Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Повик за доставување на номинации за Наградата за човекови права „Вацлав Хавел 2020“
21 февруари 2020

 

До националните делегации на Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа стигна информација за започнувањето на повикот за номинации за Наградата за човекови права „Вацлав Хавел 2020“, што ќе ја додели парламентарното Собрание на Советот на Европа на 12, октомври 2020 година во Стразбур, првиот ден од својата есенска сесија.

Крајниот рок за доставување на номинациите за наградата за 2020 година е 30, април 2020 година. Номинациите треба да се испратат до Парламентарното собрание по електронска пошта на следната адреса: hrprize.pace@coe.int, користејќи го образецот достапен на веб-страницата за награда http://www.assembly.coe.int/nw/Page-EN.asp?LID=HavelPrize. Тие треба да бидат потпишани од најмалку пет спонзори и да бидат доставени на англиски или француски јазик.

Секоја индивидуа, невладина организација или институција која работи на заштита на човековите права може да биде кандидат за оваа награда. Организирана од Собранието на Советот на Европа, наградата се доделува за извонредната акција на граѓанското општество за заштита на човековите права во Европа и пошироко.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.