ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Средба на претставници од ЗЕЛС со
19 септември 2012

 Почитувани,

Во административната зграда на ЗЕЛС, на 19 септември, 2012 година , ќе се одржи средба на претставници од ЗЕЛС со европратеникот, г-дин Ричард Ховит (Richard Howitt ), известувач за Република Македонија во Европскиот парламент и со заменик на специјалниот претставник на УНДП, г-дин Алесандро Фракасети (Alessandro Fracassetti). На средбата ќе се дискутира за досегашниот развој и идните активности на локалните власти, во насока на развивање на реформските процеси во децентрализацијата во нашата земја.

По завршување на состанокот, во 16, 30 часот, претставниците од ЗЕЛС, г-дин Ховит и г-дин Фракасети, ќе дадат изјави за медиумите. Ќе ни претставува задоволство доколку Вашиот медиум испрати свој претставник или екипа за проследување на овој настан.

На состанокот ќе присуствуваат потпретседателите на ЗЕЛС : Изет Меџити, градоначалник на Општина Чаир и Зоран Дамјановски, градоначалник на Општина Куманово, како и претседателот на Комисијата за финансирање при ЗЕЛС, Марјан Ѓорчев, градоначалник на општина Кисела Вода. Тие ќе ги запознаат гостите со предизвиците со кои се соочуваат општините во спроведувањето на надлежностите на локалните власти. Исто така ќе се говори и за активностите што ги превзема ЗЕЛС во процесот на лобирањето пред централната власт, за обезбедување на квалитетно извршување на добиените надлежности . При тоа ќе бидат потенцирани неколку суштински приоритети: зајакнување на финансиската независност на локалните власти преку зголемување на процентот од зафаќањето од ДДВ и од персоналниот данок, изградбата на општини по европски терк, меѓу другото и преку воспоставувањето и поголем број електронските услуги и зајакнување на капацитетите на администрацијата во општините со цел обезбедување на поквалитетни услови и услуги за граѓаните. Ќе стане збор и за реализацијата на Акциониот план 2012 -2014, на Програмата за децентрализација, како и за потребата од поголемо внимание на квалитетот и обемот на локалните социјални услуги.

Лице за контакт, Весна Арсовска - Динковска, советник за односи со јавност во ЗЕЛС, тел 02/3099033, локал124 и мобилен 070/364859.

Со почит,

18 септември, 2012 година          Заедница на единиците на локалната

Скопје                           самоуправа во Република Македонија -ЗЕЛС



назад


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE


Гласило

Стратешки план 2011 - 2015


Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.