ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Управниот одбор на ЗЕЛС ги избра делегатите и членовите на Заедницата во странските и домашни органи и тела
28 декември 2017
 

 

Управниот одбор на ЗЕЛС на 26 декември, 2017 година ја одржа третата седница, во просториите на административната зграда на ЗЕЛС. На седницата беа избрани делегати и членови во странски и домашни тела и органи, во кои ЗЕЛС има свои претставници. Присутните дискутираа и за систематизираните ставови на Заедницата, што се однесуваат на сите предизвици и барања што ЗЕЛС ги упатува до централната власт за подобрување на состојбите при спроведувањето на сите префрлени надлежности на локално ниво.

Според првата точка од дневниот ред, Управниот одбор избра по тројца делегати и нивни заменици во Советот на Европа. Станува збор за најстарата меѓународна организација која преку своите активности се залага за европска интеграција, а постои веќе 68 години. Во неа членуваат 47 земји, со над 800 милиони жители. Во активностите на Советот на Европа, посебен акцент се става на заштитата на човековите права, развојот на демократијата, владеењето на правото и на културната соработка. Советот на Европа ги развива демократските принципи базирани на Европската конвенција за човекови права и други релевантни документи за заштита на правата на човекот. Во таа насока задолжително треба да се почитува во делегациите да има 30% застапеност на жените, во спротивно, нема да им биде дозволено да гласаат. Исто така, составот на делегацијата треба да ја отсликува одразената волја на народот, односно членовите да се од најзастапените политичките партии во земјата.

Управниот одбор на ЗЕЛС ги избра следните делегати во Советот на Европа:

1. Теута Арифи – Градоначалничка на општина Тетово

2. Наташа Петровска – Градоначалничка на општина Битола

3. Коста Јаневски – Градоначалник на општина Струмица

Заменици се:

1. Митко Јанчев, Градоначалник на општина Кавадарци

2. Арбен Таравари, Градоначалник на општина Гостивар

3. Јован Стојаноски, Градоначалник на општина Охрид

Управниот одбор на ЗЕЛС избра 11 делегати и исто толку заменици во Заеднички консултативен комитет помеѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската унија (ЗКК). Република Македонија воспостави партнерски однос со Европската Унија од 2008 година во делот на соработката за локалните и регионални политики, на начин што е формиран ЗКК, претставуван преку Комитетот на региони. Ова тело е воспоставено со цел да ја подготвува основата за проширување на Европската унија преку унапредување на политичкиот дијалог и соработка меѓу локалните и регионалните власти. Една од темите секогаш се донесува за улогата на локалните власти и напредокот за членство во Унијата, а втората тема е од различни области, меѓу кои понагласени се темите од областа на финансирањето на локалната самоуправа, јавните набавки, бегалската криза и други. Делегатите и замениците се избираат од редовите на градоначалници и советници. Состаноците се одржуваат во Брисел и во Република Македонија, а ги водат двајца ко-претседавачи, по еден од двете страни.

Делегати на ЗЕЛС во ЗКК се:

1. Максим Димитриевски, Градоначалник на општина Куманово

2. Сашо Поцков, Градоначалник на општина Гевгелија

3. Аце Коцевски, Градоначалник на општина Велес

4. Благој Бочварски, Градоначалник на општина Штип

5. Ружди Љата, Градоначалник на општина Дебар

6. Миликије Халими, Градоначалничка на општина Арачиново

7. Борис Георгиевски, Градоначалник на општина Гази Баба

8. Фатмир Дехари, Градоначалник на општина Кичево

9. Билјана Секуловска Габер - Советник од Град Скопје

10. Сашо Велковски, Градоначалник на општина Свети Николе

11. Рамиз Мерко, Градоначалник на општина Струга

Заменици се:

1. Стефан Богоев, Градоначалник на општина Карпош

2. Блерим Беџети, Градоначалник на општина Сарај

3. Азем Садики, Градоначалник на општина Студеничани

4. Перо Костадинов, Градоначалник на општина Валандово

5. Живко Гошаревски, Градоначалник на општина Ресен

6. Марјан Јанев, Градоначалник на општина Василево

7. Илија Јованоски, Градоначалник на општина Прилеп

8. Борјанчо Мицевски, Градоначалник на општина Крива Паланка

9. Жаклина Јовановска, Градоначалничка на општина Старо Нагоричане

10. Соња Стаменкова, Градоначалник на општина Македонска Каменица

11. Медат Куртовски, Градоначалник на општина Маврово Ростуше

Петре Шилегов, претседателот на ЗЕЛС и градоначалник на Град Скопје и потпретседателите на ЗЕЛС, Висар Ганиу -градоначалник на општина Чаир и Митко Јанчев, градоначалник на општина Кавадарци, беа избрани за делегати во Мрежата на асоцијации на локалните власти од Југоисточна Европа (НАЛАС). Оваа мрежа е формирана под покровителство на Конгресот на регионални и локални власти на Советот на Европа, во рамките на Пактот за стабилност. Во 2004 година членките на НАЛАС го усвоија Статутот во Стразбур, а од 2007 година, седиштето на НАЛАС е во Скопје.

Во Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините беа избрани пет члена од редот на градоначалници. Во ова тело, кое брои вкупно 9 члена, претставниците од локалната власт се мнозинство, а останатите членови се од редот на државните службеници. Беше сугерирано во ова тело да има и членови кои веќе имаат искуство во работењето на Комисијата и имаат поголеми познавања од областа на финансиите, со цел одржување на одреден континуитет во работењето на оваа значајна Комисија за ЗЕЛС.

Членови на Комисијата за следење на развојот на системот за финансирање на општините се:

1. Аце Коцевски- Градоначалник на општина Велес

2. Блерим Беџети - Градоначалник на општина Сарај

3. Николчо Илијев - Градоначалник на општина Кочани

4. Жика Стојановски - Градоначалник на општина Илинден

5. Сашо Поцков - Градоначалник на општина Гевгелија

Управниот одбор на ЗЕЛС избра и тројца членови во Комитетот за градежно земјиште, сопственост на Република Македонија. Станува збор за советодавно и координативно тело формирано заради следење, остварување и унапредување на начинот на вршење на работите за располагање со градежното земјиште, сопственост на Република Македонија. Комитетот го следи исполнувањето на условите од страна на ЕЛС да управуваат со ова земјиште; дава мислење за донесување на одлука за вршење на работите за располагање со градежното земјиште и за одземање на вршењето на истите активности; предлага мерки до Владата на Р.М за подобрување на начинот на вршење на работите за располагање со ова земјиште; ја следи примената на начелата на професионалност, транспарентност и законитост на постапките спроведени согласно со закон и изготвува годишен извештај за развојот на вршењето на работите за располагање со градежното земјиште и го доставува до Владата. Досега, 44 единици на локалната власт во земјата управуваат со градежното неизградено земјиште, сопственост на РМ. Тие земаат 80% од средствата од продажбата на земјиштето, додека во согласност со законските измени, од месец јануари 2019 година, општините кои не ја преземале оваа надлежност ќе земаат само 20% од продажбата на земјиштето што е на нивната територија, а 80% ќе одат во касата на централната власт. Комитетот е составен од седум члена, од кои тројца претставници од ЗЕЛС, два члена од Министерството за транспорт и врски, по еден член од Министерството за локална самоуправа и од Министерството за финансии.

Членови од ЗЕЛС во Комитетот за градежно земјиште, сопственост на Република Македонија се :

1.Саша Богдановиќ- Градоначалник на општина Центар

2.Борче Митевски - Градоначалник на општина Петровец

3.Висар Ганиу - Градоначалник на општина Чаир

Советот избра и по еден претставник од ЗЕЛС во неколку тела, како што се: Националниот совет за евроинтеграции при Собранието на Република Македонија каде беше избран градоначалникот на општина Аеродром, Златко Марин; во Комитетот за следење на ИПАРД 2 Програмата беше избран градоначалник на општина Босилово, Зоран Зимбаков и во Советот за земјоделство и рурален развој беше избрана Јасмина Гулевска, градоначалничка на општина Могила.

Во Комисијата за одобрување на набавка на противпожарна опрема и средства за гасење на пожари за противпожарни единици беа изгласани двајца градоначалници: Илија Јованоски - градоначалник на општина Прилеп и Рамиз Мерко, градоначалник на општина Струга а, исто толку градоначалници беа изгласани и во Советот за статистика на Република Македонија, при Државниот завод за статистика. Во овој Совет членови од ЗЕЛС се Горан Трајковски - градоначалник на општина Делчево и Тони Делков- градоначалник на општина Неготино

Потоа Управниот одбор на ЗЕЛС ги разгледа систематизирани ставови на Заедницата, кои во изминатите десетина дена беа доставени до сите општини. Присутните посочија дека е потребен поголем период за изјаснување по овој многу значаен документ на ЗЕЛС, а воедно беше посочено дека треба да се направат и одредени дополнувања на барањата со нови предлози кои се од големо значење за натамошното лобирање на ЗЕЛС, во полза на општините. Во таа насока беше предложено да се формира работна група од членови од Управниот одбор на ЗЕЛС кои ќе го преработат подетално овој документ и ќе утврдат нацрт верзија што ќе биде испратена до крајот на месец јануари, 2018 година до сите членки на Заедницата. Општините треба до 20 февруари, 208 година да се изјаснат по Предлог -нацртот на систематизираните ставови на ЗЕЛ, а, потоа истиот ќе биде повторно ставена на разгледување на Управниот одбор на ЗЕЛС . Во составот на оваа Работна група беа предложени :

1.Аце Коцевски, Градоначалник на општина Велес

2.Фатмир Дехари, Градоначалник на општина Кичево

3.Теута Арифи, Градоначалник на општина Тетово

4.Максим Димитриевски Градоначалник на општина Куманово

5. Жика Стојановски, Градоначалник на Општина Илинден.

6. Душица Перишиќ, извршен директор на ЗЕЛС

Под точката разно членовите на Управниот одбор дискутираа за предложените мерки од Извештајот за Doing Business 2018. Особено внимание предизвика мерката за утврдување на можноста за укинување на надоместокот за уредување на градежно земјиште (комуналии) за објекти со намена за лесна индустрија, сервиси и стоваришта. Управниот одбор на ЗЕЛС не ја прифати оваа мерка со образложение дека општините имаат сериозни финансиски предизвици, па укинувањето на било каков извор на дополнителни приходи ќе придонесе за натамошно влошување на оваа состојба. Беше посочено дека за вакви мерки, локалните власти би можеле да разговараат доколку се успее да се обезбеди добра фискална стабилизација на општините, што ќе биде предмет на натамошни преговори со централната власт.

Беше изнесен и предизвикот со кој се соочуваат одреден број на единици на локална власт во однос на финансирањето на професионалните спортски клубови. Општините се јавуваат како нивни главен акционер и при тоа се трошат значителни финансиски средства, кои може да се искористи за подобрување на инфраструктирата, односно подобрување на услугите кон граѓаните. Беше посочено дека сериозно треба да се анализира оваа област и да се најдат адекватни решенија, кои нема да предизвикаат негативни последици по овие клубови и развивањето на спортот и спортските активности, иако со Законот за локална самоуправа, општините се надлежни за развивање на масовниот и на училишниот спорт.

Членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС дискутираа и за прашањето со легализацијата на бесправно изградените објекти. Присутните изразија незадоволство што овој клучен Закон за општините, во фазата кога се изготвувал текстот за изменување и дополнување на законот за бесправно изградените објекти не е доставен до ЗЕЛС на консултација, односно не е овозможено општините да се произнесат по истиот. Прашањето за легализација на бесправно изградените објекти, нивното идно вклопување во урбанистичко – планската документација, како и високиот расход на општините во земјата поради експропријација на легализирани објекти кои се наоѓаат на земјиште предвидено за изградба на инфраструктурни објекти, претставува многу голем проблем за општините. Потребен е и усогласен начин на докажување на периодот на изградба на бесправниот објект, односно веродостоен доказ, дали истиот е изграден до 1 септември 2011 година, како што тоа е утврдено со закон. Членовите на УО заклучија, дека ЗЕЛС треба писмено да се обрати до Министерството за транспорт и врски и да побара да биде доставен предлог законот на разгледување од страна на сите локални власти.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.