Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Управниот обор едногласен да се стави крај на легализацијата со по едно евро на бесправно изградените објекти
28 февруари 2019
 

 

Управниот одбор на ЗЕЛС на 26 февруари, 2018 година ја одржа осмата седница на која беа разгледани повеќе актуелни прашања поврзани со предизвиците на локалната власт. Најголемо внимание присутните посветија на разгледување на нацрт верзијата на предлог Законот за утврдување правен статус на бесправно изградени објекти, што го подготви Министерството за транспорт и врски и го достави на разгледување до ЗЕЛС. Предлогот опфаќа легализација на сите бесправно изградените објекти кои претставуваат градежна и функционална целина, заклучно со 31 декември 2018 година. При тоа за нивното легализирање е предвидено да се плаќа надоместок со висина два пати поголема од висината на надоместокот за уредување на градежното земјиште, кој се пресметува во постапката за добивање на одобрение за градење. Во предлогот беше предвидено, надлежните органи, по службена должност да обезбедат извадок од дигитална снимка заради евидентирање на истиот.

Членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС посочија дека е потребно непосредно учество на претставници од ЗЕЛС во самото подготвување на предлог законските мерки за оваа област. Во обемната дискусија по ова прашање, преовладуваше ставот дека треба да се стави крај не досегашниот дискриминаторски однос кон граѓаните кои ги почитуваат законските прописи и процедури при градењето на објекти, наспроти „наградувањето“ на оние кои градат нелегално и при тоа плаќаат по само едно евро за метар квадратен. Беше истакнато дека досегашната практика на имплементирање на ваквите законски решенија предизвика низа сериозни предизвици кај локалните власти при обезбедувањето на инфраструктурни потреби, а забележани се и низа злоупотреби на теренот. Затоа беше предложено да се формира работна група во рамките на Министерството за транспорт и врски во која ќе учествуваат пет претставници од ЗЕЛС, што беа избрани на седницата, а чија задача ќе биде во најбрз можен период да излезе со решенија кои ќе одат во насока на вклопување на овие објекти онаму каде тоа го дозволува урбанистичката планска документација За овие објекти ќе треба да се платат редовно предвидените комуналии но, истовремено и дополнителни пенали, како казна дека се постапувало нелегално. Оваа работна група треба да утврди и што ќе се случува со бесправно изградените објекти доколку истите не се вклопуваат во планската документација, како ќе се постапува за објектите изградени на терени за кои се уште не е изготвена планска документација, кои ќе бидат доказните елементи во постапката, што ќе се случува со објекти изградени на ризични терени и слично. При тоа беше посочено дека работната група ќе утврди дали оваа материја ќе се регулира со посебен закон или утврдените законски решенија ќе бидат утврдени во некоја од постојните законски регулативи, кои обработуваат ваква материја, како што е Законот за градење. Потоа предлозите од оваа работна група ќе бидат разгледани од страна на Управниот одбор на ЗЕЛС, а ќе бидат испратени и на мислење кај сите локални власти.

На седницата, членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС ги усвоија барањата за склучување на меморандуми за соработка, што беа пристигнати од страна на Здружението на даватели на комунални услуги (АДКОМ); Авто Мото Сојузот на Македонија, Скопје за реализација на проектот „Безбедни семејни паркинг зони“ и од Сојузот на стопански комори на Македонија ( ССКМ). На дневен ред беше поставено и барањето на ССКМ околу Законот за трговија на зелени пазари, а присутните посочија дека го поддржуваат процесот на усогласување на ставовите по ова прашање што се води помеѓу Стопанската комора на Македонија, организаторите на пазарите и Комората на трговци.

Управниот одбор на ЗЕЛС дискутираше и по иницијативата покрената од страна на Општините Кочани и Куманово за измена на Законот за аудио и аудиовизуелни медиумски услуги на членот 102 и истата ја прифати со заклучок да се иницираат измени во Законот. Беше посочено дека, членот 102 од овој Закон е несоодветен со исполнувањето на законската обврска на локалната власт да ја информира јавноста, односно своите граѓани за активностите кои ги презема, што е утврдено во член 8 од Законот за локална самоуправа, бидејќи со неа се забранува да се предвидуваат средства за информирање и запознавање на јавноста со свои услуги или активности преку радиодифузери. Иако имаше одредена измена со која беше посочено дека институциите, меѓу кои и локалните власти кои имаат склучено договори со радиодифузерите за оваа намена, ќе им продолжат договорите се до нивното истекување, не претставуваше дефинитивно решение за овој предизвик. Поточно останува отворено прашањето како во следниот период локалните власти ќе ја исполнуваат законската обврска за информирање на своите граѓани, особено кога се спроведуваат помасовни акции на локално ниво, каде е потребно брзо и сеопфатно запознавање на населението, понатаму во средини каде населението е повозрасно и се уште повеќе ги прати традиционалните медиуми, наспроти социјалните мрежи и интернетот и слично.

На оваа седница, членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС, исто така, донесоа заклучок ЗЕЛС да им препорача на своите членки да постапат согласно наводите во информацијата од Владата на Република Северна Македонија за постапување во согласност со измените на Уставот, а го задолжи и извршниот директор на ЗЕЛС да ги реализира измените и во својата документација.







 



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.