ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Прес конференција во ЗЕЛС за Програмата за јавни работи
8 јуни 2012

Претседателството на ЗЕЛС, на 08-ми јуни (петок), 2012 година, во 12 часот, во просториите на ЗЕЛС ќе се сретне со заменик на претседателот на Владата на Република Македонија и министер за финансии, Зоран Ставрески, со министерот за локална самоуправа, Невзат Бејта и со министерот за труд и социјална политика, Спиро Ристовски.

Претставниците од локалната и централната власт на средбата ќе дискутираат за актуелни прашања во насока на натамошно успешно развивање на процесот на децентрализацијата во нашата земја, при што особено внимание ќе се посвети и на разгледување на последните владини мерки за ангажирање на невработени лица, особено оние поврзани со Програмата за јавни работи.

Веднаш по завршувањето на состанокот, во 13 часот, ќе се одржи кратка прес конференција на која ќе бидат изнесени донесените ставови.

ЗЕЛС го поканува Вашиот медиум, да присуствуваат на прес конференцијата, која ќе се одржи во 13.00 часот, на 08 јуни, 2012 година, на најгорниот кат од административната зграда на ЗЕЛС, (улица Женевска, во населбата Тафталиџе 2).



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.