Политика на приватност
Политика на приватност
Политика за користење колачиња
Политика за колачиња

Општините Илинден и Штип дел од регионалниот Проект „Управување со стаклена амбалажа на Западен Балкан“
18 декември 2020

Количината на амбалажа од рециклирано стакло во регионот на Западен Балкан е сè уште далеку од нивото пропишано од Европската унија. Членките на ЕУ рециклираат 70% стаклена амбалажа на годишно ниво, во Србија оваа бројка изнесува 48%, во Северна Македонија 30%, а во Босна и Херцеговина овој процент е уште понизок. За воспоставување на економски вредносен синџир на рециклирање стакло во регионот, потребно е да се зголемат собраните количини од овој отпад, како и да се постават предуслови за повторна употреба на стаклената амбалажа, како што е поставување на подобра инфраструктура за одложување и рециклирање на истиот. Во таа насока, најдоцна до месец март, следната година, во шест пилот- општини од регионот; Штип и Илинден во Северна Македонија, Ниш и Сомбор во Србија, Бихаќ и Нови Травник во БиХ ќе бидат поставени околу 1.000 контејнери за собирање на овој отпад, односно ќе биде воспоставен целосен систем на собирање на стаклена амбалажа. Потоа, добиените резултати од управувањето со ваквиот отпад ќе послужат за анализа и за утврдување на соодветни бизнис модели за рециклажа на стакло во регионот, што ќе бидат утврдени во соодветен ВОДИЧ, од каде заинтересираните ќе може да црпат квалитетни искуства и податоци.

Ова беше изнесено на првата регионална конференција за медиуми, организирана онлајн, на 18 декември, 2020 година, на која беше промовиран Регионалниот проект „Управување со стаклено пакување на Западен Балкан“, инициран од Германската организација за меѓународна соработка (ГИЗ), во соработка со операторите за отпад од пакување – компаниите: Секопак, Пакомак и Екопак, што се реализира во : Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина, каде партнери за спроведување се: НАЛЕД, РЕДА и ЗЕЛС.

-„ Во процесот на пристапување кон ЕУ, Германија е целосно посветена во поддршката на партнерите од Западен Балкан во решавањето на еколошките предизвици. Во секторот за управување со отпад, многу земји во Европа се соочуваат со низа тешкотии, особено кога станува збор за отпад од пакување. Овие предизвици не можат да се надминат од еден чинител бидејќи тие бараат здружена сила и моќно и трајно партнерство. Затоа германската развојна соработка (Германската организација за меѓународна соработка (GIZ), ги поддржува нашите партнери да овозможат економски ефикасен синџир на вредности за рециклирање стакло. Се надеваме дека заедно ќе создадеме подобра иднина“, рече Кристијан Шилинг, раководител на Одделот за развојна соработка во Германската амбасада во Белград.

Во моментов количините на стакло кои од комуналните служби ги собираат оператерите на амбалажен отпад во Србија, Северна Македонија и БиХ се недоволни и под капацитетот на рециклажните погони. Поради тоа стаклото сѐ поретко се носи на рециклирање, додека трошоците за транспорт стануваат поголеми. Така, една од главните цели на овој регионален проект е да се зголеми просечната количина на собран стаклен отпад во сите три држави за околу 20%. Општините се најповикани да дадат поддршка на заложбите да се постигнат европските стандарди на национално ниво и да се обезбеди масовно вклучување на населението во активностите за селектирање и собирање на стаклената амбалажа. Во таа насока за Република Северна Македонија се обезбедени 160 контејнери, од кои 40 контејнери се утврдени за двете пилот –општини (Илинден и Штип), а останатиот број ќе биде распореден во општините: Битола, Гевгелија, Тетово и Град Скопје.

-„ На Општина Штип и е дадена можност да биде меѓу првите општини во земјава и во регионот што ќе воведе целосен систем на собирање на стаклена амбалажа, во соработка со нашето Јавно комунално претпријатие ,,Исар“ и чии резултати ќе послужат како основа за анализа и за утврдување на адекватни бизнис модели за рециклажа“. Ова на Конференцијата го истакна в. д. градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов, кој посочи дека на територија на Градот Штип веќе се распоредени 30 ѕвона контејнери а утврдени се и нови локации за поставување на уште толкав број нови контејнери. –„ Целта е да се создаде мрежа од оптимален број на ѕвона контејнери што ќе им бидат лесно достапни на граѓаните, односно ќе се наоѓаат во нивното непосредно место на живеење. Штип како град со голем број индустриски објекти, со повеќе од 50.000 жители, универзитетски град и град во кој има голем број на кафетерии и ресторани сметаме дека создава голема количина на стаклена амбалажа. За жал свесни сме дека поголемиот дел завршува на диви депонии или други несоодветни места“ , рече Миланов. Тој посочи дека општинта е подготвена, во рамките на Проектот, да работи и на подигањето на свеста кај населението за важноста на собирањето и селектирањето на стаклото бидејќи на тој начин ќе се обезбеди заштита на животната средина, намалување на нивото на отпад во депониите, но и добивање на неизмерно значајна суровина.

-„ Како градоначалник на Општина Илинден се чувствувам привилегирано што мојата општина, доби можност да биде една од првите шест општини и градови во регионот во кој ќе се спроведуваат активности за унапредување на системот на собирање на стаклената амбалажа и адекватниот третман на овој отпад, истакна Градоначалникот Жика Стојановски. Тој посочи дека е потребно сите заедно да работат на подигање на свеста кај целокупното население, од најмладите до највозрасните, дека стаклото не треба да се третира како обичен отпад, туку како скапоцена суровина. Стаклото не го губи својот квалитет и може да учествува во безброј кола на рециклирање, а наспроти тоа, потребни се повеќе од 5.000 години за тоа да се распадне. - „ Затоа стаклената амбалажа треба да ја ставаме на вистинското место, во зелените контејнери што со овој проект ги обезбедивме за оваа намена. Општина Илинден има поставено петнаесет контејнери а дополнително ќе бидат поставени уште десет. Сметам дека ќе обезбедиме огромни придобивки доколку создадеме услови за континуирано собирање на доволна количина од оваа суровина која би обезбедила отворање на индустриски капацитети за преработка на стакло. Како општина, која досега покажа и докажа дека е пријателски расположена кон бизнис заедницата и се стекна со регионалниот сертификат за БФЦ, веќе е домаќин и партнер на повеќе од 500 индустриски капацитети во неа, па е отворена поканата за реализација и на една ваква нова и корисна бизнис идеја“ посочи Стојановски.

И двајцата градоначалници посочија дека при реализацијата на овој Проект од голема важност е поддршката од медиумите, при што упатија и апел до населението активно да се вклучи и да придонесе за што поголемо собирање и селектирање на оваа амбалажа.

На конференцијата од Република Северна Македонија се обратија и претставничката од Министерството за животна средина и просторно планирање на РСМ, Ана Мазневска, шеф на сектор за отпад и Ико Брдароски, претставник од ПАКОМАК. Мазневска говореше за воспоставувањето на законска рамки за подобрување на системот за управување со отпад на нашата земја и временскиот период на обезбедувањето на националните и европските стандарди за рециклажа на стакло. Брдароски, пак ја нагласи потребата за воспоставување на високо ниво на соработка со локалните власти во воспоставувањето на соодветна инфраструктура за собирање на стаклена амбалажа и подигањето на свеста кај населението за што помасовно вклучување во селектирањето на овој вид на отпад.

Конференцијата ги обедини сите партнери во проектот, како и градоначалниците на пилот-општините, кои заклучија дека е клучно да се направи чекор кон профитабилна циркуларна економија во регионот. Проектот за управување со пакување на стакло се спроведува во рамките на програмата за развојна соработка со приватниот сектор - develoPPP.de финансиран од германското сојузно министерство за економска соработка и развој.



назад

Стратешки план 2021-2025

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

� Copyright ???? 2009, ???? ????? ?? ????????.