Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
„Осма Конференција на интегративни и одржливи градови“ од 1 до 5 септември, во Дубаи
14 мај 2019
 

Од 1 до 5 септември, 2019 година во Дубаи (Обединети Арапски Емирати) ќе се одржи „ Осма конференција на интегративни и одржливи градови“ . На Конференцијата ќе учествуваат лидери и менаџери од градските власти и од општините, како и од засегнатите владини и бизнис организации и истакнати стручни лица од соодветни области.

Конференцијата ќе се фокусира на развојот на градот, надградбата, стратегиите и решенијата кои можат да одговорат на идните глобални предизвици кои се наметнаа на градовите и заедниците ширум светот и ги истакнува најдобрите глобални практики во општинскиот систем за работа. Ќе биде промовиран развојот на иновативните, одржливи и интегрирани градови и ќе ги обезбеди најнови стратегии и решенија за оддржлив урбан развој во ерата на Четвртата индустриска револуција. Настанот ќе се фокусира и на други стратешки сектори поврзани со интегрираните и одржливите градови и дефинирање на целите на иднината на паметните услуги и мерење на нивото на напредок на општините и градовите и најважните механизми за идно инвестирање во градовите, во ерата на глобалната конкурентност. Сведоци сме на појавата на феноменот на климатските промени, а градовите во моментов се соочуваат со еколошки и климатски предизвици, особено со високи нивоа на врнежи и поплави, така што стратешките реакции на општините и градовите треба внимателно да се преиспитаат.

Со цел создавање на плодна соработка и изградба на силно глобално економско партнерство со Обединетите Арапски Емирати и регионот на Заливот, отворена е поканата за учество на овој многу интересен настан. Во прилог е и официјалното писмо со дополнителни информации на заинтересираните локални власти.



Прилог: 8th GCC Municipalities and Smart Cities Conference- Republic of North Macedonia.doc
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.