ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
         Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија - ЗЕЛС


Процесите на реализација на Уставно загарантираните демократски принципи и развојот на локланата самоуправа како темелна вредност на Уставот на Република Македонија, претставува предизвик за што поголема заложба во создавањето на амбиент за реализација на вредностите издигнати на степен на националнен консензус. Со усвојувањето на Уставните амандмани за измена на Уставот се отвори дополнителен простор за процесите на децентрализација. Никој не можеше да предвиди дека тоа ќе има толку големо влијание врз развивањето на свеста на луѓето за значењето на локалните вредности, како на идивидуално, така и на национално ниво. Тоа се потврди како израз на најширок национален консензус околу основните постулати за обврска на Републиката да го почитува остврувањето на правата на граѓанинот на сите степени.

ЗЕЛС, како своевиден центар во кој се координираат активностите за подобрување на работењето на единиците на локаланта самоуправа, со цел што посуштинска реализација на стремежите и заложбите за подигнувањето на квалитетот на демократското остварување на процесите од локален карактер, има огромно значење.

Денес, бројни инцијативи и активности секојдневно се реализираат со голема динамика, одразувајќи ја полната подготвеност за соочување со предизвиците. Овие процеси на реализација на Уставно загарантираните демократски принципи, се претопија во тесна соработка помеѓу Централната и локалната власт, што резултираше со усвојување оперативна програма за децентрализација на власта и потпишување на Меморандум за соработка помеѓу Владата на Република Македонија и Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија, изразувајќи притоа, целосен респект кон вредностите утврдени во Европската повелба за локална самоуправа.

Меморандумот за соработка претставува голем чекор кон воспоставување на основата на идната правна рамка за реализација на тенденциите за децентрализација во духот на демократските процеси, а оперативната програма за децентрализација на Владата на Република Македонија претставува базичен документ за бројните и интензивни активности кои во овој период се случуваат во нашата земја на ова поле.

ЗЕЛС е непрофитна организација и единствена национална асоцијација, во која на доброволна основа членуваат сите 84 општини и Градот Скопје, како посебна единица на локалната самоуправа. Таа е основана на 26 април, 1972 година, датум, што во Сатутот на ЗЕЛС е прогласен за Ден на општинитe.

ЗЕЛС, ги обединува сите 84 општини во Република Македонија и Градот Скопје како нејзини членки. За реализација на целите кои недвојбено се единствени, ЗЕЛС пронајде механизми за активно вклучување на сите интелектуални и технички капацитети на општините формирајќи посебни комисии кои ги опфаќаат сите сфери на децентрализацијата.

За ефикасно функционирање, согласно Статутот, ЗЕЛС ги има следните органи:

-Генерално собрание, составено од сите 85 градоначалници

-Управен одбор, раководен од 19 членови

-Надзорен одбор, составен од пет члена и

-Комитет на советите, составен од 12 члена

Поддршка на работата на овие тела дава администрацијата на ЗЕЛС, со 15 вработени. Во текот на процесите на соработка, ЗЕЛС состави широка листа на експерти од различни области кои по потреба би се ангажираlе за давање на свои експертски мислења.

ЗЕЛС дејствува и на меѓународно ниво. Таа е членка на: ЦЛРАЕ - Конгрес на локалните и регионалните власти на Советот на Европа, ЦЕМР - Конгрес на европските општини и региони, НАЛАС-Мрежата на националните асоцијации на локални власти од земјите во Југоисточна Европа, АЛДА-Асоцијација на агенции за локална демократија и на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија.

ЗЕЛС придонесува за развојот на локалната демократија и успешното спроведување на децентрализацијата на власта и дава активен придонес во напорите и залагањата на нашата земја за влез во Европската унија и во НАТО. Поткрепа на ова е фактот што во извештаите на Советот на Европа, за напредокот на нашата земја, активностите на ЗЕЛС се претставени како исклучително важни за развојот на процесот на децентрализацијата во земјата.

ЗЕЛС беше во фокусот на интересот и во периодот на градењето на регулативата за децентрализација на власта, но и сега во процесот на имплементирање на бројните надлежности на општините. Кратката историја на сложената децентрализација уште на почеток го покажа тешкиот пат што треба да се изоди за да се досегне титулата европска општина или општина по мерка на граѓаните. Почетокот на соочувањето со овој процес, неминовно исфрли на површина многу проблеми, голема неизвесност и неподготвеност во спроведувањето на децентрализацијата. Нови надлежности, недоволно обучена администрација, скудна финансиска поткрепа за реализација на добиените одговорности, наследени долгови, се само дел од жешкиот костен што го прифатија општините. На тој пат, ЗЕЛС успеа постепено да ги амортизира тешкотиите за надминување на проблемите преку бројни активности, со што постигнува бројнии успеси на ова поле.

ЗЕЛС денес, одлучното ги застапува интересите на единиците на локалната самоуправа пред централната власт. Претставници на ЗЕЛС остваруваат средби со Премиерот и со министрите од Владата, со претседателот на Собранието на РМ, каде се изнесуваат ставовите на локалните власти за сите значајни прашања и предизвици, при што истовремено се нудат и конкретни иницијативи и решенија. ЗЕЛС успеа да отвори нова димензија во застапувањата на поволни законски решенија за општините, преку иницијативата за формирање на парламентарна Комисија за локална самоуправа во Собранието на РМ.

ЗЕЛС ќе продолжи со зацртаните цели за афирмација на локалните демократски вредности, продлабочувајќи ја веќе воспоставената соработка со бројни субјекти и ќе биде предводник во решавањето на актуелните прашањата од значење за општините и во иднина. Пред нас претстојат предизвици кои се значајни за продолжување на демократскиот амбиент во кој се одвиваа процесите на локално ниво, особено потребната дополнителна енергија и посветеност во процесите на евроинтеграцијата. ЗЕЛС задржувајќи ја традицијата на работа врз принципите на деполитизираност, рамноправност на членките, лојалност, политичка независност, а работејќи професионално и по европски стандарди ќе придонесува во развојот на демократско општество со силна локална самоуправа во Република Македонија.


Преземени вести
Се чека на официјално известување од Интерпол за да се побара екстрадиција на Јакупи - Нацист
(07.09.2010)
Македонија која има распишано меѓународна потреница по Лирим Јакупи-Нацист ќе побара негова екстрадиција веднаш штом добие официјална информација од Интерпол за тоа каде точно се наоѓа. Откако ќе пристигне известувањето Министерството за правда ќе почне со постапките за упатување барање за екстрадиција, со потребната документација за извршени кривични дела.
 
Собранискиот Деловник утре пред пратенциите
(07.09.2010)
Измените на Деловникот на Собранието ќе се најдат пред пратениците на утрешната пленарна седница. Тоа е договорено денеска на координација кај претседателот на законодавниот дом Трајко Вељаноски, на која по неколкунеделен бојкот, присуствуваа и претставници на опозицијата.
 
Трајан Басеску сака да го преиспита договорот со ММФ
(07.09.2010)
Претседателот на Романија, Трајан Басеску денеска изјави дека земјата во октомври би требало да го преиспита договорот за заем со Меѓународниот монетарен фонд (ММФ).
 
Во Авганистан убиен познатиот новинар Сајед Хамид Нури
(07.09.2010)
Авганистанската полиција го истражува убиството на познатиот новинар Сајед Хамид Нури, кој бил неколкупати прободен со нож и обезглавен.
 
Лебот нема да поскапи, тврдат мелничарите
(07.09.2010)
Состојбата во мелничко-пекарската индустрија не е алармантна иако пченица нема зашто производителите ја чуваат за стоката поради скапата пченка, велат преработувачите
 
Во Скопје изложба на фотографии за Брисел
(07.09.2010)
Во НУБ „Свети Климент Охридски“ во Скопје денеска беше отворена изложба на фотографии насловена „ЦО2 бесконечноста на Брисел“, во рамки на програмата „Престој на уметници во Брисел“.
 
На 8 септември фолклорен фестивал „ПРЕСПА 2010“
(07.09.2010)
 
Охридските бродари поднеле барања за сертификат за пловидба
(07.09.2010)
 
Комисијата за финансирање и буџет даде поддршка на измените на Законот за платен промет
(07.09.2010)
 
Македонски национален ден утре на „Шангај експо 2010“
(07.09.2010)
 
Новиот амбасадор на Шведска Ларс Валунд ги предаде копиите од акредитивните писма
(07.09.2010)
 
Затворен стечајот на прилепски „Металец“, најавено рестартирање
(07.09.2010)
 
Во Битола донесен детален урбанистички план за касарната „Стив Наумов“
(07.09.2010)
 
Босанската полиција откри голем импровизиран магацин со оружје
(07.09.2010)
 
Бесплатни учебници за албанските Македонци и Грци
(07.09.2010)
 
Хрватските синдикати собрале доволен број потписи за референдум
(07.09.2010)
 
Лисоволик: Србија ги исполни сите услови на ММФ
(07.09.2010)
 
Трајан Басеску сака да го преиспита договорот со ММФ
(07.09.2010)
 
Локалните избори во Албанија ќе се одржат на 8 мај 2011 година
(07.09.2010)
 
Во Србија ќе се пребројуваат и бездомниците
(07.09.2010)
 
Кинески пилоти го фалсификувале работното искуство
(07.09.2010)
 
НАТО бара уште 2.000 војници во Авганистан
(07.09.2010)
 
Во Авганистан убиен познатиот новинар Сајед Хамид Нури
(07.09.2010)
 
Либерман е против продолжување на мораториумот
(07.09.2010)
 
Во Камерун над 300 луѓе починаа од колера
(07.09.2010)
 
Нова тропска бура се формира над Мексиканскиот Залив
(07.09.2010)
 
На Нов Зеланд продолжена вонредната состојба поради дополнителните потреси
(07.09.2010)
 

Гласило


Архива на ЗЕЛС
http://arhiva.zels.org.mk/


© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.