МИСИЈАТА НА ЗЕЛС
ЗЕЛС беше основана во 1972 но беше реконституирана во 1995, кога беше донесен новиот Закон за локалната самоуправа. Во периодот од 1990-1996 кога немаше сеопфатен закон за локална самоуправа, ЗЕЛС беше многу активна во името на општините. Заедницата подготви модел статути за работа на општините и истите ги дистрибуира на своите членови. Исто така обезбеди форум за дебата во однос на овие модели а и учествуваше во изготвувањето на новиот закон за локална самоуправа. Според постоечката регулатива сите општини се задолжително членки.
Според Статутот на ЗЕЛС, кој беше усвоен во Октомври 2004, генералната мисија на Заедницата е да се подобрат принципите на локалното управување низ следните активности:
|
• промовирање и поттикнување на заедничка соработка и разменување на информациите помеѓу членовите; |
|
• да служи како група за лобирање и да делува како советодавен одбор на централната влада во областа на локалната самоуправа; |
|
• промовирање на континуирана и конструктивна соработка на локалните самоуправи и централните власти; |
|
• воспоставување односи со национални и меѓународни асоцијации на локалните власти; |
|
• организирање на обуки и конференции на своите членови. |
|