Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Заокружена активноста за јакнење на општинските капацитетити за спроведување на Функционала анализа во ЕЛС
12 декември 2019
 

На 11 декември, 2019 во ЗЕЛС Тренинг Центарот беа доделени сертификати на 40-тина учесници од мрежата за УЧР при ЗЕЛС за успешно поминатата обука за спроведување на Функционала анализа во општините, со што ЗЕЛС и Мисијата на ОБСЕ во Скопје ја заокружија оваа заедничка активност што се состоеше од неколку фази. Претставниците од општините кои учествуваа на дводневните регионални обуки што се одржаа во јуни и јули, годинава добија сертификати за учество во обуката за Спроведување на функционалата анализа во општините со што се потврдуваат нивните капацитети за успешно спроведување на овој важен процес за општините. Општините кои добија менторска поддршка за спроведување на Функционална анализа ги презентираа нивните искуства за текот на процесот, но зборуваа и за пречките на кои наидувале и несериозниот пристап на некои колеги или раководството за овој важен процес. Сите се согласија дека е неопходно да се актуелизира повторно важноста на овој процес пред највисокото раководство во општините со цел надминување на пречките во спроведувањето на Функционаланата анализа од сите вклучени и вработени во општините.

Со цел утврдување на идните активности на ЗЕЛС што ќе им бидат од значење на вработените во областа на УЧР во општините, присутните дискутираа за потребата од почести средби и работилници во рамките на мрежата за УЧР, но и специјализирани обуки што се однесуваат на примената на Законот за администрација и другите сродни закони од областа на управувањето со човечки ресурси. Тие зборува за потребата од промени во делот на оценувањето, за проблемите што ги имаат при изработка на систематизациите, за начинот на унапредување и други практични потреби и проблеми за што побараа од ЗЕЛС да достави барање за толкување од МИОА во однос на заедничките нотирани проблеми. Во следниот период ЗЕЛС ќе ги сублимира и нотира прашањата за кои побараа толкување и ќе ги достави до надлежното министерство и ќе ги информира повратно општините за одговорите.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.