ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
14 септември 2018
Претседателите на општинските совети, на 13 септември, 2018 година во хотелот „Континентал“ учествуваа на работилница што се реализираше во рамките на Проектот „Зајакнување на општинските совети“, што го спроведува Програмата за развој на Обединетите нации (УНДП) во партнерство со ЗЕЛС, со Здружението на финансиски работници, UN Women, МЛС и МФ, а со финансиска поддршка на Швајцарската Агенција за развој и соработка.
14 септември 2018
Преку овој повик за изразување на интерес за учество во проектот „Зајакнување на општинските совети“, ќе се изберат дополнителни 9 општини кои ќе бидат вклучени во проектот од јануари 2019 година. Времетраењето на активностите со новите девет селектирани општини е 18 месеци, и истите е предвидено да започнат со имплементација во јануари 2019 год. и да завршат во јуни 2020 год.
13 септември 2018
ОГЛАС за вработување на определено време на: Советник - Преведувач; Кандидатите кои се заинтересирани за работа како Советник -преведувач од македонски на албански јазик и обратно потребно е да имаат завршено Филолошки факултет, или друго високо образование, и претходно искуство како преведувач од најмалку 2 години. Работното место претпоставува извршување на писмен и усмен превод (симултан и консекутивен), односно превод на тековната документација на Заедницата од македонски на албански јазик и обратно за потребите на органите и телата на ЗЕЛС и преписката со членството, како и вршење на симултан и консекутивен превод во рамките на тековното работење на ЗЕЛС. Од кандидатите се бара исклучително добро познавање на работа со компјутер како и одлично познавање на англиски јазик, кој е задолжителен како услов. Кандидатите ќе бидат оценувани и според способноста за тимска работа и работа на кратки рокови.
11 септември 2018
„-Сите активности на Република Македонија се насочени кон отворање на датумот на преговорите за членство во Европската Унија. Убеден сум дека на 30 септември, граѓаните ќе се определат за Унијата, со што ќе влеземе во поинтензивни реформи, меѓу кои и оние на локално ниво. Една од клучните приоритети на сите единици на локалната власт, односно на ЗЕЛС е обезбедување на поголема финансиска независност на општините. Всушност и една од темите на овој состанок е посветена токму на ова значајно прашање. Залагањата на ЗЕЛС се насочени кон сериозна ревизија на тринаесетгодишното имплементирање на локалното владеење и фискалната децентрализација, забрзување на процесот на обезбедување на повеќе средства за општините за спроведување на префрлените надлежности, креирање на механизми за максимално собирање на сопствените извори на приходи и креирање на нови политики на локалните давачки. Особено е недозволиво што имаме општини кои на крајот од годината имаат минимално салдо на собрани средства од сопствените даноци, или општини кои од 2005 година не направиле репроценка на вредноста на имотите на нивните подрачја, што претставува основа за утврдување на еден од најзначајните даноци на локалната власт. Во целиот овој процес вашите искуства на ова поле ќе ни бидат од посебно значење.“
10 септември 2018
Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) на 11 септември, 2018 година, во Скопје, во хотелот „ Александар Палас“ ќе ја одржи петнаесетта седница, со почеток во 09.00 часот. Состанокот ќе го водат двајцата ко-претседавачи, по еден од двете страни, Благој Бочварски, градоначалник на општина Штип, претставник од нашата земја и Јасна Габриќ, градоначалник на Општина Трбовље, Словенија, претставник од Комитетот на региони на ЕУ. Овој настан се одржува во организација на ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа, во соработка со ЗКК.
5 септември 2018
Програмата за директна помош (ДАП) при Австралиската Амбасада во Белград е отворена за доставување на предлог-проекти од три земји: Србија, Република Македонија и Црна Гора. Програмата е достапна за невладини организации, граѓански организации, како и организации кои бараат средства за спроведување на активности/проекти, кои ги опфаќаат следните приоритети: · Промовирање на човековите права, слобода на изразување и добро владеење · Промовирање на родовата еднаквост и зајакнување на жените, како двигатели на економскиот раст · Поттикнување на инклузивноста на лицата со посебни потреби. ДАП претставува флексибилна програма за мали грантови, кои се финансирани од Австралискиот буџет за помош, како и управувани од Австралиската Амбасада во Белград. Апликациите треба да се испратат по електронска пошта најдоцна до 30 септември на следната електронска адреса: belgrade.embassy@dfat.gov.au. Формуларот за апликација и инструкциите може да се најдат на електронската адреса:https://serbia.embassy.gov.au/bgde/direct-aid-program.html, а дополнителни информации за австралиската програма за директна помош се наоѓаат на: https://dfat.gov.au/people-to-people/direct-aid-program/Pages/direct-aid-program.aspx. Избраните кандидати ќе бидат контактирани во месец октомври, 2018 година.
5 септември 2018
Собранието на Република Македонија, на 3 септември 2018 година, на 58 седница, го усвои предлогот на Закон за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, со кој се врши уредување на начинот на остварување на правото на бесплатен превоз на учениците од основните и од средните училишта, во рамките на општинскиот и меѓу-општинскиот линиски превоз. Станува збор за иницијатива што ја покрена ЗЕЛС, за решавање на предизвиците со кои се соочуваат локалните власти при спроведувањето на надлежностите во образованието, а пред се во делот на превозот на учениците, каде голем број на општини имаат наталожено огромни долгови.

Погледнете во нашата архива на вести
Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.