ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава

ЗЕЛС остварува плодна и успешна соработка и на меѓународно поле.

ЗЕЛС е членка на:

- НАЛАС (Мрежата на локалните власти на Југоисточна Европа),

- ЦЕМР (Комора на европските општини и региони),

- ЦЛРАЕ (Конгресот на локални и на регионални власти на Европа, при Совет на Европа),

- АЛДА (Асоцијација на агенции за локална демократија) и на

- Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на региони на Европската унија

НАЛАС - Мрежата на асоцијации на локалните власти на Југоисточна Европа е организација што функционира повеќе од седум години, а е официјализирана во 2004 година во Стразбур, Франција. Првата седница на Генералното собрание беше одржана во септември, 2005 година, во Скопје. Од март 2007 година, НАЛАС има секретаријат, чиешто седиште е во Скопје, во зградата на ЗЕЛС „Куќата на општините”, во приземниот дел. Во рамките на НАЛАС се формирани неколку работни единици, кои ги раководи по една асоцијација што е нејзина членка, а ЗЕЛС е задолжен за активностите во НАЛАС од областа развој на асоцијациите. Работната задача на оваа единица е да воспостави системи за најдобро работење на обуките за општински службеници и за избрани лица, размена на најдобра практика, воспоставување соработка на разни структури на вработени во асоцијациите, воведување систем на стандарди во асоцијациите, размена на искуства во однос на искористување на фондовите на ИПА , како и обука и тренинг за тие фондови. За воспоставување поинтензивна соработка и размена на информации и на искуства меѓу општините е воспоставен Центар на знаење на НАЛАС (Кноњледге Центре).

Делегати и нивни заменици во Генералното собрание на НАЛАС:

  1. Коце Трајановски, градоначалник на Град Скопје - делегат
  2. Бајрам Кадриу, градоначалник на општина Врапчиште - делегат
  3. Тони Трајковски, градоначалник на општина Гази Баба – заменик-делегат
  4. Милосим Војноски, градоначалник на општина Македонски Брод - заменик-делегат

ЦЕМРСоветот на европските општини и региони постои повеќе од 50 години, а ЗЕЛС се зачлени на почетокот на 2004 година. Најголемиот дел од активностите на ЦЕМР се финансирани од членарина на нејзините членки, но и од Европската комисија и најмногу се насочени кон земјите што се членки на ЕУ Нејзини членки се повеќе од 50 национални асоцијации на градови, општини и региони од 37 земји, кои заедно претставуваат околу 100.000 локални и регионални власти. Во дел на одредени проекти, многу активно учествува и ЗЕЛС. Може да се издвои проектот за рамноправност на половите во локалната самоуправа, од каде што произлезе Декларација за рамноправно учество на жените и на мажите во локалната самоуправа. Таа беше усвоена од Управниот одбор и препорачана до сите општини. ЗЕЛС е активно вклучен и во проектот за збратимување на европските општини, за што ЦЕМР направи веб-страница, а администрацијата на ЗЕЛС направи комплетен превод на македонски јазик. Целта е сите општини во Македонија да можат активно да ја користат оваа алатка во идните процеси на збратимување со европските општини. Претставник на ЗЕЛС во ЦЕМР – Совет на локални и на регионални власти на Европа е Зоран Алексов, градоначалник на општина Штип.

ЦЛАРЕ - Конгрес на локални и на регионални власти на Европа, при Совет на Европа

Конгресот на локални и на регионални власти на Европа со седиште во Стразбур е едно од трите основни тела на Советот на Европа, покрај Комитетот на министри, одлучувачко тело на организацијата, Парламентарното собрание, движечка сила за европска соработка и Конгресот, што претставува глас на европските региони и општини. Делегати и заменици во Конгресот на локални и на регионални власти при Советот на Европа

  1. Владимир Талески, градоначалник на општина Битола - делегат
  2. Зоран Заев, градоначалник на општина Струмица - делегат
  3. Енвер Пајазити, градоначалник на општина Брвеница - делегат
  1. Ирена Мишева, советник во Град Скопје – заменик-делегат
  2. Иван Франгов, градоначалник на општина Гевгелија – заменик-делегат
  3. Назмие Идризи,советник во општина Тетово - заменик-делегат

Заеднички консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европска унија

На продолжението на првата седница на Управниот одбор, одржана на 21 мај 2009 година, беа избрани и именувани 11 претставници во Комитет на регионите на Европската унија и нивни заменици, а за копретседавач е избран Зоранчо Алексов, градоначалникот на Општина Штип. Целта на оваа група претставници на локалните власти е да се оствари поблиска соработка со Комитетот на региони, еден од трите клучни столба на Европската унија. Формираниот Заеднички консултативен комитет на Европската унија и на Македонија веќе оствари четири средби, од кои две беа во нашата земја и две во Брисел.

Номинација на делегати и на нивни заменици во Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европска унија:

Делегати:

  1. Зоран Алексов, градоначалник на општина Штип
  2. Владимир Тодоровиќ, градоначалник на општина Центар
  3. Владимир Талески, градоначалник на општина Битола
  4. Ивица Коневски, градоначалник на општина Аеродром
  5. Марјан Ристески, градоначалник на општина Прилеп
  6. Сади Беџети, градоначалник на општина Тетово
  7. Фати Исени, градоначалник на општина Студеничани
  8. Исмаил Јајоски, градоначалник на општина Пласница
  9. Ванчо Србакоски, градоначалник на општина Вранештица
  10. Ратко Димитровски, градоначалник на општина Кочани
  11. Ѓоко Сајковски, советник на општина Кичево

Заменици :

  1. Ѓоко Камчев, советник во општина Валандово
  2. Звонко Спасовски, советник во општина Кочани
  3. Роберт Велков, градоначалник на општина Радовиш
  4. Дарко Митевски, градоначалник на општина Демир Капија
  5. Стојан Лазарев, градоначалник на општина Конче
  6. Иван Франгов, градоначалник на општина Гевгелија
  7. Горан Петров, градоначалник на општина Велес
  8. Милосим Војнески, градоначалник на општина Македонски Брод
  9. Руфи Османи, градоначалник на општина Гостивар
  10. Абдула Бајрамоски, градоначалник на општина Долнени
  11. Исен Асани, градоначалник на општина Теарце

АЛДА е Асоцијација на агенциите за локална демократија, формирана е во Стразбур, а седиштето ù се наоѓа во Италија. Остварува активна соработка со своите канцеларии отворени во регионот, а седиштето во Македонија се наоѓа во зградата на ЗЕЛС. АЛДА и ЗЕЛС остваруваат заеднички проект, финансиран од регионот Долна Нормандија, чијшто концепт се заснова на заедничка соработка во граѓанското учество, збратимувањето на општините и на други активности.


Преземени вести
Се чека на официјално известување од Интерпол за да се побара екстрадиција на Јакупи - Нацист
(07.09.2010)
Македонија која има распишано меѓународна потреница по Лирим Јакупи-Нацист ќе побара негова екстрадиција веднаш штом добие официјална информација од Интерпол за тоа каде точно се наоѓа. Откако ќе пристигне известувањето Министерството за правда ќе почне со постапките за упатување барање за екстрадиција, со потребната документација за извршени кривични дела.
 
Собранискиот Деловник утре пред пратенциите
(07.09.2010)
Измените на Деловникот на Собранието ќе се најдат пред пратениците на утрешната пленарна седница. Тоа е договорено денеска на координација кај претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски, на која по неколкунеделен бојкот, присуствуваа и претставници на опозицијата.
 
Трајан Басеску сака да го преиспита договорот со ММФ
(07.09.2010)
Претседателот на Романија, Трајан Басеску денеска изјави дека земјата во октомври би требало да го преиспита договорот за заем со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
 
Во Авганистан убиен познатиот новинар Сајед Хамид Нури
(07.09.2010)
Авганистанската полиција го истражува убиството на познатиот новинар Сајед Хамид Нури, кој бил неколкупати прободен со нож и обезглавен.
 
Лебот нема да поскапи, тврдат мелничарите
(07.09.2010)
Состојбата во мелничко-пекарската индустрија не е алармантна иако пченица нема зашто производителите ја чуваат за стоката поради скапата пченка, велат преработувачите
 
Во Скопје изложба на фотографии за Брисел
(07.09.2010)
Во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска беше отворена изложба на фотографии насловена „ЦО2 бесконечноста на Брисел“, во рамки на програмата „Престој на уметници во Брисел“.
 
На 8 септември фолклорен фестивал „ПРЕСПА 2010“
(07.09.2010)
 
Охридските бродари поднеле барања за сертификат за пловидба
(07.09.2010)
 
Комисијата за финансирање и буџет даде поддршка на измените на Законот за платен промет
(07.09.2010)
 
Македонски национален ден утре на „Шангај експо 2010“
(07.09.2010)
 
Новиот амбасадор на Шведска Ларс Валунд ги предаде копиите од акредитивните писма
(07.09.2010)
 
Затворен стечајот на прилепски „Металец“, најавено рестартирање
(07.09.2010)
 
Во Битола донесен детален урбанистички план за касарната „Стив Наумов“
(07.09.2010)
 
Босанската полиција откри голем импровизиран магацин со оружје
(07.09.2010)
 
Бесплатни учебници за албанските Македонци и Грци
(07.09.2010)
 
Хрватските синдикати собрале доволен број потписи за референдум
(07.09.2010)
 
Лисоволик: Србија ги исполни сите услови на ММФ
(07.09.2010)
 
Трајан Басеску сака да го преиспита договорот со ММФ
(07.09.2010)
 
Локалните избори во Албанија ќе се одржат на 8 мај 2011 година
(07.09.2010)
 
Во Србија ќе се пребројуваат и бездомниците
(07.09.2010)
 
Кинески пилоти го фалсификувале работното искуство
(07.09.2010)
 
НАТО бара уште 2.000 војници во Авганистан
(07.09.2010)
 
Во Авганистан убиен познатиот новинар Сајед Хамид Нури
(07.09.2010)
 
Либерман е против продолжување на мораториумот
(07.09.2010)
 
Во Камерун над 300 луѓе починаа од колера
(07.09.2010)
 
Нова тропска бура се формира над Мексиканскиот Залив
(07.09.2010)
 
На Нов Зеланд продолжена вонредната состојба поради дополнителните потреси
(07.09.2010)
 

Гласило


Архива на ЗЕЛС
http://arhiva.zels.org.mk/


© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.