Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Да се избегнува изработка на преамбициозни стратегиски планови- препорака од експертите до претставниците од локалната власт
19 декември 2019
 

 

Повеќе општини во земјата го информираа ЗЕЛС дека нивните повеќегодишните стратегиски планови за локален економски развој се во фаза на истекување. При тоа тие побараа ЗЕЛС да организира обука преку која уште еднаш ќе се потсетат за чекорите при подготвувањето на овој значаен документ и меѓусебно да разменат искуствата за надминување на предизвиците со кои се соочувале при изработката на претходниот стратегиски документ.

Во таа насока во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот (ЗТЦ), на 18 декември, 2019 година беа поканети претставниците на општинската администрација, од одделенијата за локален економски развој. Експертите од компанијата „СЕГ Холдинг“ на присутните им ги пренесоа своите стручни знаења во оваа област, но исто така обезбедија на интерактивен и практичен начин да се минат сите четири фази на стратегиското планирање. Особено ги нагласија најзначајните моменти каде локалната власт треба да посвети поголемо внимание при изработката на документот, со цел да се добие објективно остварлив стратегиски план. Беше посочено дека од особена важност е формирањето на тимот што ќе го изработува планот, нивната посветеност низ целиот процес да обезбедат што поголемо вклучување на целокупната општинска администрација, како и учество на сите засегнати страни: граѓаните, стопанствениците, образованието, невладиниот сектор, невработените и слично....Исто така укажаа дека секогаш е подобро планот да се изработува за одреден пократок временски период, како што е рок од пет години, отколку тоа да планови за десет или повеќе години. Експертите ја нагласија важноста и на дефинирање на помалку цели во планот, наспроти изработката на „список на желби“,или преамбициозни планови, кои никогаш реално нема да се остварат. Навремено започнува со изработка на нов стратегиски план, најмалку една година пред истекувањето на претходниот е исто така важно, бидејќи ќе обезбеди да се направи добра анализа на сите ,,пропусти“ што биле направени, но и попосветено учество на стопанствениците и другите учесници во целиот процес на планирање.

Заменик директорката на ЗЕЛС Ардита Дема Мехмети на присутните им ги претстави активностите на ЗЕЛС во полето на ЛЕР. Потоа, таа говореше за целите и полезностите на БФЦ програмата за сертификација на општините, а особено внимание посвети на претставувањето на тековните активности на лобирање на ЗЕЛС за промени во системот на локалната самоуправа и на разговорите што се водат со централната власт за проширување на надлежностите на општините. Информациите околу тенденциите за продлабочувањето на процесот на децентрализацијата се од особена важност кога станува збор за создавање на повеќегодишни стратегиски планови на локалната власт. Присутните се интересираа и за подготовката на најновите политики во делот на рамномерен регионален развој, заложбите за исполнување на законската одредба за добивање на средства во висина од најмалку 1% за РРР. Сите овие промени се од огромно значење за правилно стратегиско планирање на локалната економија и целокупниот развој на општината.

На обуката покрај објаснување на процесот на стратегиско планирање (профил на општината, проекции за иднината, стратешки насоки и акциски план), работа во групи и практични вежби беа претставени и други алатки. Беше објаснето за „ Управување на повеќе нивоа“ (multi-level governance) за начинот за решавање на предизвиците на локалното население, беше претставен „Интегриран организациски модел“ (соработка со регионални/локални актери, централна власт, идентификација на економски потенцијали) и институциограм/матрица – за одговорности на локалната власт, во споредба со останати актери.

Присутните посочија дека и покрај нивното досегашно искуство во оваа област секоја обука обезбедува отворање на еден нов видик, нов правец за уште подобро и поквалитетно спроведување на нивните обврски во општината. Она за што изразија потреба за идна дополнителна обука е -„набљудување“, односно квалитетно следење и оценка на реализација на стратегискиот план, како основа за создавање на нови подобри стратегиски планови .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.