ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Претседателлство на ЗЕЛС на средба со мониторинг мисијата наСоветот на Европа
1 јуни 2017
 

 

Во рамки на тридневна посета на Република Македонија од страна на известителите на Комисијата за почитување на обврските и заложбите на земјите членки преземени при приемот во Советот на Европа, денес се одржа средба со Претседателството на ЗЕЛС, во состав Коце Трајановски, претседател, Невзат Бејта, потпретседател, и Зоран Дамјановски, потпрестедател. Мисијата на парламентарната Комисија на Советот на Европа е да направи мониторинг на парламентарните избори во Македонија, како и да види дали постојат и кои се можните проблеми пред одтжување на локалните избори.

Нагласувајќи дека странските претставници се добро информирани за политичката состојба во земјата, Трајановски се осврна на состојбата во која сега се наоѓа локалната самоуправа. Тој истакна дека локалната самоуправа во земјава е во многу тешка ситуација поради политичката криза во изминатите месеци.

„Имаме состојба во која не знаеме дали сме градоначалници или не, бидејќи имаме поделени мислења до кога ни трае мандатот. Во нормална состојба, локалните избори требаше да се одржат до 15 мај. Изборите не се распишаа, а министерствата за локална самоуправа и за правда рекоа дека нашиот мандат завршува на 15 мај“, рече Трајановски, и исткна дека, оттогаш локалните власти не функционираат, не потпишуваат, граѓаните не можат да добијат лични докумети (пасоши, лични карти итн.), не се издаваат градежни дозволи, не се купуваат и продаваат недвижности, не може да се исплатат плати на администрацијата, во образованието (основно и средно), градинките, противпожарните единици, итн.

Претседателот Трајановски изрази надеж дека, според остварите контакти, има ветувања дека навреме ќе се донесат потребните законски измени во Собранието.

„ Останува да видиме дали денес ќе се донесат законските измени. Ако не, ќе биде многу лошо. Можеби не во првите денови, ама потоа да“, оцени претседателот на ЗЕЛС.

Што се однесува до можностите за злоупотреба на ресурсите во предизборна кампања на локалните избори, Трајановски ја информира тричлената делегација на Советот на Европа дека два месеца пред избори, локалните власти имаат скратени можности во своето работење.

„Можеме да го спроведуваме само тоа што е предвидено со годишен буџет и годишен план. Искористувањето на ресурси на локално ниво е минимално и не може да се злоупотребува. Сé е испланирано. Пред 10-15 години, пракса беше пред избори да се изведуваат работи . Сега нема, казниво е и нема да се прави“, рече Трајановски.

Од новата Влада, Трајановски очекува да не се врши пристисок врз локалната самоуправа, оценувајќи дека „во спротивно нема да биде добро“.

Потпреседателот Бејта информира дека локалните избори ќе бидат во октомври и дека тој очекува соработка со новата Влада, како и голема подршка кон локалната самоуправа.

Зоран Дамјановски се задржа генерално на потенцијалот на децентрализацијата во Македонија.

„Имаме слаб капацитет на децентрализација како една од главните столбови на демократијата. Со тригодишната политичка криза во земјата, суштината на децентрализацијата е тотално изгубена“, рече Дамјановски, додавајќи дека во последните девет месеци воопшто и не функционира. За него, тоа јасно покажува дека законите за децентрализација не даваат нормално функционирање, не се соодветни и не работат во интерес на граѓаните. Заради тоа, тој смета дека главен приоритет на новата Влада треба да биде проширување на капацитетот на деценрализација.

Потпретседателот Дамјановски за пример ја посочи фискалната децентрализација во земјата, како најлоша во споредба со земјите од регионот, натаму минималните средства за рамномерен регионален развој, персоналниот данок кој треба да биде изворен локален данок и да припаѓа на граѓаните во општината. Тој оцени дека има желба кај новиот премиер да ја врати децентралзиацијата на врв на агендата и да направи чекор напред особено во доменот на фискалната сфера.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.