Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Делегатите од ЗЕЛС учествуваа на шеснаесеттата седница на ЗКК, во Брисел и на пленарната сесија „Денот на проширувањето“
20 јуни 2019
 

 

Делегатите од локалната власт од нашата земја, предводени од претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на 18 јуни, 2019 година учествуваа на шеснаесеттиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет на помеѓу Република Северна Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија (ЗКК). На средбата присуствуваше и делегација од Министерството за локална самоуправа предводена од министерот Сухејл Фазлиу, како и Агнеза Руси Поповска, Шеф на Мисија на РСМ при ЕУ. Според вообичаениот редослед на седницата, првата сесија редовно е посветена на напредокот и влијанието на локалната власт во процесот на интегрирањето на нашата земја во Европската Унија.

Пред делегатите на ова тело, кое освен претставници од локалната власт од нашата земја има и претставници од регионалните и локалните власти од земјите членки на Унијата, претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов говореше за предизвиците и за напредокот на децентрализацијата на нашата земја. При тоа тој изрази оптимизам дека Европската Унија конечно ќе ги отвори портите за нашата земја и ќе го утврди датумот за отпочнување на преговори за влез во ова европско семејство. Тој посочи дека улогата на локалната власт во овој процес е голема и дека за општините во нашата земја следи период на уште поголема одговорност, бидејќи демократијата најмногу се гради на локално ниво.

Благој Бочварски, градоначалник на Општина Штип и ко-претседавач на ова тело од македонска страна, при своето уводно обраќање го посочи големото значење на ЗКК за локалните власти во нашата земја. – „Овој заеднички Комитет обезбедува континуирана поддршка во насока на јакнење на демократските процеси кај нас, преку размена на добри практики од локалната власт со цел обезбедување на поадекватен пристап на нашата земја кон Европската Унија“ рече Бочварски, посочувајќи дека нашата земја во процесот на пристапување, направи големи чекори во зајакнувањето на правната рамка за заштита на фундаменталните права кои во голема мера се во согласност со европските стандарди.

На присутните им се обрати и ко-претседавачот од европска страна, Јасна Грабиќ, градоначалник на Општина Требовље, ( Словенија) која говореше за големиот напредок на нашата земја на патот кон Унијата, во делот на јакнење на доброто владеење, како и за позитивниот извештај на Европската комисија за нашата земја.

Втората сесија беше посветена на тематска дебата „Јакнење на доброто владеење“, каде беше нагласено дека проширувањето и демократизацијата на ЕУ повеќе не се гледаат како два паралелни процеси на Балканот. Обновениот пристап на ЕУ кон процесот на пристапување кон Западен Балкан предвидува отворање на владеењето на правото, поглавја 23 и 24 на самиот почеток, со што ќе се овозможи поголемо следење на фундаменталните права за време на разговорите за пристапување и повеќе насочената поддршка за придружување на аспирантите на нивниот пат кон стабилни и просперитетни демократии, регулирани со владеењето на правото.

Градоначалничката на Општина Македонска Каменица, Соња Стаменкова, презентирајќи го напредокот на локалните власти во нашата земја во делот на родовата еднаквост и заштита на жената, посочи на дека голем број општини имаат поголема сензибилност за ова прашање, особено во делот на разбирање и креирање на родово одговорен буџет, но и преку примената на конкретни политики и програми, како резултат на активностите на ЗЕЛС. Стаменковска посочи дека Европската повелба за родова еднаквост на Советот на Европа е потпишана од 20 општини во нашата земја и дека нашата земја генерално посветува големи напори за унапредувањето на основните човекови права и целосно искоренување на дискриминацијата по било која основа. Таа посочи дека се прават силни заложби за заштита на жените и борба против насилството и со ратификувањето на Истанбулската конвенција од страна на Собранието на РСМ и преку донесување на амбициозен, но јасен акциски план за нејзино спроведување од сите засегнати страни. ЗЕЛС како клучна институција во спроведување на активностите на локално ниво, предвидени во Националниот план за имплементирање на Инстанбулската конвенција, во соработка со МТСП како носител на активноста, ќе учествува во изменување и дополнување на Законот на еднакви можности на мажите и жените.

Во истиот период, паралелни сесии одржаа и заедничките консултативни комитети помеѓу Комитетот на регионите на Европската Унија со Црна Гора, со Србија, со Турција, каде беа дискутирани различни теми, меѓу кои: ЕУ пред-пристапна помош за Црна Гора ; Владеење на право во Србија на локално ниво; Стратегии за борба против невработеност на млади во Турција и слично.

Следниот ден, на 19 јуни 2019 година, сите заедно одржаа пленарна седница „Денот на проширувањето“, на тема „Пари преку вредности? Дали подобреното управување води кон локален социо-економски развој“, на која пред присутните се обрати и Карл-Хејнз Ламберц (BE/PES), Претседател на Европскиот Комитет на региони и Јоханес Хан, Европски комесар за европска соседска политика и преговори за проширување. Во Стратегијата за Западен Балкан усвоена на 6 февруари 2018година, Европската комисија објави шест водечки иницијативи (https://ec.europa.eu/commission/sites/beta-political/files/six-flagship-initiatives-support-transformation-western-balkans_en.pdf) за поддршка на напорите за трансформација во регионот. Две од шесте иницијативи – владеење на право и социо-економски развој – се од особена важност за локалните и регионалните власти. Владеење на право не е академски апстракт, туку апсолутен услов за добро владеење. Социо-економскиoт развој е нешто што ќе го очекуваат граѓаните да го видат на крајот од сложените и некогаш болни реформи. На оваа сесија свое обраќање имаше и Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов.

Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) воспоставен е уште во 2008 година со цел да ја подготвува основата за проширување на ЕУ преку унапредување на политичкиот дијалог и соработка меѓу локалните и регионалните власти.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.