ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Локалните власти се запознаа со содржината на Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година
3 април 2018
 

-„Повеќекратно да се зголемат средствата од Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој, а при нивната распределба предност да имаат општините со седиште во село, наспроти општините со седиште во град. Да се укине учеството на општините во плаќањето на ДДВ за проектите од Програмата, а доколку тоа не може да се стори веднаш, да се обезбеди ДДВ обврската да се наплати од разликата од средствата помеѓу проектираниот износ и износот по јавната набавка и е-аукцијата. Ова е особено значајно бидејќи токму поради неможноста руралните општини да издвојат толкави средства, само за да го платат ДДВ –то, се почесто се откажуваат од аплицирањето за Програмата, или, пак докрај не ги реализираат добиените проектите. Потребно е и да се поедностави процедурата за донесување на плановите за планирање на просторот и да се зголемат средствата за поддршка за оваа намена, при што е важно оваа подмерка од Програмата, да се издвои како посебна мерка за поддршка за подготовка на урбанистички планови. За поголемо учество на општините и за максимално искористување на средствата од оваа Програма, Агенцијата треба да обезбедување и поголема транспарентност од досегашната и поефикасна директа комуникација со претставниците од општинската администрација .“

Ова беше дел од излагањето на претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на средбата што ја организираше Агенцијата за финансиска поддршка на руралниот развој во Република Македонија со сите градоначалници, а на која се обрати и министерот за земјоделие, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски. Средбата се одржа на втори април, 2018 година, во Клубот на пратениците, во Скопје. Претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов рече дека ваквата практика на организирање на тематски средби на претставниците од општините со претставници од Владата и адекватни агенции, претставува најдобра можност да се дискутира за предизвиците на локалните власти и при тоа да се изнајдат најдобри заеднички решенија. Шилегов ја нагласи и потребата од организирање на посебна, заедничка средба со МЗШВ, бидејќи бројот на барањата и предлозите на локалните власти и тука е голем, при што наведе само неколку .

-„Предлагаме да се овозможи електронско следење на приходите по основ на закуп на земјоделско земјиште за добивање на редовни информации од надлежните министерства или подрачните единици за овие приходите. При тоа да се назначени закупците на земјиштето, категорија на земјиште, катастарска општина, години на издадено земјиште под закуп, како и информации за нереализирани наплати по основ на закупнини. Со тоа ќе се овозможи и системско следење и на закупците кои не ги исполнуваат своите обврски, согласно договорите за закуп, покренатите постапки за раскинување на договорите, како и раскинатите договори“, рече Шилегов и нагласи дека е потребно да се усогласи работењето на државните институции со Законот за територијална организација на локалната самоуправа во Република Македонија, бидејќи МЗШВ се уште својата работа ја врши согласно територијалната организација на локалната самоуправа пред 1996 година, односно со 34 општини, па се јавуваат големи проблеми при спроведување на низа законски одредби во пракса, особено околу исплатата на средствата од концесиите. Тој ја нагласи и потребата од забрзување на постапката за пренамена на земјоделско земјиште во градежно, особено кога тоа придонесува за економски развој на руралните општини и искористување на европските фондови, а беа посочени и барањата и предлозите за начините на зголемување на финансиските средства, пред се на руралните општини, во делот на средства од продажба на земјоделското државно земјиште, потоа барање за зголемување на средствата по основ концесии за користење на водите, како и средствата добиени врз основа на концесија за вадење на песок, пасишта, шуми, концесии за лов, риболов и други.

Министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Љупчо Николовски рече дека со реализација на оваа Програма ќе се обезбеди солидна урбана и транспарентна инфраструктура во и вон руралните населени места, а целта е подобрување на условите за живот и на услугите на граѓаните, како и позитивно влијание на развојот на економските активности и во овие средини. При тоа Николовски рече дека е клучно општините интензивно да се насочат кон креирање на проекти и да ја подготват документацијата која се однесува на мерките во Програмата. Во следниот период Владата на Република Македонија и Платежната агенција ќе го дефинираат обемот со кој што ќе утврди поддршката за општините, при што Николовски нагласи дека биле затекнати 500 заостанати и нецелосно реализирани постапки од претходниот период. Тој посочи дека се разговара и за префрлање на подрачните единици од МЗШВ на локалната власт, како и за обезбедување на интегриран систем на следење на давањето на земјиштето под закуп, конецесии продажба и слично.

На присутните им се обрати и директорот на Агенцијата, Николче Бабовски, кој рече дека Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година нуди повеќе инвестиции поделени во три основни мерки: „ Подобрување на квалитетот на живот во руралните средини“ што располага со максимални средства од 20 милиони денари. Со исто толку средства располага и втората мерка „Обнова и развој на селата“ и со 15 милиони денари располага третата мерка - „ Зачувување и унапредување на традиционалните вредности на руралните подрачја“. При тоа средствата за ДДВ за реализација на проектите се на товар на општините и засега во таа насока не може многу да се направи. Директорот Бабовски рече дека неповратната финансиска поддршка по барање на корисникот може да се додели во вид на авансна исплата во висина од 20 отсто од вредноста на одобрените прифатливи трошоци или да се додели на две рати или согласно со фазите на реализација на инвестицијата. Беше укажано дека во фаза на акредитација за ИПАРД 2 Програмата е и новата мерка наменета само за општините „ Рурална јавна инфраструктура“ во вкупна вредност од 12 милиони евра (од кои 3 милиони евра се од државата) на располагање и со 100% финансирање на проектите на општините. Оваа мерка ќе биде достапна во 2019 година. Објавувањето на јавниот оглас за Програмата за 2018 година најмногу ќе зависи од ангажираноста и подготвеноста на општините со проекти, при што може да се објави во целост или по делови, односно мерка по мерка, посочи на крајот од своето излагање, Бабовски.

Потоа присутните градоначалници и претставници од локалната власт ја проследија презентацијата за Програмата за финансиска поддршка на руралниот развој за 2018 година, што ја подготви Агенцијата, во која беа изложени мерките, што таа ги содржи, односно за какви програми општините може да се аплицира, постапката на аплицирањето и исплатата на средствата.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.