Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Предизвиците со општинските буџети и администрирањето со локалните даноци и такси, во услови на кризата со вирусот КОВИД -19, тема на дискусија кај советниците
17 јуни 2020
 

 

Советниците, членовите на тематската работна за финансирање и буџет и претседателите на советите од 24-те партнерски општини на 12 мај, 20120 година, во рамките на Проектот „Зајакнување на општинските совети“, преку ZOOM платформата дискутираа за предизвиците на единиците на локалната самоуправа, со општинските буџети, како и со администрирањето со локалните даноци и такси, во услови на кризата со вирусот КОВИД -19.

На почетокот на средбата фокусот беше ставен на: Уредбата со законска сила за примена на Законот за буџетите за време на вонредна состојба (Службен Весник на РСМ бр. 79/20) како и Уредба со законска сила за примена на Законот за локална самоуправа за време на вонредна состојба (Службен весник на РСМ бр. 84/20, 95/20) донесени од Владата на РСМ, кои имаат директно влијание врз Законот за буџетите; Законот за локална самоуправа и Законот за финансирање на единиците на локалната самоуправа. Проф. д-р Марина Трпеска говореше за предизвиците кои неминовно се појавуваат како резултат на донесените уредби, како што е одложеното донесување на фискалната стратегија додека трае пандемијата, што би можело да влијае на подготовката на буџетскиот циркулар и неговото доставување до ЕЛС, но и да предизвика доцнења во донесувањето на буџетите на ЕЛС за 2021. Како предизвик беше посочена и прераспределбата на буџетските средства. Имено, со новите владини Уредби, при прераспределба на средства од една програма во друга, дозволено е таа прераспределба да биде до максимум 70% од вкупните средства предвидени за таа програма. Проф. д-р Трпеска истакна дека одлуката за износот и одлуката од која програма ќе се врши прераспределбата на средствата зависи од потребите на секоја општина поединечно, и истата ја носи Советот на општината. Особено значајна беше и дискусијата околу подготовката на буџетот и програмите за 2021,ако се има во предвид ограничувањато од 30% на реализираност на буџетот од претходната година, во услови кога поради вонредната состојба се очекува (веројатната) ниска стапка на реализација во 2020, намалени приходи на општините, намален износ на ДДВ, како и очекувана севкупната рецесија.

Присутните претставници од општинските совети пренесоа одредени искуства, како се справуваат со предизвиците во овој период. Претседателот на Советот на Општина Велес, Ненад Коциќ, посочи дека во Општина Велес се прави прераспределба на средства од одредени поединечни програми. Тој го изнесе и мислењето за потребата за поддршка на економските субјекти во услови на криза, преку намалување на одредени давачки за кои е надлежна локалната власт или пак одложување на нивното плаќање. Ристо Сакалиев, претседател на Совет на Општина Кавадарци, посочи дека во општина Кавадарци било извршено намалување за 50% на средствата од програмата за култура и спорт и нивно прераспределување кон програмите за социјална заштита и комунална инфраструктура. Оваа мерка е предвидена како привремена бидејќи очекуваат истите средства да ги враќаат со средства заштедени од јавните наддавања при спроведувањето на јавните набавки. Бесим Мемеди, претседател на Совет на Општина Гостивар, ја сподели загриженоста за неможноста да се направи ребаланс на буџетот, бидејќи советот не одржал ниту една седница од прогласувањето на вонредната состојба. Тој нагласи дека седница на Советот е закажана за 20-ти мај 2020 и дека тоа може да предизвика доцнења во донесувањето на буџетот на општината и годишната сметка, иако рокот е одложен за два месеца, односно до 30-ти мај 2020. Проф. д-р Трпеска предложи разгледување на сите можности и усогласување на ставовите пред седницата на Советот, кога истите би се усвоиле.

Славко Лазовски, експерт за даночни прашања, во својата презентација информираше дека во не е донесена ниту една Уредба која би влијаела на извршувањето на даноците и таксите на локално ниво. Тој појасни дека тие се таканаречени „бавни даноци“ кои се собираат во текот на целата година, и дека најголем раст на приходите има во четвртото тромесечје и треба да се очекува нивно остварување. Но, според него, оваа состојба сепак покажа дека постојат многу слабости во регулативата за локалните даноци кои треба соодветно да се адресираат за да се надминат. Лазовски укажа дека од фискален аспект општините немаат големи надлежности и простор за преземање мерк,и бидејќи во земјата не постои фискален паралелизам. Според него постои недостаток во делокругот на надзорот, поточно не постои централен орган за надзор, со што, општините, односно градоначалниците се обврзани да дадат посебни овластувања на претставници на општинската администрација да вршат надзор. Беше посочено и на слабата ефикасност на општините во собирањето на даноците, при што постојните ресурси не се користат максимално. Тој посочи на одредени области каде општината може да постигне подобрување, преку: забрзување на администрирање на даночните решенија; подобрување во фискалниот катастар;, воведување на даночно поштенско сандаче и други мерки и активности.

На крајот од средбата беа донесени следните заклучоци : 1. Проектот да продолжи со обезбедување на стручна помош до општинските совети во извршување на нивните надлежности од областа на локални јавни финансии во услови на пандемија; 2. Преговорите меѓу претставниците на централната и локалната власт да се иницираат пред започнување на процесот на буџетирање за 2021 година, со цел разгледување на предизвиците и потребите на општините и заедничко изнаоѓање на најсоодветни решенија и 3. Општините да се ангажираат за поголемо користење на ИКТ алатките за интеракција со граѓаните при процесот на подготовка на буџетот за 2021 година како и за зголемување на бројот на online услугите, вклучително и издавањето на решенијата за данок на имот.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.