ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ЗЕЛС одбележува Јубилеј - 40 години од основање
23 април 2012
 ЗЕЛС на 26 април, 2012 година, ќе го одбележи Јубилејот -40 години од своето основање. По тој повод, на на 26 април, 2012 година, во хотелот ,,Холидеј Ин “ со почеток во 12 часот, ќе се одржи АКАДЕМСКИ ЧАС, со кој ќе се одбележи овој значаен датум за Заедницата и нејзините членки –општините, но значаен и за целокупниот процес на децентрализацијата во нашата земја. Во Статутот на ЗЕЛС , 26 Април е прогласен за Ден на ЗЕЛС и Ден на општините во земјата .

На присутните , во името на Заедницата ќе им се обрати актуелниот претседател на ЗЕЛС, Коце Трајановски, Тој во својот говор накратко ќе потсети на историскиот развој и почетоците на формирањето на тогашната Заедница на општини и градови на Македонија ( ЗОГМ), во далечната 1972 година. Ќе говори за структурните промени на Заедницата во овој четириесетгодишен период, но и за политичките и општествени состојби на локалното владеење во земјата. Нема да изостанат и набројувањата на најзначајните успеси на ЗЕЛС во изминатите седум години од воспоставувањето на децентрализацијата на власта, при што накратко ќе бидат посочени и идните правци на дејствување.

На свеченоста се поканети голем број претставници во некогашните структури на заедницата кои имале значаен придонес во нејзиниот развој и актуелните градоначалници , членови на највисокиот орган на ЗЕЛС- Генералното собрание. Поканети се и претставници на Владата на Република Македонија и Парламентот , а присуство потврдија и претставници од дипломатскиот кор и од меѓународни организации присутни во нашата земја кои се значајни поддржувачи на активностите на Заедницата, како и голем број пријатели на ЗЕЛС, соработници и медиуми.

Во рамките на одбележувањето на Јубилејот, ЗЕЛС издаде и Монографија - ,,40 години во служба на општините“ , чија промоција ќе биде реализирана токму на оваа свеченост . Монографијата претставува 40 годишна меморија за развојот на заедницата, нејзините структурни реформи во контекст на општествено -политичките промени на локалната власт.

Стручното жири ќе ги додели и награди за новинарите, чии текстови беа избрани како најдобри, по отворениот конкурс ,,Награда за новинари“ објавен по повод Јубилејот на ЗЕЛС. Целта на наградите е јавно да се истакнат новинарите кои со своите написи придонесоа за афирмирање на работата на локалната самоуправа, особено оние кои ги препознале и јавно ги објавиле добрите примери од процесот на децентрализација, во периодот од јули, 2005 до март, 2012 година .

За прв пат, ЗЕЛС ќе додели признанија на значајни личности, чие залагање за подобрување и унапредување на работата на општините досега не беше забележано од окото на јавноста, но со чија помош и разбирање многу локални работи беа развивани и унапредени. ЗЕЛС јавно ќе изрази благодарност и на институции кои покажаа голема доверба во активностите што ги преземаше ЗЕЛС и во континуитет и даваа значајна поддршка .

На свеченоста ќе бидат доделени и плакети за победничките фудбалски тимови, од турнирот одржан на 24 април, во салата ,,Борис Трајковски“, во периодот од 12 до 17 часот, меѓу тимовите составени од градоначалници, парламентарци и новинари.

Освен академска, информативна и спортска нота, ЗЕЛС сакаше овој Јубилеј да има и хуманитарна димензија. Затоа за секое земено парче од роденденската торта на ЗЕЛС , предвидено е донирање на парични средства, кои ќе бидат наменети за децата без родители од Домот ,, 11 октомври„ во Скопје.

Лице за контакт: Весна Арсовска-Динковска, советник за односи со јавност во ЗЕЛС, 02/3099033 и 075/364 859

Со почит,

ЗЕЛС



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.