Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Засилена соработка меѓу македонските и грчките општини и со поддршка на Програмата за Академијата за лидерство за преку- гранична соработка за пограничниот регион Грција –Северна Македонија
6 октомври 2020
 Програмата за Академијата за лидерство, фокусирана на преку- гранична соработка за пограничниот регион Република Грција –Република Северна Македонија очекувам да има силна улога и да ја засили соработката меѓу општините во овој дел од двете земји. Таа соработка постоеше и во претходниот период, а блиски контакти имавме и македонската и грчката асоцијација на локални власти, односно ЗЕЛС и KEDE (The Central Union of Municipalities of Greece). ЗЕЛС како партнер во оваа Програма што е подржана од Советот на Европа, може да го даде својот придонес, особено во делот на размена на искуства и добри практики на општините. Први во Европа, а втори во светот обезбедивме електронски услуги што единиците на локална самоуправа им ги даваат на своите граѓани во делот на издавањето на дозвола за градење; потоа за продажба и закуп на градежно неизградено земјиште, сопственост на државата; како и во делот на огласувањето и аукциите за продажба на движни и недвижи ствари, сопственост на општините Тоа е значаен придонес во кратењето на временскиот рок за спроведување на овие услуги, заштеда на средства и олеснување на постапката, но пред се обезбедува поголема транспарентност на општините и придонесува за сузбивање на евентуални коруптивини зафати при спроведувањето на овие процеси. На овој начин, преку поддршка на општините, ЗЕЛС индиректно им помага и на граѓаните, што е главната цел на сите активности и проекти од преку- граничната соработка што се реализира во рамките на ИПА програмата.

Ова го истакна Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС, на онлајн промотивниот настан што се одржа на петти октомври, 2020 година во организација на Советот на Европа и Централно европската служба за преку -гранични иницијативи на Балканот (CESCI Balkans). Во имплементацијата на оваа Програма е вклучен и Институтот за меѓународна социологија на Горица (ISIG). На состанокот присуствуваа и високи претставници од министерствата за надворешни работи на двете земји, потоа претставник од Советот на Европа, од грчката асоцијација на региони (ENPE), како и експерти од меѓународни институции.

Претставникот од министерството за надворешни работи на Грција, Василиос Телиос, посочи дека меѓу- граничната соработка е одлична алатка за развивање на добрососедски односи и за реализација на заложбата на Европската унија за обезбедување на еднакви можности за сите. Истражувањата покажале дека жителите од овие региони и градови имаат далеку понизок просек на приход по глава на жител во однос на европскиот, па оттаму средствата што се издвоени за проекти од Програмата ИНТЕРРЕГ ИПА за преку -гранична соработка „Грција - Република Северна Македонија 2014-2020“ нуди многу можности и за социо-економски развој, креирање на нови работни места, развој и поддршка на локалната економија, туризам, здравство, заштита на животната средина и друго. Станува збор за околу пет милиони граѓани од регионите: Солун, Кукуш, Воден, Лерин и Пела, потоа Пелагониски, Вардарски, Југоисточен и Југозападен регион. Беше посочено дека во следниот период во Програмата се планира вклучување и на нови региони, како што е на пример Кожани.

назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.