Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Предизвици и можности на одржлив локален економски развој на 17-от состанок на ЗКК во Скопје
16 декември 2019
 

Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Северна Македонија и Комитетот на региони на Европска Унија (ЗКК) на 11 декември, 2019 година, во Скопје го одржа 17-от состанок посветен на локалниот економски развој и најновите случувања на локално ниво. Ко-претседавачите од двете страни, Благој Бочварски, градоначалник на општина Штип, и Дејрдер Форд, советничка од град Корк, Ирска, во контекст на негативната одлука за доделување датум за отпочнување преговори за пристапување во ЕУ од октомври, 2019г., го потврдија заедничкиот став дека Северна Македонија има право да биде дел од европското семејство. Осврнувајќи се на важноста на процесот на децентрализација , Форд упати порака до Горан Милевски, министер за локална самоуправа, фискалната децентрализација да остане на високо место на Агендата на Владата.

Висар Ганиу, градоначалник на општина Чаир и потпретседател на ЗЕЛС, извести дека за неполни шест месеци од последниот состанок во Брисел, се покренати суштински идеи, иницијативи, ставови за промени во системот на локалната власт. Станува збор за реализација на нов предлог-концепт на ЗЕЛС за унапредување на системот на локалната власт во нашата земја, што е во преговoри со Владата. Овој комплексен процес се движи во три насоки : фискална децентрализација, проширувањето на надлежности на ЕЛС и промени во организација на локалната власт.

Во контекст на носечката тема на состанокот, Форд истакна дека локалниот економски развој е процес со кој локалните власти работат со приватниот сектор, јавните организации и граѓанските организации за подобрување на локалните деловни средини и со тоа создавање услови за економски развој и создавање на вработување, што не зависи од од статусот во кој земја-кандидат за членство се наоѓа. Таа објасни дека политиките за економски развој треба да се фокусираат на градење на капацитети (инфраструктура и човечки капитал), иновациите и претприемништвото да бидат механизми за развој, локалниот пристап до финансии и подобри податоци за имплементација и мониторинг се клучни. Структурата на локалната економија мора да се анализира, со посебен фокус на локалниот приватен сектор во индустријата, земјоделството и услугите, а локалниот приватен сектор е основа на локалната економија и двигател за создавање работни места. Во тој контекст, последниот извештај за земјата објавен од Европската комисија се однесува на фактот дека функционирањето на пазарот на трудот е нарушено од постојаните структурни проблеми, спроведувањето на договорите и големата неформална економија продолжуваат да бидат предизвици за деловното опкружување, а се забележува недостаток на вештини и на усогласување на вештините со оние што ги бараат компаниите, како одраз на недостатоците во наставните планови за образованието.

Градоначалникот Бочварски наведе дека локалниот економски развој опфаќа политики кои генерираат развој во дел на економијата, урбанизацијата, културата, спортот, развојот на руралните средини преку рамномерниот регионален развој и уште многу сегменти, каде значајна е соработката меѓу локалната власт, бизнис секторот и невладиниот сектор. Тој истакна дека општините се во можност да користат посебна регионална програма за подобрување на локалниот економски развој, БФЦ ЈИЕ сертификација на општини со поволно деловно опкружување, што во тек на состанокот беше и претставена од страна на ЗЕЛС.

Сашо Поцков, градоначалник на општина Гевгелија, како свој пример на работење оцени дека се фокусирани на обезбедување поволни услови за деловна и бизнис заедница, во прв ред, обезбедување услови за одржлив еколошки и економски развој на општината. Општина Гевгелија воведе олеснувачки мерки преку данокот на имот, данокот на промет на недвижнини, надоместокот за уредување на градежно земјиште за индуструстриско производство и за деловни објекти, вклучувајќи ги и други законски фискални олеснувања и финансиски погодности кои важат на целата територија на земјата. Во фаза на реализација е проектот за отворање на ТИРЗ “Прдејци“ за да се обезбедат услови за повеќе инвестиции и отворање на нови работни места. Гевгелија е една од општините што има голем успех во искористеноста на средства од Програмата за прекугранична соработка помеѓу Република Северна Македонија со Грција и со Бугарија, што како добра пракса треба до го примениме и во другите програми и проекти што се отворени за нашата земја. Градоначалникот на општина Гевегелија истакна дека заедно со централните власти треба да се држи фокусот на градење на поволна бизнис клима. Од своја страна, општината се приклучи на БФЦ ЈИЕ Прогрмата за поволно деловно опкружување во Југоисточна Европа, со што би се дефинирал единствен и стандардизиран пристап кон новите, но и постоечките бизниси во општината, а ќе се унапреди и соработката со сите актери вклучени во процесот на локален економски развој.

Свои обраќања и презентации за праксите и можностите за поттикнување на локалниот економски развој, имаа и: Горан Милевски, министер за локална самоуправа, Самуел Жбогар, амбасадор и шеф на делегацијата на ЕУ во Скопје, Јарослав Халинка, градоначалник на Јужно Кошице, известител на КоР за Пакетот за проширување 2019 , Никола Беетолини, шеф на одделот за соработка на ЕУ Делегација во Скопје, Жилес Кител, тим менаџер, одговорен за ИПА, преговори за проширување и ЕУ Стратегија за Јадранско-јонски регион (EUSAIR), Генерален директоријат за регионална политика на ЕК.

Следниот 18-ти состанок на ЗКК ќе биде во рамки на Денот на проширувањето, што би се одржал во јуни во Брисел.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.