Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава

Вести


14 мај 2020
ЗЕЛС се приклучува во кампањата за превенција и заштита од семејно насилство, подготвена од Министерството за труд и социјална политика во соработка со Мисијата на ОБСЕ во Скопје, за чија цел е изработено ова видео за информирање на општата јавност и на жртвите на семејно насилство.
15 април 2020
Во организација на ЗЕЛС, на 10 март 2020 година беше одржан координативен состанок со претставници од меѓународните организации во нашата земја кои работат на унапредување на родовата еднаквост на локално ниво. На состанокот, што се одржа во административната зграда на ЗЕЛС, присуствуваа претставници од UN Women- Телото на Обединетите нации (ОН) за родова еднаквост и зајакнување на жените, од УНДП во Скопје, од Мисијата на ОБСЕ во Скопје, од канцеларијата на ГИЗ во Скопје, како и претставници од Министерство за труд и социјална политика (МТСП). Пред присутните, извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, посочи дека станува збор за долгогодишна практика што ја применува ЗЕЛС при соработката со меѓународните и домашните институции во насока на заедничко креирање и насочување на активностите според потребите на локалната самоуправа, а што овозможува одбегнување на ризик од преклопување на исти активности. Таа говореше за поддршката што ЗЕЛС им ја дава на општините, а особено ја нагласи улогата на неодамна формираната ,,Лоби група за родова еднаквост на ЗЕЛС“, составена од избрани функционери (градоначалнички, градоначалници и претседателки и претседатели на општински совети).
8 април 2020
Поради состојбите во земјата со вирусот COVID 19 се одлучивме „ Годишниот извештај на ЗЕЛС за 2019 година“ засега да го обезбедиме само во „on line“ верзија, не и во печатена форма. Ова петнаесетто по ред издание претставува уште една дополнителна алатка преку која ЗЕЛС на транспарентен начин ги прикажува активностите и резултатите реализирани во текот на годината, како и приходите, расходите и ревизорскиот извештај за 2019 година.
7 април 2020
Гласилото на ЗЕЛС за периодот јануари/март го подготвивме само во „on line“ верзија. Состојбите со вирусот COVID 19 во нашата земја се главната причина зошто се одлучивме овој број на весникот да не го печатиме и дистрибуираме, а сепак да ве информираме за активностите реализирани во првиот квартал од годината. Во овој период беше дефиниран и ставен во функција Планот за обуки за 2020 година, наменет за општинската администрација и локалните функционери. Тој се подготвуваше во консултација со општините, за што беше свикана и работилница во ЗЕЛС на која беа поканети претседателите на професионалните мрежи во ЗЕЛС и претставници од одделенијата за човечки ресурси од општините.
2 март 2020
Осумдесет општини и градот Скопје потпишаа меморандум за соработка со Министерството за транспорт за изградба и санација на локални патишта. Станува збор за директна, неповратна помош за единиците на локалната самоуправа во висина од околу 70 милиони евра, што Владата на РСМ ги обезбеди преку Светска банка, за реализација на Проектот „Поврзување со локални патишта“. Се предвидува да се рехабилитираат и изградат околу 450 километри локални патишта кои ќе обезбедат поквалитетна патна инфраструктура, олеснета комуникација меѓу населените места, подобар живот за граѓаните и подобрени услови за развој на локалната економија. Општините ќе добијат различна сума на средства што се движи меѓу 500 илјади евра до два милиони евра, во зависност од критериумите утврдени во методологијата, во која како поважни се земени:број на жители, број на населени места во општината, број на регистрирани возила во општината и друго, како и во зависност од проектот со кој ќе аплицираат. Секоја општина сама ќе ги распределува средствата во зависност од своите приоритети.
28 февруари 2020
На 27.02.2020 година во ЗЕЛС Тренинг Центарот во Скопје, по иницијатива на ЗЕЛС се одржа работилница на која учествуваа координаторите за еднакви можности помеѓу жените и мажите во општините со државниот секретар во Министерството за труд и социјална политика, Јована Тренчевска и претставничка од Секторот за еднакви можности од оваа институција, а присуствуваше и претставник од подржувачите на овие активности од Телото на UN Women во Скопје. Претставничката од ЗЕЛС ги охрабри присутните координатори за еднакви можности да ги претстават предизвиците и дилемите со кои се соочуваат при исполнување на оваа обврска од Законот за еднакви можности на жените и мажите за правилно пополнување на Извештајот што како форма е даден од МТСП и каде треба навремено да се известува за напредокот за родовата еднаквост во општините. При тоа беше истакнато дека на овој начин треба да се надминат пречките со кои се соочуваат координаторите во општините при спроведувањето на активностите за родова еднаквост во општините, а особено при известувањето за напредокот и промените во оваа област на локално ниво. Исто така беше потенцирано дека има општини кои имаат изработено и доставено добри извештаи, а по оваа средба се очекува тој број да се зголеми.
21 февруари 2020
ЗЕЛС во соработка со Министерството за транспорт и врски, во текот на месец февруари, за претставниците од локалната власт отвори нов циклус за стекнување со лиценца за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште. Во согласност со измените на Законот за градежно земјиште, (објавени во Службен весник на РСМ“ број 275 од 27, декември 2019 година), од 1 мај, 2020 година сите единиците на локалната самоуправа се должни да ја преземат оваа надлежност. Тоа значи дека и преостанатите дваесетина општини треба да ги реализираат сите законски услови за да се стекнат со правото да управуваат со државното градежно земјиште, меѓу кои е и обврската да имаат соодветен број на лиценцирани вработени кои ќе ја водат постапката за отуѓување и давање под закуп на ова земјиште. Во текот на месец февруари, исто така, беше организирано и полагање на испитот за кандидатите кои во јуни минатата година ја проследија оваа обука, а можност да полагаат им беше дадена и на претставниците од локалната власт кои на претходната сесија не го положиле испитот.
21 февруари 2020
До националните делегации на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа стигна информација за започнувањето на повикот за номинации за Наградата за човекови права „Вацлав Хавел 2020“, што ќе ја додели парламентарното Собрание на Советот на Европа на 12, октомври 2020 година во Стразбур, првиот ден од својата есенска сесија.
19 февруари 2020
Резултати од полагање на испит за стекнување со овластување за управување со градежно земјиште 19.02.2020 - Практичен дел
14 февруари 2020
Резултати од полагање на испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Северна Македонија-одржано на ден 14.02.2020

Погледнете во нашата архива на вести
Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.