ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Работна средба на градоначалниците со Премиерот на Република Македонија и со министрите за труд и социјална политика, за култура и за образование
15 декември 2017
 

 

-„ Обезбедување на поголема финансиска стабилност на општините преку зголемување на зафаќањата од ДДВ и од персоналниот данок на доход на 10% односно најмалку 30%, во полза на општините. Изземње на општините од плаќањето на судските такси и нивно изедначување со останатите државни органи, кои не плаќаат за истото. Обврските за надомест од добиени тужбени барања за несоодветно применети постапки за експропријација, спроведени пред неколку децении, да ги преземе државата, а не општините. Во иднина се што ќе експропира општината да се запишува како нејзин имот, наместо како сопственост на државата. Да се направат одредени корекции во однос на експропријацијата на легализираните објекти што се наоѓаат на главни инфраструктурни артерии. Кога вработени од противпожарните служби се пензионираат да не се крати блок дотацијата, туку напротив потребно и нивно генерално зголемување. Исто така потребно е да се зголеми и износот на средствата од Фондот за локални патишта наменет за општините, кој беше драстично намален во 2009 година.“

Ова го изнесе претседателот на ЗЕЛС, Петре Шилегов, на работната средба на градоначалниците со министерката за труд и социјална политика, Мила Царовска, министерот за култура Роберт Алаѓозовски и министерската за образование,Рената Дескоска, што се одржан на 13 декември, 2017 година во Клубот на пратениците во Скопје. Претседателот на ЗЕЛС истакна дека ова се само мал дел од систематизираните барања на локалните власти, кои ќе бидат предмет на понатамошна дискусија со централната власт.

На средбата пред градоначалниците се обрати и Премиерот на Република Македонија, Зоран Заев, кој рече дека јакнење на децентрализацијата на власта е една од најзначајните реформи што Владата сака да ги реализира во следниот период. Посочи дека се прават анализи, во кои се очекува поддршка и од ЗЕЛС и од општините за заедничко синхронизирање во преземањето на натамошните чекори. Целта е што повеќе надлежности да се децентрализираа и во социјалната политика, културата, капиталните инвестиции и други надлежности, но при тоа многу се очекува и од општините да покажат дека се способни да се носат со нови одговорности. Беше истакнато дека се разгледуваат и законските можности за преземање на надлежностите за решавањето на генералниот проблем во земјата, како што е предизвикот со депонирањето на отпадот. Премиерот ги охрабри градоначалниците да не се колебаат, туку посветено да работат на јакнење на капацитетите на вработените, да изготвуваат проекти за решавање на многу инфраструктурни проблеми со кои се соочуваат и при тоа несебично да бараат поддршка и од централната власт . –„ Селекција по партиска, етничка или било каква основа нема да има. Селекцијата ќе биде само врз основа на иницијативноста, подготвеноста и изработените проекти за решавање на проблемите на граѓаните“, рече Премиерот Заев, додавајќи дека тие општини секогаш ќе имаат приоритетна поддршка од Владата. Потребно е сите граѓани да добиваат еднакво квалитетни услуги независно каде живеат, затоа и рамномерниот регионален развој и инфраструктирни активности во руралните средини се од приоритетно значење. При тоа тој посочи и некои од активностите и плановите што се подготвуваат за решавањето на дел од предизвиците со кои се соочува локалната власт, за заедничка реализација на големи инфраструктурни зафати, за канализациони системи, водоводни мрежи, капитални објекти од јавен интерес, при што особено потенцира дека заложбите се во насока на расчистување со досегашните проблеми и градење на нови квалитетни перспективи за децентрализацијата во земјата.


Подготвеност за перманентна соработка со сите единици на локалната власт изрази и министерката за труд и социјална политика Мила Царовска, која ги информираше градоначалниците за активностите што ги презема министерството а, се однесуваат на локалните власти. Говореше за јавниот повик и пристигнатите апликации за капиталните инвестиции во социјална заштита во општините. За упатеното барање до сите општини за обезбедување на канцеларии за отворање на центри за социјална заштита, освен постојните 30 центри за социјална работа. Посочи дека 29 општини не доставиле одговор, а осум се изјасниле негативно, при што информира дека се иницирани нови законски измени меѓу кои е и предлогот за отворањето на вакви центри во секоја општина. Во делот на детската заштита, министерската говореше за изјаснувањето на потребите на општините за негователите и воспитувачите во детските градинки, односно продолжувањето на договорот на дело на или трансформацијата од неопределено време на овој персонал. Посочи дека се доставени 160 барања за вработувања во градинките, при што нема да бидат земени во предвид барањата за техничкиот персонал. За втората фаза за капитални инвестиици во детската заштита, доставени се 68 барања од општините. За оваа намена за 2018 година, министерството има на располагање 30 милиони денари и затоа приоритет ќе имаат издржаните проекти, но при тоа ќе се реализираат разговори со сите заинтересирани општини за изнаоѓање на можности за реализација на сите позитивни иницијативи. Стана збор и за социјалното домување и распределбата на социјални станови, за што се предвидени активности во три општини, а беше посочено дека се обезбедени средства и за реализација на програмата за вклучување на деца Роми во градинките, како заеднички проект со општините

-„ Во Буџетот на Република Македонија за 2018 година предвидени се 780 милиони денари повеќе стредства за образованието од минатата година, што донекаде ќе овозможи ублажување на состојбите со кои досега се соочуваа локалните власти “, рече министрката за образование и наука, Рената Дескоска . Се предвидува изградба на нови училишта, како и инвестиции за типски спортски сали од 650 м2 и од 1.300 м2. На доставените прашалници до општините за нивната заинтересираност за капитални инвестиции во оваа наскока, за постојните состојби, законските пречки или документациската подготвеност за овие зафати, одговориле само дел од општините. Дескоска посочи дека во делот за рехабилитација на постојните објекти, се предвидени пет компоненти, за кровна конструкција, за фасади и греење, за водовод и електрика и за под и подна основа. Во однос на барањата за вработувања на наставнниот кадар, каде се вклучени и дефектолозите, потребно е општините да направат добра анализа на реалните потреби, за веќе следната година да не дојде до вишок на вработени,а исто така апелираше и при преземањето на сите кадровски промени, општините да ја почитуваат постојната законска регулатива, односно да не предизвикуваат понатамошни буџетски консеквенции. Беше наглесено одново да се достават барањата за нови вработувања, независно дали претходно доставените биле одбиени.

Апел за поттикнување на културните активности упати министерот за култура Роберт Алаѓозовски, нагласувајќи дека општините кои немаат културна понуда, не се атрактивни ниту за живеење, ниту за развивање на економијата уште помалку за привлекување на туристи. Тој посочи дека се прави евалуација во насока на обезбедување на поголема децентрализација на установите од културата, односно зголемување на бројот од сегашните 60 институции под локална власт.

-„ Свесни сме за предизвиците со недостаток на кадри во овие институции, но и на средства за спроведување на активностите.Целта е општините да наследат можности за развој на културата, а не да наследат проблеми. Затоа сме тука со заеднички иницијативи, користење на меѓународни средства, јавно-приватни партнерства да изнајдеме заенички начини за создавање услови за рамномерен културен развој во секој дел од нашата земја“, рече Алаѓозовски. При тоа тој посочи дека ќе се продолжи и со поддршката на општините во реализација на досегашните манифестацијии „ „Нов културен бран“, „ Град на културата “ како и на сите иницијативи за проактивна улога во збогатување и подигање на нивото на културната понуда во општините.

На средбата градоначалниците имаа можност дел од своите проблеми и иницијативи да ги изнесат пред присутните министри, но исто така беа посочени предизвиците и во другите области за што беше побарано ЗЕЛС да организира вакви средби и со другите министерства, а како приоритетно беше посочено Министретсвото за транспорт и врски.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.