ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
„Потребна ни е децентрализација што ќе ја отсликуваат финансиски стабилни општини!“
17 декември 2018
 

-„ Крајно време е да разбереме, дека локалната власт е непосредниот давател на услугите на граѓаните. Дека таа најдобро ги знае нивните потреби и најдобро знае да ги одреди приоритетите. Мораме да се преиспитаме, односно да ги преиспитаме сегашните позиции на локалната власт во процесот на децентрализацијата, надлежностите кои ги имаме, средствата што ги добиваме за нивна реализација и сериозно да ги утврдиме следните чекори. Нашите заложби се единствени - продлабочување на децентрализацијата. Подготвени сме за нови предизвици. Но, при тоа потребно ни е адекватно и стабилно финансирање за секоја, досега префрлена и за секоја идна надлежност. Односно, со еден збор, ни треба децентрализација што ќе ја отсликуваат финансиски стабилни општини. Со тоа, во овој момент, воопшто не можеме да се пофалиме. Во ЗЕЛС сериозно сме размислувале во оваа насока, имаме и одредени утврдени предлози и ставови за нови концепциски промени во децентрализацијата, но за тоа се потребни подлабоки анализи, вкрстување на идеи од двете страни и извлекување на најдобрите решенија. По кој пат ќе тргнеме, зависи од сите нас.“

Ова го истакна претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на конференцијата „Децентрализација: Патот што претстои“, што ја организираше ЗЕЛС, со поддршка на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, на 14 декември, 2018 година во хотелот „Александар палас“ во Скопје. Станува збор за средба меѓу претставниците на локалната и на централната власт. Градоначалниците како и претставниците на Комитетот на советите при ЗЕЛС дискутираат со повеќе министри од Владата на Република Македонија, предводени од Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев. Градоначалниците : Аце Коцевски, Теута Арифи, Саша Богдановиќ, Наташа Петровска, Перо Костадинов и Благој Бочварски во името на ЗЕЛС, на присутните министри им ги изнесоа предизвиците со кои се соочуваат локалните власти во повеќе области од својата надлежност и тоа урбанизмот, образованието, културата, детската заштита, противпожарната заштита и финансирањето на локалната власт. На поставените прашања одговори дадоа повеќе министри меѓу кои : заменичката на претседателот на Владата и Министерка за одбрана, Радмила Шекеринска; Министерот за финансии, Драган Тевдовски; Министерката за труд и социјала, Мила Царовска; Министерот за култура, Асаф Адеми, Министерот за транспорт и врски, Горан Сугаревски и заменик министерот за образование и наука, Петар Атанасов. На оваа средба, на која беа отворени важни теми кои се однесуваат на процесот на децентрализација, начините за подигнување на капацитетите на општините и идните правци на соработка помеѓу централната и локалната власт присуствуваа и Министерот за локална самоуправа, Сухејл Фазлиу; Амбасадорот, Клеменс Која, шеф на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, како и други претставници од странските амбасади во земјата.



-„Процесот на децентрализацијата мора да се заокружи на системски начин кој ќе им овозможи на општините да бидат функционални и финансиски стабилни, а од друга страна непречено и квалитетно да ги извршуваат обврските и услугите кон граѓаните.“ рече Претседателот на Владата на Република Македонија, Зоран Заев во своето воведно излагање на конференцијата. Тој посочи дека оваа Влада е сериозен партнер на локалната власт на патот на решавањето на наталожените проблеми на локално ниво и ќе претставува сериозна поддршка во реализација на низа развојни проекти за да можат граѓаните да добиваат навремени, ефикасни и квалитетни услуги. Заев потенцираше дека и на локалната и на централната власт во фокусот им се граѓаните и затоа посветено и двете ќе работат на подобрување на условите за живот и на услугите во сите градови и села во земјата. Премиерот Заев потсети и на досега преземените активности за поддршка на рамномерниот регионален развој, враќањето на наследените долгови на општините, при што најави флексибилност околу спроведувањето на новите законски фискални правила, односно дека нема да се дозволи кочење на развојот на локалната власт.

„Целосно се работи на ревидирање на блок дотациите и во областа на образованието, културата, детската заштита, противпожарната заштита. Во брзо време ќе бидат предложени модели на финансирање на овие надлежности , кои треба да придонесат за поефикасна и одржлива испорака на услугите од страна на општините кон граѓаните. Работиме на тоа да обезбедиме 70 милиони евра од Светска банка за изградба и реконструкција на локални патишта и 50 милиони евра од Европската инвестициска банка за изградба и реконструкција на водоводи и канализации. Станува збор за кредитни линии, кои ќе бидат оперативни уште на почетокот на 2019 година. Во 2019 ќе станат оперативни и средства од ТАВ, повеќе од 35 милиони евра, за тригодишни проекти за водоводи, канализации, детски градинки , училишта и спортски сали во училиштата. Ако направиме некоја груба математика тоа значи дека повеќе од 230 милиони евра ќе се слеат во општините за подмирување на долговите, како и за изградба на локални патишта, канализации и водоводи и градинки.“ рече Премиерот во своето излагање. Тој исто така, посочи дека оваа Влада е подготвена да се развласти, односно да ја продлабочи децентрализацијата со тоа што ќе префрли дел од надлежностите на локално ниво, и тоа особено во културата и социјалната заштита, но се разбира со утврдени, средства за таа намена. При тоа посочи дека и самите локални власти мораат поажурно да работат на собирање на сопствените приходи, особено на данокот на имот и на другите такси, а исто така укажа дека на располагање имаат и средства од ИПА претпристапната помош на Европската Унија за нивен развој и подигнување на капацитетите.

На крајот од своето излагање, Премиерот Заев упати апел до локалните власти дека е многу важно општините да имаат изработено квалитетни и ревидирани проекти кои ќе ги доставуваат до надлежните министерства за да можат да повлекуваат повеќе пари од кредитните линии и да започнат со реализација на проектите. Тоа, според Премиерот Заев, треба да биде значаен приоритет на секоја локална власт, бидејќи и досега многу средства остануваат неискористени токму заради овој сериозен предизвик.

На присутните им се обрати и Министерот за локална самоуправа ,Сухејл Фазлиу, кој посочи на подготвеноста на Владата за поддршка на локалната власт и обезбедувањето на рамномерен регионален развој и дека се подготвуваат значајни анализи за утврдување на можностите за продлабочување на процесот на децентрализацијата , но со финансиски стабилни општини.

Амбасадорот на Мисијата на ОБСЕ во нашата земја, Клеменс Која, истакна дека како и досега и понатаму за Мисијата на ОБСЕ, локалната власт претставува важен сегмент за подигање и продлабочување на демократијата во нашата земја. Тие и понатаму посветено ќе работат на поддршка на локалните власти преку низа проекти. На крајот од Конференцијата Мисијата на ОБСЕ пред присутните ги презентираше досегашните и идни активности што тие ги спроведуваат во нашата земја, а кои претставуваат силна поддршка на капацитетите на локалната власт, во делот на транспарентноста, човечките ресурси, родовата еднаквост, развојот на локалните политики и јакнење на советите на општините.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forimski-moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.