ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Работен состанок на Мрежа на локални инспектори за сообраќај, патишта и патен сообраќај при ЗЕЛС
31 октомври 2018
 Мрежата на локални инспектори за сообраќај, патишта и патен сообраќај при ЗЕЛС одржа средба на 30 октомври 2018 година, во просториите на ЗЕЛС, во присуство на претставници од Министерството за транспорт и врски – Сектор за патен сообраќај и инфраструктура, на која се разгледуваше и дискутираше за секојдневните проблеми со кои се соочуваат локалните инспектори при спроведување на нивните законски надлежности.

Главна точка на дискусија беа измените кои се во надлежност на општините и градот Скопје донесени во Законот за изменување и дополнување на законот за превоз во патниот сообраќај („Сл.весник на РМ“ бр.140/18) и Закон за изменување на законот за превоз во патниот сообраќај („Сл.весник на РМ“ бр.163/18). Присутните инспектори дискутираа околу тоа кој документ е веродостоен за доказ дека авто такси превозниците поседуваат опрема за комуникација со такси возилата, бидејќи согласно измените на Законот, еден од условите за добивање на лиценца е токму поседувањето на опрема за комуникација со такси возилата. Понатаму се дискутираше околу обврската за поседување на регистарска табличка (жолта), за должноста за поседување на лекарско уверение на авто-такси возачот, а за кое непочитување не е предвидена соодветна санкција, за ограничувањето на бројот на лиценци и изводи од лиценци кои можат да бидат издадени, за неусогласеноста на казнените одредби соодветно. Присутните инспектори посочија проблем при издавањето на лиценците за вршење на такси превоз, бидејќи барателите на лиценци имаат голем проблем при обезбедување на потребниот документ за вграден исправен, пломбиран и баждарен таксиметар, а на терен инспекторите се соочуваат со проблем при вршењето на надзорот кај овие превозници бидејќи истите сметаат дека ги завршиле сите законски обврски, а не можат да добијат лиценца.

Како горлив проблем беа истакнати и измените во Законот за превоз во патниот сообраќај, кои се однесуваат на бесплатниот превоз на ученици утврден со Законот за основното образование и Законот за средното образование. По ова се постави прашањето во врска со распишувањето на јавни набавки за услуги за превоз на ученици, согласно Законот за јавни набавки, се постави прашањето и за тоа како да се избере превозник со кој ќе се склучи договор за превоз, во места каде што има повеќе превозници кои поседуваат дозвола и возен ред за определената линија, за тоа на кој начин ќе се склучува договор, на кој начин ќе се врши плаќањето и бројни други дилеми кои произлегуваат при спроведувањето на овие измени на Законот.

Инспекторите заклучија дека е потребно во најкраток рок да се формира работна група во која претставници ќе има од соодветните министерства, а која ќе работи на наоѓање на можни решенија за изнесените проблеми.

Присутните инспектори дискутираа и за Законот за јавните патишта, односно за потребата од воедначување на нивните ставовите, кои ќе бидат преточени во предлог-текст на нов Закон за јавни патишта, во кој ќе бидат вметнати сите воочени слабости и недостатоци со кои се соочуваат инспекторите на терен, а потоа истиот да биде доставен за спроведување во натамошна процедура.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.