|
На први март, 2010 година, со почеток во 12 ч. во просториите на ЗЕЛС, ќе се оддржи седмата седница на Управниот одбор на ЗЕЛС. На седницата најавено е присуство и на министерот за локална самоуправа, Муса Џафери, со цел да се запознае со актуелните ставови на ЗЕЛС за состојбите и потребите со кои се соочуваат општините во извршувањето на локалните надлежности. Членовите на УО со министерот ќе дискутираат и за заклучоците произлезени од ревизорските извешати на Државниот завод за ревизија, што се однесуваат на делот за локалните власти.
На дневен ред на седмата седница на УО се поставени и други точки за дискусија, меѓу кои информацијата за методологијата применета при утврдување на висината на комуналната такса – фирмарина во општините, иницијативата за донесување на Закон за изменување и дополнување на Законот за судските такси, доставена од Градот Скопје, разгледување на состојбата со општините со блокирани сметки од стари долгови и состојбите со јавните претпријатија, иницијатива доставена од Општина Охрид. Ќе бидат разгледана иницијативата на општина Штип за разгледување на проблемите во постапката за издавање на извод од урбанистички план, без надомест на субјектите, овластени согласно закон, како и доставеното барање на Општина Гостивар поврзано со распределбата на средствата од ДДВ наменети за општините. На седницата ќе бидат презентирани и информации за одржување на кампања ,,Промоција на општините од РМ“, информација за активностите поврзани со акцијата ,,Ден на дрвото“ за 2010 година , а претставници од Републичкиот совет за сообраќај ќе ги запознаат присутните со активностите за формирање на Совети за превенција во сообраќајот .
|