вашингтон, изјави Слецингер. |
| |
Постои опасност од воена ескалација на иранскиот конфликт, смета секретарот на рускиот Совет за безбедност (05.02.2012) |
| Постои опасност од воена ескалација на конфликтот со Иран, изјави секретарот на рускиот Совет за безбедност Николај Патрушев во интервју за весникот „Комерсант“. |
| |
Во 2050 година Кина ќе биде водечка економија во светот (05.02.2012) |
| Во 2050 година Кина ќе биде на прво место на листата на водечки економии во светот, се прогнозира во извештајот на британската банка Ејч-Ес-Би-Си. |
| |
Попоски: Грција троши повеќе енергија за блокада отколку за разговори за името (05.02.2012) |
| Неблагодарно е да се прејудицира, но првичните пораки од Атина говорат дека Грција е незаинтересирана за целисходен дијалог со Македонија, вели во интревју за МИА шефот на македонската дипломатија Никола Попоски запрашан за очекувањата од новата иницијатива на медијаторот Метју Нимиц за средба со страните во спорот на 16 и 17 овој месец. |
| |
Владата во Загреб ги намалува привилегиите на хрватските функционери (05.02.2012) |
| Хрватската Влада донесе одлука да ги намали привилегиите на функционерите и да ја ограничи употребата на службени автомобили, мобилни телефони, кредитни картички, авионски карти, средства за презентација и друго. |
| |
Новиот премиер на Шпанија официјално ја презеде должноста (05.02.2012) |
| Новиот премиер на Шпанија, Маријано Рахој, денеска официјално ја презеде должноста шеф на Владата во резиденцијата на крал Хуан Карлос, со ветување дека итно ќе преземе мерки за побрзо излегување на земјата од економската криза. |
| |
Попоски: Пресудата од Хаг од исклучително значење за евроатлантските интеграции (05.02.2012) |
| Пресудата од Меѓународниот суд на правдата во Хаг со која беше констатирано прекршување на Времената спогодба од страна на Грција поради попречувањето на членството во НАТО на самитот во Букурешт, шефот на дипломатијата Никола Попоски го претстави како еден од најголемите успеси на МНР во годинава и ги подвлече очекувањата од позитивните импликации од нејзиното почитување во однос на европските и евроатлантските интеграции за Македонија. |
| |
Словенечкиот Парламент не го поддржа Зоран Јанковиќ (05.02.2012) |
| Парламентот на Словенија денеска ја отфрли номинацијата на поранешниот градоначалник на Љубљана, Зоран Јанковиќ за премиер на земјата, изјави претеседателот на Парламентот Грегор Вирант. |
| |
Груевски: Патот кон НАТО и кон ЕУ се претвори во вистинска голгота (05.02.2012) |
| Големите сили се тотално незаинтересирани за решавањето на спорот за името, имаат огромни свои проблеми, и ова прашање, како и проширувањето на НАТО и ЕУ не се во врвот на нивните приоритети, истакнува премиерот Никола Груевски во интервју за „Дневник“. Вели дека не е песимист, туку реалист кога станува збор за слабите шанси на Македонија за прием во НАТО на Самитот во мај во Чикаго, како и за решавање на проблемот со Грција во меѓупериодот до неговото одржување. |
| |
Самуел Жбогар официјално именуван за специјален претставник на ЕУ на Косово (05.02.2012) |
| Поранешниот словенечки министер за надворешни работи Самуел Жбогар денеска е именуван за специјален претставник на ЕУ во Приштина, соопштено е во седиштето на ЕУ. |
| |
Демпси: Американската војска подготвена за судир со Иран (05.02.2012) |
| Началникот на Здружениот генералштаб на Вооружените сили на САД, генералот Мартин Демпси изјави дека американската војска ја достигнала точката на која е подготвена да примени сила против Иран, доколку претседателот Барак Обама даде сигнал за тоа. |
| |
Израел му го укина ВИП статусот на Махмуд Абас (05.02.2012) |
| Израел му го укина ВИП статусот на палестинскиот претседател Махмуд Абас и му даде дозвола за патувања што важи само два месеца, изјавија соноќа палестински официјални претставници. |
| |
Чешка и светските лидери се простуваат од Вацлав Хавел (05.02.2012) |
| Во Прага денеска во црквата Свети Вит во Прашкиот замок се одржува погребна церемонија на поранешниот претседател на Чешката Република, Вацлав Хавел, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град. |
| |
Според Алијансата „Црвено црни“ во регионот живеат десет милиони Албанци (05.02.2012) |
| Националистичката Алијанса „Црвено црни“ во реакција по сопштувањето на првичните резултати од пописот во Албанија оцени дека тие се на штета на албанските интереси и оти „бројките ги исполни желбите на Грција и Србија“. |
| |
Почна реализацијата на „Купи куќа, купи стан“, решение за 2.500 семејства (05.02.2012) |
| Проектот „Купи куќа, купи стан“ почнува со практична реализација. По денешното потпишување на договорите меѓу Министерството за финансии и осумте банки што се вклучени во проектот може да почне поднесувањето на документите од страна на граѓаните. Се очекува во април да бидат одобрени првите кредити. |
| |
Најмалку 61 жртва во судири меѓу силите за безбедност и исламистичка секта во Нигерија (05.02.2012) |
| Најмалку 61 лице се убиени во изминатите неколку дена во североисточниот дел на Нигерија во судири меѓу силите за безбедност и радикалната исламистичка секта „Боко Харам“, јавија локалните власти. |
| |
Во серија од пет експлозии во Нигерија загинаа најмалку 39 лица (05.02.2012) |
| Во серија од пет експлозии денеска во Нигерија според најновите податоци загинаа 39 лица, а одговорноста за нападите ја презема Радикалната муслиманска секта Боко Харем. Денес на Божик, во Нигерија одекнаа пет експлозии од кои четири во христијански цркви и една во полициска станица. |
| |
Уапсени десетици нарко-дилери во координирана балканска акција (05.02.2012) |
| Во Албанија уапсени се четири лица поради илегална трговија со дрога, јави дописникот на МИА од Тирана. |
| |
Експлозии на бомби во цркви во Нигерија, најмалку 28 загинати (05.02.2012) |
| Во Нигерија, денес на Божик, одекнаа две експлозии во христијански цркви, првата за време на миса во католичка црква во близина на Абуџа при што загинаа најмалку 27 лица, а втората во близина на евангелистичка црква во централниот град Џос. Одговорноста за експлозиите ја презема радикалната муслиманска секта Боко Харем. |
| |
Почнува реализацијата на инвестицијата на „Кромберг и Шуберт“- ќе се вработат над 2.000 лица (05.02.2012) |
| Инвестицијата од 20 милиони евра на германската компанија „Кромберг и Шуберт“ формално почна да се реализира. Договорот се потпиша денеска во Владата, а финишот на инвестицијата се очекува во третиот квартал од наредната година кога треба да почне производството на новата фабрика во индустриската зона Жабени во Битола каде ќе бидат вработени на почетокот 400 лица, бројка која во првите пет години ќе достигне до 2.000. |
| |
Чешка и светските лидери се простија од Вацлав Хавел (05.02.2012) |
| Во Прага денеска, во црквата Св. Вит, во Прашкиот замок, се одржа погребната церемонија на поранешниот Претседател на Чешката Република Вацлав Хавел. Точно напладне за момент запре нормалниот животен тек на Чесите и со минута молчење му оддадоа почит на својот поранешен претседател. |
| |
Избрана новата Влада во Хрватска (05.02.2012) |
| Хрватскиот сабор денеска ја избра нова левоцентристичка Влада на премиерот Зоран Милановиќ, чија главана цел ќе биде намалување на буџетскиот дефицит, спроведување на мерките за штедење, како и извршување на реформи за излез од економската криза. |
| |
Во Хрватска извршено примопредавање на власта (05.02.2012) |
| Во седиштето на хрватската Влада, досегашната премиерка Јадранка Косор и новоизбраниот премиер Зоран Милановиќ, во присуство на потесниот круг на свои соработници, го извршија официјалното примопредавање на власта. |
| |
Дачиќ: Не очекуваме проблеми со примената на договорот меѓу Белград и Приштина за слободно движење (05.02.2012) |
| Вицепремиерот и министер за внатрешни работи на Србија Ивица Дачиќ денеска изјави дека не очекува проблеми со спроведувањето на договорот меѓу Белград и Приштина за слободно движење, чија примена почнува утре. |
| |
Ново убиство на бизнисмен во Албанија (05.02.2012) |
| Во албанскиот приморски град Валона синоќа е застрелан 52-годишниот Ардијан Дервиши, сопственик на компанија за градежништвото. Како што јави дописникот на МИА од Тирана, Дервиши бил застрелан со четири куршуми додека бил на објектот што го гради на неговата компанија. |
| |
Потпишан Договор за заем за изградба на водоснабдителниот систем за селото Чанаклија (05.02.2012) |
| Вицепремиерот и министер за финансии Зоран Ставрески и градоначалникот на општина Василево Ванчо Стојанов денеска потпишаа Договор за заем за изградба на водоснабдителниот систем за село Чанаклија. |
| |
Турција официјално даде дозвола за изградба на „Јужен поток“ (05.02.2012) |
| Турција официјално и одобри на Русија гасоводот „Јужен поток“ да минува низ турските територијални води во Црното Море, соопшти денеска рускиот премиер Владимир Путин. |
| |
Купер: Ништо не и наметнуваме на Србија, близу сме до договор (05.02.2012) |
| Посредникот на ЕУ во дијалогот Белград-Приштина, Роберт Купер изјави дека Брисел нема намера да ја доведува во прашање Резолуцијата 1244 на Советот за безбедност на ОН, како ни српскиот Устав, и никој нема да ја примора Србија да го признае Косово. |
| |
Две лица загинаа при потонување на турски брод во Егејското Море (05.02.2012) |
| Две лица загинаа денеска при потонување на турски товарен брод во водите на заливот Кушадаси во Егејското Море. Двајцата членови на дванаесетчлениот екипаж на товарниот брод, што превезувал амониум нитрат за Израел, добиле инфаркт. |
| |
Јанакиески: Патната инфраструктура приоритет во 2012 (05.02.2012) |
| Aктивности за почеток на доизградбата на железничкиот дел од Коридорот 8, законски измени за олеснување на процесот на легализација на дивоградбите, изградба на нови и рехабилитација на постојните патишта со 78 милиони евра преку Агенцијата за државни патишта, се дел од плановите за в година на Министерството за транспорт и врски, истакна во интервју за МИА министерот Миле Јанакиески. |
| |
Во Штип отворен Бизнис центарот за прекугранични иницијативи (05.02.2012) |
| Во Штип е отворен и работи Бизнис центарот за прекугранични иницијативи, како дел од проектот „Прекугранично бизнис вмрежување за оддржлив раст“, финансиран од ИПА Програмата за Прекугранична соработка помеѓу Република Бугарија и Република Македонија. |
| |
Груевски: Економијата е стабилна, а девизните резерви на задоволително ниво (05.02.2012) |
| Eкономијата е стабилна, финансискиот сектор безбеден, девизните резерви се на задоволително ниво, а задолжувањето, како и буџетскиот дефицит се на ниско ниво, изјави денеска премиерот Никола Груевски по посетата на ЈУ Детската градинка „25 Мај“ во Гази Баба, клон „Сонце“, во која се имплементира проектот „Мозaик“. |
| |
Што се случува на интернет за 60 секунди (05.02.2012) |
| За 60 секунди Гугл одговара на околу 700.000 барања за пребарување, се симнуваат околу 600 видеа на ЈуТјуб, се објавуваат околу 500.000 коментари на Фејсбук, се разменуваат над 90.000 твитови, се испраќаат 168 милиони мејлови, 232 компјутери се заразуваат со вирус и два милиони лицаа гледаат порно филмови... |
| |
Погребна церемонија на севернокорејскиот лидер Ким Џонг-ил (05.02.2012) |
| Денес ќе биде погребан севернокорејскиот „сакан голем лидер“ Ким Џонг-ил, кој почина на 17 декември. Со одлука на државната Комисија за организирање на погребот, на него нема да биде дозволено присуство на странски делегации. |
| |
Бразил очекува да стане петта економска сила во светот пред 2015 година (05.02.2012) |
| Бразил ќе ја надмине Франција на местото петта економска сила во светот и пред 2015 година, изјави бразилскиот министер за финансии Гвидо Мантега. Изјавата на Мантега следи по прогнозата на Меѓународниот монетарен фонд (ММФ) дека до 2015 година бразилската економија ќе ја надмине француската. |
| |
Од банките во Грција повлечени 64 милијарди евра (05.02.2012) |
| Од крајот на 2009 до крајот на ноември 2011 година од банките во Грција биле повлечени 64,5 милијарди евра, јавија грчките медиуми.Во 2009 влоговите во грчките банки изнесувале 237,3 милијарди евра а една година подоцна тие се намалени до 172,8 милијарди евра. |
| |
Одбележана втора годишнина од земјотресот на Хаити (05.02.2012) |
| Церемонии се одржаа на Хаити во спомен на жртвите од земјотресот од пред две години во кој загинаа повеќе од 300 илјади луѓе. Генералниот секретар на ОН Бан Ки-му повика меѓународни донатори да продолжат со поддршка за Хаити. |
| |
Во воздушен напад на турската армија загинаа најмалку 23 Курди (05.02.2012) |
| Најмалку 23 курдски селани утрово загинаа при напад на турската авијација во селото Ортасу, Југоисточна Турција, изјави локалниот претставник на прокурдската Партија за мир и демократија (БДП), Ертан Ерис. |
| |
Војната во 90-те години ја чинела Хрватска 10,47 милијарди германски марки (05.02.2012) |
| Петте години војна во 90-те години ја чинеле Хрватска 10,47 милијарди германски марки, а 16 години по војната се уште не се знае каде се една милијарда марки, тврди директорот на хрватскиот Хелсиншки комитет, Дражен Рајковиќ. Рајковиќ изнесува такви тврдења во магистерска дисертација публикувана во Национал со назнака дека тоа е прв научен труд на тема расходи за војните 1990-1995 година при распаѓањето на поранешна Југославија. |
| |
Еврокомисијата ќе може да ги тужи членките на еврозоната што ќе ја прекршуваат буџетската дисциплина (05.02.2012) |
| Европската комисија ќе добие надлежност да ги изведува членките на еврозоната пред суд поради пречекорување на лимитот за буџетските дефицити, предвидува новиот план за справување со должничката криза, што го разгледуваат членките на ЕУ. |
| |
Притворен поранешен началник на Генералштабот на турската армија (05.02.2012) |
| Судот во Турција наложи притворување на поранешниот началник на Генералштабот на турската армија, генералот Илкер Башбуг, под обвиненија за обид на уривање на Владата на премиерот Реџеп Таип Ердоган. |
| |
Панета: Војската на САД подготвена да се соочи со заканите на Иран (05.02.2012) |
| Американскиот секретар за одбрана Леон Панета денеска изјави дека американската војска е целосно подготвена да се соочи со секоја закана на Иран дека ќе го затвори стратешки важниот Ормуски Теснец. |
| |
Републиканците бираат кандидат за претседател на САД (05.02.2012) |
| Официјалниот дел од изборот за републикански претседателски кандидат на изборите за претседател во САД во ноември почнува денеска со гласање во Ајова. Фаворити во таа трка се поранешниот гувернер на Масачусетс Мит Ромни, поранешниот претседател на Претставничкиот дом Њут Гингрич и конгресменот Рон Пол. |
| |
Шест лица убиени во престрелка меѓу две опозициски групи во центарот на Триполи (05.02.2012) |
| Најмалку шест лица загинаа денеска во судири меѓу две либиски поранешни опозициски групи во центарот на либиската престолнина, јави телевизијата „Ал Арабија“. Повредени се најмалку 14 лица, соопштија медицински извори. |
| |
Економските експерти предвидуваат нова рецесија во земјите од ЕУ во 2012 година (05.02.2012) |
| Во текот на 2012 година рецесијата одново ќе ги зафати земјите-членки на ЕУ, предвидуваат 25 водечки британски и европски експерти кои работат како надворешни советници на Банката на Англија, јави дописникот на МИА од Лондон. |
| |
Милион и половина луѓе ќе присуствуваат на новогодишниот огномет во Сиднеј (05.02.2012) |
| На пристаништето на австралискиот град Сиднеј, еден од првите кои ќе ја дочекаат Новата 2012 Година, веќе пристигнуваат нестрпливите луѓе кои брзаат да заземат подобри места од каде ќе го следат традиционалниот огномет, со што започнуваат денешните прослави ширум светот. |
| |
САД: Ал Каеда регрутира борци во Либија (05.02.2012) |
| Терористичката организација Ал Каеда испратила свои борци во Либија, настојувајќи да регрутира нови членови по соборувањето на режимот на Моамер Гадафи, но се уште нема воспоставено силно упориште во оваа земја, соопштија американски официјални претставници. |
| |
САД загрижени поради судирите меѓу ривалските групи во Либија (05.02.2012) |
| САД изразија загриженост поради судирите меѓу ривалските групи во Либија, кои учествувале во соборувањето на Моамер Гадафи и повторно понудија помош за обединување на овие групи во единствени вооружени сили. |
| |
Барак Обама ги повика демократите повторно да се обединат во битката за Белата куќа (05.02.2012) |
| Претседателот на САД Барак Обама ги повика своите приврзаници повторно да ги обединат силите во предизборната кампања. Во телеконференциски разговор со избирачите од државата Ајова тој потсети дека пред четири години поддршката што ја добил во оваа држава го означила почетокот на неговиот пат кон Белата куќа. |
| |
Командантот на сириските воени дезертери се закани дека ќе ги засили нападите (05.02.2012) |
| Заповедникот на сириските воени бунтовници, полковникот Риад ал-Асад, денеска се закани со уште пожестоки напади врз сириските сили за безбедност, наведувајќи дека е „фрустриран“ од недостигот на прогрес во работата на набљудувачката мисија на Арапската лига за завршување на повеќемесечните немири. |
| |
Да се пријави државното земјиште за долгогодишни насади, апелира Министерството за земјоделство (05.02.2012) |
| Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство ги повикува сите домашни физички и правни лица и странски правни лица кои имаат подигнато долгогодишни насади на земјоделско земјиште во државна сопственост, а со кое стопанисуваат без склучен договор, да се пријават во подрачните единици заради евидентирање на насадите. |
| |
Весници ја „отворале“ електронската пошта на Гордон Браун додека бил министер (05.02.2012) |
| Дел британски дневни весници ја "ловеле и ја отворале" електронската пошта на Гордон Браун кога тој бил министер за финансии,тврди лондонски "Индепендент",повикувајки се на свои извори во полицијата. |
| |
РИМ и „Сони“ ги намалија цените на „таблет“ компјутерите (05.02.2012) |
| Компаниите „Рисрч ин Моушн“ (РИМ) и „Сони“ донесоа одлуки за намалување на цените на „таблет“ компјутерите во САД, како резултат на слабата продажба на овои информатички уреди на американскиот пазар. |
| |
Пентагон планира намалување на бројноста на американската Армија (05.02.2012) |
| Американското Министерство за одбрана планира намалување на вкупниот број на припадници на Вооружените сили на САД за неколку десетици илјади лица, во рамките на долгорочната ревизија на воената стратегија иницирана од мерките за штедење чија цел е намалување на буџетскиот дефицит на земјата во текот на следните 10 години. |
| |
На 13 и 14 јануари Вевчански карневал 2012 (05.02.2012) |
| Традиционалните маски - зет, невеста и Глупaвиот Август и годинава на 13 и 14 јануари ќе продефилираат низ Вевчани на карневалот со кој се слави доаѓањето на Новата година според стариот календар. |
| |
Барак Обама ја објави новата воена стратегија на САД (05.02.2012) |
| Претседателот Барак Обама ја објави денеска новата воена стратегија на САД, која ќе ја намали бројноста на копнените сили, а истовремено ќе го премести фокусот врз Азиско-пацифичкиот регион. |
| |
Размената со странство од јануари до ноември лани - 10,463 милијарди долари (05.02.2012) |
| Стоковата размена на Македонија со странство во периодот јануари-ноември минатата година изнесува 10.463.682.000 долари. Вкупната вредност на извозот на стоки од Македонија во единаесетте месеци од 2011 година изнесува 4.073.620.000 долари, а на увозот 6.390.062.000 долари. Покриеноста на увозот со извоз е 63,7 проценти. Трговскиот дефицит изнесува 2.316.442.000 долари. |
| |
Тахири: Сите земји од ЕУ ќе го признаат Косово (05.02.2012) |
| Шефицата на косовскиот преговарачки тим во преговорите со Србија Едита Тахири, оцени дека сите пет земји членки на ЕУ кои досега не го признале Косово, тоа ќе го направат во иднина. Тахири изрази убеденост дека петте земји од ЕУ кои не ја признале независноста на Косово ќе го направат тоа во иднина и ќе ја сфатат новата реалност на Балканот, дека постојат седум држави кои произлегоа од поранешна Југославија. |
| |
„Самсунг“ со нови телефони „Галакси“ под Андроид (05.02.2012) |
| „Самсунг“ објави дека наскоро ќе почне со продажба на два нови телефона под ОС Андроид од палетата Галакси - „y duos“ и „y pro duos“. Се работи за смартфони кои со двоен идентификациски модул SIM како и ОС Андроид 2.3G, фото систем од 3 мегапиксели, ФМ радио, 384 мегабајти рам, 512 интерна меморија и пристат на Вај-Фај и GPS. |
| |
Поранешниот турски премиер Јилмаз тврди дека е погрешно интерпретиран (05.02.2012) |
| Поранешниот турски премиер Месут Јилмаз потенцира денеска дека неговата изјава што предизвика остра реакција од Грција, била погрешно интерпретирана од турски медиуми. |
| |
Асад: Проширување на власта на сите политички сили (05.02.2012) |
| Сирискиот претседател Башар Асад ја поздрави денеска идејата за „проширување на власта на сите политички сили“ и оцени дека „странското мешање“ е одговорно за 10-месечните немири во Сирија. |
| |
Груевски на промоцијата на „Порта Македонија“: Проектот „Скопје 2014-та“ е добар, квалитетен и корисен (05.02.2012) |
| На плоштадот „Пела“ во Скопје денеска свечено беше пуштен во употреба објектот „Порта Македонија“, на која се прикажани мотиви од македонската историја, култура и традиција. „Порта Македонија“ претставува симбол на големата историска победа - создавањето независна и суверена Република Македонија. |
| |
Меморијална служба за Ким Џонг ил, Ким Џонг ун - нов врховен водач (05.02.2012) |
| Во Пјонгјанг денеска, после вчерашниот погреб, е втор ден од националната жалост за покојниот лидер Ким Џонг Ил, а државната телевизија прикажа голем број луѓе и војници на меморијалната служба во центарот на главниот град. |
| |
Тито им го продал на Американците патот до Месечината (05.02.2012) |
| САД и Русија ја предводат трката за освојување на вселената, но и покрај тоа што СССР први испратија човек во вселената, Американците беа прва нација која испрати човек на Месечината. Еден документарен филм, меѓутоа, тврди дека не би дошло до доминација на САД, ако Јосип Броз Тито во 1961 година не и ја продал југословенската вселенска технологија на ЦИА. |
| |
Часовникот на Апокалипсата поместен за една минута нанапред (05.02.2012) |
| Поради несигурноста поврзана со двојната закана од ширењето на нуклеарното оружје и од климатските промени, големата стрелка на часовникот на Апокалипсата беше поместена нанапред за една минута. |
| |
„Коха диторе“: Косово се соочува со проблем сo името (05.02.2012) |
| По Македонија, чиј пат кон Европската унија и НАТО е блокиран поради проблемот со името, сега и Косово се соочува со ваков проблем, но во други околности, пишува денеска приштинскиот весник „Кога диторе“. |
| |
До 27 февруари задолжителна замена на старите лични документи со нови биометриски (05.02.2012) |
| Во пресрет на крајниот рок за замена на старите лични документи со нови биометриски што истекува на 27 февруари, министерката за внатрешни работи Гордана Јанкулоска денеска ги посети управните служби на МВР сместени во зградата на МТВ за да се информира за текот на процедурата за замена. |
| |
Хоџај: Планот на Ахтисари е „најдобрата рамка“ за интеграција на Србите од Северно Косово (05.02.2012) |
| Косовскиот министер за надворешни работи Енвер Хоџај денеска оцени дека планот на поранешниот пратеник на Обединетите нации Марти Ахтисари за независноста на Косово е „најдобрата рамка“ за интеграција на Србите од Северно Косово. |
| |
Нуклеарката Козлодуј годинава произведе рекордно количество струја (05.02.2012) |
| Нуклеарката Козлодуј, со 33 отсто учествува во вкупното производство на електрична енергија во Бугарија, произведе рекордни количини струја - 15,7 милијарди киловатчасови. |
| |
„Ејсер“ лансираше тактилен таблет апарат (05.02.2012) |
| Електронската компанија „Ејсер“ („Acer“) на пазарот лансираше нов таблет апарат чувствителен на допир во верзија од 16 и 32 гигабајти. Новиот тактилен уред наречен „Ајконија Таб А200“ („Iconia Tab A200“) е опремен со мемориска „мајкроСД“ картичка која овозможува проширување на просторот за складирање на податоци. |
| |
Одложена продажбата на „Меркатор“ на „Агрокор“ (05.02.2012) |
| Вредноста на акциите на словенечкиот трговски гигант „Меркатор“ падна денеска за 8,98 отсто на 152 евра, откако беше одложена неговата продажба на хрватскиот конкурент „Агрикор“. |
| |
Бошкоски се извинува на Груевски (05.02.2012) |
| Љубе Бошкоски јавно му се извини на премиерот Никола Груевски за изречените клевети и за непријатностите што ги предизвикал со изнесувањето невистини и навреди за време на изборната кампања за предвремените парламентарни избори годинава. |
| |
Надлежностите за регулаторната гилотина во МИОА, фокусот кај малите и средните фирми (05.02.2012) |
| Намерата на процесот на регулаторниот проце не е да го намали или зголеми бројот на фирми кои ќе се регистрираат, туку да ги стимулира вистинските инвеститори со реална и објективна намера да се занимаваат со бизнис и тој процес да биде поедноставен и што поевтин. |
| |
Хрватскиот Сабор ќе одржи конститутивна седница (05.02.2012) |
| Хрватскиот Сабор денеска во новиот, седми состав, во кој има 151 пратеник ќе одржи конститутивната седница. Кукурику коалицијата, предводена од Социјалдемо-кратската партија, чиј лидер Зоран Милановиќ доби мандат за составување на влада, има 80 мандати. |
| |
Турција го повлече својот амбасадор од Франција (05.02.2012) |
| Анкара го повлече својот амбасадор од Париз, јавија повеќе француски медиуми повикувајќи се на турски извори. Повлекувањето на турскиот амбасадор од Франција, следуваше речиси веднаш по изгласувањето на законот со кој се казнува одрекувањето на геноцидите и посебно на геноцидот врз Ерменците, јави дописникот на МИА од Париз. |
| |
Четири лица загинаа во два терористички напади во Мосул (05.02.2012) |
| Четири лица загинаа, три се ранети во два терористички напади во ирачкиот град Мосул. Во првиот напад бомбата беше активирана во трговски кварт во градот, а жртвите беа цивили. |
| |
Русија во Советот за безбедност на ОН поднесе пречистена предлог резолуција за насилството во Сирија (05.02.2012) |
| Русија во Советот за безбедност на ОН поднесе редактиран текст на резолуција за насилството во Сирија, но западни дипломати изјавија дека тој не го задоволува нивното барање за остра осуда на репресиите врз цивилите од страна на режимот на претседателот Башар ал Асад. |
| |
„Коста Конкордија“ веројатно потонала поради каприц на капетанот кој сакал да направи услуга на член на екипажот (05.02.2012) |
| Нова верзија за причините за трагедијата со италијанскиот туристички брод „Коста Конкордија“ открива денеска весникот „Кориере дела Сера“. Според таа верзија, капетанот на бродот Франческо Скетино го доближил бродот до брегот поради шефот на сервисерите на бродот, кој бил роден во Џилио. |
| |
Мит Ромни: САД не треба да го спасуваат банкарскиот систем на Европа (05.02.2012) |
| Фаворитот на републиканците за кандидат за претседателските избори Мит Ромни изјави оти не е неопходно САД да се ангажираат во спасувањето на банкарскиот систем на Европа. |
| |
Продолжи потрагата по преживеани од потонатиот брод „Коста Конкордија" (05.02.2012) |
| Италијанските воени нуркачи со контролирани микроексплозии пробија четири отвори во корпусот на заринканиот и превртен патнички крузер „Коста Конкордија", на западното италијанско крајбрежје, соопшти портпаролот на италијанските военопоморски сили. |
| |
Во серија бомбашки напади во Багдад убиени 60 лица (05.02.2012) |
| Во серија бомбашки напади, кои рано изутринава го потресоа Багдад, се убиени 60 лица, а речиси 200 се повредени, соопшти ирачкото Министерство за здравство. Во Багдад изутринава одекнаа 14 експлозии во 11, главно шиитски, квартови на главниот град. |
| |
Повеќе од 1.000 возачи во Грција блокирани поради невреме (05.02.2012) |
| Стотици возачи во Грција останаа блокирани поради лошото време проследено со обилни снежни врнежи и многу силен ветер во централниот и северниот дел на земјата. |
| |
Големата годишна награда за архитектура за 2011 за Спомен куќата на Тоше Проески (05.02.2012) |
| Спомен-куќата на Тодор Проески на Гумење, во Крушево од авторите Дејан Секуловски, Дејан Спасеновски и Илија Божиновски е најуспешнoто реализирано архитектонско дело во 2011 година во Република Македонија. Нагрaдата на Асоцијацијата на архитекти на Република Македонија синоќа на свеченоста во МОБ им ја врачи претседателот на Република Македонија Ѓорге Иванов. |
| |
Грција е пред банкрот, смета претставник на агенцијата „Фич“ (05.02.2012) |
| Грција е пред банкрот и очигледно нема да може да ги исплати државните обврзници во март, изјави денеска раководителот на аналитичкиот оддел на меѓународната рејтинг агенција „Фич“ за Европа, Блискиот Исток и Африка Едуард Паркер. |
| |
Ангела Меркел оптимист за напредок во преговорите за буџетски пакт (05.02.2012) |
| Германската канцеларка Ангела Меркел изрази надеж дека ќе биде остварен напредок во преговорите за Пактот за зајакнување на буџетската дисциплина во Европа. |
| |
Чешка и светските лидери се простија од Вацлав Хавел (05.02.2012) |
| Во Прага денеска во црквата „Св. Вит“ во Прашкиот замок, се одржа погребната церемонија на поранешниот Претседател на Чешката Република, Вацлав Хавел, јави дописникот на МИА од чешкиот главен град. Точно напладне за момент запре нормалниот животен тек на Чесите и со минута молчење му оддадоа почит на својот поранешен претседател. |
| |
Глад им се заканува на над еден милион деца во африканскиот регион Сахел (05.02.2012) |
| На над еден милион деца во африканскиот регион Сахел им се заканува глад, предупредија од УНИЦЕФ. Во Нигер е регистриран најголемиот број деца на возраст под пет години кои се под закана од смрт заради глад-330 илјади на кои итно им е потребна храна и медицинска помош. |
| |
Последниот ИПАРД повик покажува зголемен интерес за инвестирање во селскиот туризам (05.02.2012) |
| Зголемен е интересот за инвестирање во преработувачки капацитети во руралните средини, како и во градење угостителски објекти, сместување на отворено (кампови) и капацитети за рекреација со цел развој на селскиот туризам. Ова го покажа последниот, петти јавен повик за искористување средства од ИПАРД Програмата 2007-2013 година. |
| |
„Шесторката“ го договори составот на Советот на министрите на БиХ (05.02.2012) |
| Лидерите на шестте најголеми партии во Босна и Херцеговина се договорија денеска за формирање на Советот на министрите, 15 месеци по изборите. |
| |
Грција во информативен мрак поради штрајкот на новинарите (05.02.2012) |
| Грција и денеска ќе биде во информативен мрак поради штрајкот на новинарите во приватните и државните медиуми. Новинарите вчера стапија во 48-часовен штрајк на иницијатива на Федерацијата на новинарските синдикати поради владините реформи и мерки за штедење. |
| |
Се одложуваат вонредните избори во Грција (05.02.2012) |
| Во Грција ќе се одложат вонредните парламентарни избори со цел на сегашната преодна Влада да и се даде повеќе време да ги спроведе реформите и да ја извлече земјата од должничката криза. |
| |
„Фридом Хаус“: Балканот бележи напредок во демократските процеси, но и појави на национализам (05.02.2012) |
| Балканските земји во текот на 2011 година забележаа напредок во развојот на демократските процеси и во приближувањето до Европската унија, но и на натаму се бележат појави на национализам и притисоци врз слободните медиуми, се наведува во годишниот глобален извештај на организацијата „Фридом Хаус“. |
| |
Грчкиот телеком ОТЕ ќе го продава својот сателит (05.02.2012) |
| Најголемата грчка телекомуникациска компанија ОТЕ, чиј главен акционер е „Дојче Телеком“, ќе го продава својот телекомуникациски сателит ХеласСат, поради кризата во Грција и сопствената неликвидност, соопшти генералниот директор на ОТЕ, Михаил Цамас. |
| |
Француско МНР: Арапските набљудувачи во Хомс не успејаа да ја проценат реално ситуацијата (05.02.2012) |
| Жителите на еден од најтензичните реони на градот Хомс, Баб Амр, одбија да се сретнат со набљудувачите на Арапската лига во присуство на сириски офицер. |
| |
Уште 14 цивили убиени во пресрет на посетата на набљудувачите на Арапската лига (05.02.2012) |
| Сириските сили за безбедност убија уште 14 цивили, во пресрет на денешната посета на набљудувачите на Арапската лига на регионите кои се сметаат за силно опозициско упориште на сирискиот режим, соопштија групи за заштита на човековите права. |
| |
Хеле Торнинг-Шмит: Данска ќе продолжи да работи на проширувањето на ЕУ (05.02.2012) |
| Данското претседателство со ЕУ ќе продолжи со политиката на проширување на ЕУ врз основа на принципот на одделни заслуги на секоја земја, што ќе и дозволи да се постигне напредок во проширувањето, јави дописникот на МИА од Стразбур. |
| |
МВР Билтен (05.02.2012) |
|
| |
Министерот за одбрана Бесими во работа посета на Белград (05.02.2012) |
|
| |
„Македонска реч“ ја објави книгата раскази „Молски акорди" од српскиот писател Мирко Демиќ (05.02.2012) |
|
| |
Премиерот Груевски на пуштање во употреба две нови лаборатории на Машинскиот факултет (05.02.2012) |
|
| |
Димоски: Поголема македонско-руска соработка во земјоделството во интерес на двете страни (05.02.2012) |
|
| |
Од утре до петок ќе нема настава во училиштата во Делчево, одлучи Советот на општината (05.02.2012) |
|
| |
Изложба на битолски копаничари во албанскиот град Корча (05.02.2012) |
|
| |
Девет починати од студот во Србија, се очекува одлука за вонредна состојба (05.02.2012) |
|
| |
Јункер: Не е исклучена можноста за банкрот на Грција (05.02.2012) |
|
| |
На преговорите за грчката должничка криза договорени сите прашања освен реформата за пазарот на труд (05.02.2012) |
|
| |
Албанскиот трговски дефицит 2,48 милјарди евра (05.02.2012) |
|
| |
Во Сараево прогласена вонредна состојба (05.02.2012) |
|
| |
Околу 400 војници во Србија ангажирани за помош при чистење на снегот (05.02.2012) |
|
| |
„Зери“: Партијата на Неџат Даци се припојува кон онаа на Рамуш Харадинај (05.02.2012) |
|
| |
Јорданските исламисти бараат бојкот на руски и кинески стоки во муслиманските земји (05.02.2012) |
|
| |
Во најновите судири во Сирија уште 48 загинати (05.02.2012) |
|
| |
Намален кредитниот рејтинг на „Шарп“ (05.02.2012) |
|
| |
Тавакул Карман: Русија и Кина го поддржуваат злосторничкиот режим во Сирија (05.02.2012) |
|
| |
Убиени петмина музичари и четворица гости во дискотека во Мексико (05.02.2012) |
|
| |
Убедлива победа на Мит Ромни во Невада, Гингрич не се предава (05.02.2012) |
|
| |
Нападната и ограбена сириската амбасада во Австралија (05.02.2012) |
|
| |