Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
„Одржлива урбана мобилност во земјите на ЈИЕ “- тема на обуката за петте општини кои добија поддршка за подготовка на активности во оваа област
29 јули 2019
 

 

Претставници од општините: Битола, Карпош,Кавадарци, Куманово и Охрид на 15 јули, 2019 година во просториите на ЗЕЛС проследија воведна обука на тема „Одржлива урбана мобилност во земјите на ЈИЕ “. Со оваа обука започна втората фаза од активностите на Проектот ,,Поддршка на единиците на локалната власт на Република Северна Македонија во промоција на одржлива урбана мобилност“ , што го реализира ЗЕЛС во соработка со Германската агенција за меѓународен развој (GIZ) “.

Всушност, ова се петте општини кои беа избрани на повикот за пријавување на заинтересираните локални власти за добивање на експертска помош во процесот на стратешко планирање за одржлива урбана мобилност, објавен од ЗЕЛС во месец мај, оваа година. Тимовите на секоја од трите општини: Битола, Карпош, Кавадарци, беа составени од повеќе лица, меѓу кои се двата претставници од општината одговорни за реализација на апликацијата, како и други раководни лица од областа на сообраќај, урбанизам, односи со јавноста и од други области потребни за квалитетно реализација на утврдениот проект. Во периодот од 16 до 19 јули, 2019 година во ЗЕЛС, секој тим од овие три општини, поединечно имаше можност непосредно да дискутира со избраниот експерт за поддршка, за насоката во која нивната локална власт сака да ги утврди своите стратегиски цели и активностите во областа на „Sustainable urban mobility planning- SUMP“ како и за начинот како тоа да го реализира. Тимовите на останатите две општини: Охрид и Куманово, овие средби со експертите, ќе ги реализираат на 12 август, 2019 година и на 19 август, 2019 година. Тоа е и една од целите на проектот што го спроведува ЗЕЛС , обезбедување на поддршка на заинтересираните општини во развивањето на стратегиската рамка, анализата или активностите за SUMP, во зависност од нивните потреби и цели.

На воведната обука присутните се запознаа со основните принципи на планирање на урбана мобилност. Беше посочено дека кај урбаното мобилно планирање, во фокусот е ставен граѓанинот. Експертот ги запозна присутните и со чекорите, мерките, индикаторите и целата методологија за подготвување на мобилно урбано планирање (SUMP )а, пред се беа објаснети целите и приоритети на примената на SUMP. Исто така на обуката беа изнесени и примери за имплементација на СУМП од разни градови од регионот и од ЕУ. На присутните им беше претставена и ,,онлајн“ алатка за SUMP.

Моделот на одржливо урбано планирање (SUMP )

Активности за оддржлива урбана мобилност „Sustainable urban mobility planning- SUMP“ се темелат на модел на оптимални трошоци и иновативност, зголемување на удобноста на живеењето на граѓаните, зголемена мобилност и достапност, подобрување на животната средина и здравјето на луѓето, донесување на одлуки поддржани од заинтересираните страни и граѓаните, пристап до нови извори на финансирање и пред сˋе, подобра слика на градот. Со ваквото планирање се нагласува потребата од поголем простор за граѓаните, зеленилото, подобрување на јавниот превоз и се дава предност на обезбедување на услови за користење на велосипеди, воспоставување на забранети зони за сообраќај, потоа користење на катни паркиралишта и друго.

Оддржливата урбана мобилност е нова област на делување во локалната власт во РСМ, иако е воспоставена практика во Европската унија. Досега, многу европски градови имаат имплементирано вакви урбани планови и имаат преземено низа активности во оваа насока. Европската комисија активно го поддржува усвојувањето на SUMP и дава правци за подготвување на овој вид планирање, обезбедува промоција на добри практики, како и поддршка за едукација на професионалци во оваа област. Се поголеми се заложбите во Унијата, SUMP да биде задолжително за градовите со одредена големина, во согласност со националните стандарди базирани на Упатствата на ЕУ, а се истражуваат и можности за развивање на рамка на ЕУ за поддршка на прогресивно спроведување на SUMP во градовите на ЕУ.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.