Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Одолговлекувањето на постапката за донесување на урбанистичките планови - најголем предизвик за општините
3 април 2019
 

 

Благој Бочварски, градоначалникот на Општина Штип, беше избран за претседател на Комисијата за урбанизам и просторно планирање при ЗЕЛС, на конститутивната седница што беше одржана на 28 април, 2019 година. Членовите на Комисијата го нагласија најголемиот предизвик со кој се соочуваат сите локални власти, а тоа е долгиот временски период на донесување на урбанистичките планови, од причини што институциите надлежни за давање на мислење по истите не ги почитуваат роковите. Во таа насока беше истакнат и предизвикот со кој се соочува Општина Струга при донесувањето на урбанистички план, за кој се чека потребното мислење од Комисијата за управување со светското природно и културно наследство во Охридскиот регион. Стана збор и за рестриктивните одредби за начинот на градење во заштитените подрачја, па често инвеститорите го губат интересот и се откажуваат, а општината губи можности за развивање на локалната економија. Бавното усвојување на урбанистичките планови, според присутните, претставува дополнителен поттик и за градење на бесправни објекти.

Присутните дискутираа и за новиот Предлог- закон за урбанистичко планирање кој е во собраниска процедура. Особено, стана збор за одредбата со која се дава можност општината која е со седиште во град и има повеќе од 80.000 жители, вклучително и градот Скопје, како посебна единица на локалната власт, да основа јавна установа за урбанизам за вршење на работите од областа на урбанистичкото планирање. Присутните посочија дека треба да се размисли да се намали утврдениот број на жители, односно тоа да може да се однесува и на општини со над 60.000 жители, или најголемата општина во планскиот регион да има вакви надлежности и да ги покрива останатите локални власти во регионот. Присутните беа информирани дека ажурирањето на геодетските подлоги не треба да биде на товар на донесувачот на планот, како што е регулирано со постојните законски одредби и дека овој став на ЗЕЛС треба да се иницира повторно пред надлежните институции. Исто така, стана збор и за роковите за спроведување на јавна анкета во постапката за донесување на деталните урбанистички планови, каде при секое усвојување на урбанистички план може да има различна потреба од времетраењето на јавната анкета. Присутните ја изнесоа и потребата за зголемување на пропишаниот минимален број на вработени во јавните установи за вршење на работите од урбанистичкото планирање, односно да се предвиди број на вработени од најмалку 10 или 15 лица. Притоа, како сериозен предизвик за локалните власти беше посочен и недостатокот на градежни инспектори. Во поглед на иницијативите за изработка, односно изменување и дополнување на урбанистички план поднесени од страна на заинтересирани лица, беше посочено дека заради одбегнување на административните обврски и можните дополнителни трошоци за општините, би било подобро потребните набавки да ги спроведуваат поднесувачите на иницијативите, а не општините.

Членовите на Комисијата заклучија дека со цел утврдување на координирани ставови потребно е детално разгледување на Предлог-законот за урбанистичко планирање, како и на Законот за градење и Правилникот за стандарди и нормативи за урбанистичко планирање, со цел да се избегне нецелосна примена и различно толкување на одредбите кои произлегуваат од нив. Во насока на разгледување и на другите предизвици со кои се соочуваат општините при спроведувањето на постапките за донесување на урбанистичките планови беше заклучено во најкраток рок да се иницира одржување на работна средба со стручни лица од Министерството за транспорт и врски, на која би се повикале и претставници од академската фела од оваа област.

Членовите на Комисијата дискутираа и за постапувањето со бесправно изградените објекти, како голем проблем со кој се соочуваат општините и беа информирани за предлогот што го донесе Управниот одбор на ЗЕЛС на последната седница. Во контекст на утврдувањето на правниот статус на бесправните објекти, беше посочен и предлогот да им се даде можност на општините за оние објекти за кои не е поднесено барање за утврдување на статус, општините да можат по службена должност да поведат постапка за регулирање на правниот статус на бесправно изградените објекти, каде како категорија би биле одземени социјалните случаи, а со цел регулирање на правата на сопственост.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.