ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Локалните власти се запознаа со новините во БФЦ ЈИЕ Програма
21 мај 2018
 

 

Претставници од одделенијата за локален економски развој беа повикани на обука за измените во Програмата за сертификација на општини со поволно деловно опкружувањево Југоисточна Европа -БФЦ ЈИЕ Програма-(ЕДИЦИЈА III). Обуката се одржува во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, на 21 и на 22 мај, 2018 година, каде присутните ќе се запознаат со новините во Програмата, односно дека во иднина сите локални власти кои ќе изразат желба да се стекнат со овој регионален сертификат ќе имаат помал број на критериуми од досегашните, дека постапката при поднесувањето на доказниот материјал за исполнетост на критериумите ќе се одвива исклучиво електронски, како и други одредени измени. Намалениот број на критериуми, од претходните 12 критериуми, сега на 10 критериуми, не значи дека се намалува и квалитетот на процесот за стандардизација ,туку врз основа на досега стекнатите искуства од спроведување на програмата се сублимирани и конципирани поважните постапки. Присутните се запознаа со придобивките што секоја локална власт ги добива од минувањето низ процесот на сертификацијата , но исто така им беа презентирани и објаснети обврските што треба да ги исполнат по секој од десетте критериуми .



Програмата предвидува сертификација но, и ресертификација на општините кои досега се стекнаа со сертификатот : Велес, Струмица, Штип, Богданци, Гази Баба, Град Скопје и Илинден. Во овој процес општините ќе бидат поддржани во подобрување на нивните услуги и во градење на нивните капацитети во локалниот економски развој. Печатот за квалитет, за инвеститорите ќе обезбеди сигурни и вредни информации за општинските услуги и ќе овозможи поедноставна и подобра промоција на инвестициите. Располагањето со сертификат значи дека општините исполнуваат одредени стандарди, факт кој претставува одреден индикатор за сигурност за потенцијалните инвеститори во добивањето услуги и информации за работите и дејностите во надлежност на локалните власти. На овој начин Заедницата на единиците на локалната самоуправа – ЗЕЛС и Сојузот на стопански комори – ССК, како национално тело на оваа регионална Програма, продолжуваат со реализацијата на сертификација на општини со поволно деловно опкружување.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.