Со информативни средби со градоначалниците и потесното раководство на општините, од 1 феврурари 2010 година, Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС отпочна со реализација на деветмесечниот проект “Транспарентна општина“. На проектот се вклучени општините: Гази Баба, Гевгелија, Гостивар, Дебар, Ѓорче Петров, Илинден, Кавадарци, Куманово,Крива Паланка, Неготино, Охрид , Ресен и Тетово, кои искажаа подготвеност за заедничко спроведување, со цел унапредување на транспарентноста и учеството на граѓаните на локално ниво. На информативните состаноци беше детално презентиран проектот и претставени цели и придобивките кои треба да произлезат по завршувањето на активностите. На состаноците, од страна на одговорните, беше претставен и начинот на информирање внатре во општината меѓу вработените, и од општината кон граѓаните и се разговараше за утврдените недостатоци од нивна страна при информирањето, и подготвеност да ги решат истите во наредниот период. Општ е впечатокот од сите 13 општините дека проектот е направен во вистинско време и дека речиси во сите општините, помалку или повеќе имаат проблеми во утврдувањето на процедури за информирање. Во исто време, на состаноците, беа договорени наредните чекори , односно подготовките за тракалезни маси за секоја општина посебно, кои се предвидени да бидат организарни во месец март. Но, пред да се одржат тркалезните маси, до пилот општините ќе биде испратен Прашалник со кој треба да се утврди начинот на информирање и вклучување на граѓаните за секоја од општините. На овие сесии, покрај веќе споменатите лица од општината, треба да се вклучат и советници, претседател на Советот, претставници од НВО секторот, бизнис заедницата, месните заедници, медиуми, на тема – јавноста, одговорноста и отчетноста на работењето на општината и можностите за нивно подобрување. Наредната фаза, по одржувањето на тркалезните маси е анализа и сумирање на отворените прашања и подготовка на два документи кои треба да произлезат како краен продукт од проектот. Односно, откако ќе се детектираат “точките“ кои треба да се унапредат треба да се изработи Работен план за отвореност на општината и вклучувањето на граѓаните во процесите на донесувањето на одлуките, како и изготвување на регулативи (подзаконкси акти)со кои ќе се регулираат тие процеси. Исто така, предвидено е истите тие правила да влезат во задолжителните процедури во општините, и создавање на унифицирани стандарди за информирање како во општината меѓу вработените, така и од општината кон граѓаните и обратно.Овие унифицирани стандарди ќе бидат презенирани и предложени да бидат усвоени од претседателството на ЗЕЛС, а потоа и доставување до сите општини за нивно усвојување и примена во секојдневната работа за поефикасно работење во општината и со граѓаните.
Проектот се спроведува со финансиска подршка од УСАИД /Програма за локална самоуправа и претставува втора фаза на проектот “Кон потранспарентна општина“, кој успешно беше имплементиран во 10 општини, а ЗЕЛС веќе неколку години континуирано работи на проекти поврзани со транспратеното работење на општините со финансиска подршка на меѓународни организации и донатори.
|