Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Општините редовно да ја плаќаат членарината - апелираше Надзорниот одбор на ЗЕЛС
25 јуни 2019
 

 

Надзорниот одбор на ЗЕЛС на 23 јуни, 2019 година, во Струга ја одржа четвртата седница. Членовите на ова тело го разгледаа извештајот за работа и финансискиот извештај на ЗЕЛС за 2018 година. Присутните беа информирани за структурата на приходите и расходите на ЗЕЛС и начинот на нивната реализација во текот на 2018 година. Особено беше потенцирано дека приходите од членарината во 2018 година значително се подобрени, односно наплатата по овој основ е зголемена за 76,5% повеќе, во однос на 2017 година. Ваквиот забележителен раст е резултат на интензивните активности што ги преземаше ЗЕЛС преку склучување на договори за отплата на рати на заостанатиот долг на општините за реализација на оваа обврска. Исто така, поголем број општини ја искористија можноста овој долг кон ЗЕЛС да го покријат и од средствата што во 2018 година ги добија од централната власт за отплата на дел од заостанатите долгови. Другите приходи се од извршени услуги и донации наменети за спроведување на проекти.

Во однос на расходите на ЗЕЛС беше посочено дека поголемите трошоци се направени за одржувањето на информациските системи што ги администрира ЗЕЛС. Дел од трошоците се однесуваат на активности за организација на лобирањето на телата и органите на ЗЕЛС, за печатење на публикации на ЗЕЛС, за материјали за работење, трошоци за одржување на административната зграда на ЗЕЛС, за плати на стручната служба, односно, со еден збор, за реализација на сите активности предвидени во Акцискиот план на ЗЕЛС за 2018 година.

Членовите на Надзорниот одбор беа задоволни од резултатите со наплатата на членарината од општините и изнесоа апел до сите единици на локалната власт да продолжат со утврденото темпо на отплата на заостанатиот долг како и со навремено плаќање на оваа обврска. Тие нагласија да не се дозволи во иднина повторно да се наталожи долг по овој основ. На крајот од седницата членовите на Надзорниот одбор на ЗЕЛС едногласно ги усвоија извештајот за работа и финансискиот извештај на ЗЕЛС за 2018 година, со предлог до Генералното собрание да ги усвои на својата прва наредна седница.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.