Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Илинден и Штип се пилот општините од нашата земја кои ќе бидат вклучени во реализацијата на регионалниот проект „Управување со отпад од стаклена амбалажа во Западен Балкан
14 октомври 2020

Илинден и Штип се двете општини од нашата земја кои ќе бидат вклучени во реализацијата на регионалниот проект „Управување со отпад од стаклена амбалажа во Западен Балкан.
Во таа насока, градоначалникот на Општина Илинден, Жика Стојановски и градоначалникот на Општина Штип, Јане Миланов, во месец октомври, 2020 година потпишаа Меморандум за соработка со проектниот менаџер на регионалната канцеларија на ГИЗ (ОРФ ГИЗ ММС) во Белград, Зорица Билиќ, извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ и Филип Ивановски, директор на Друштво за управување со пакување и отпад од пакување (ПАКОМАК) Скопје. Всушност, ЗЕЛС, во соработка со Германското друштво за интернационална соработка (ГИЗ), е партнер во имплементација на овој Проект што е финансиран од Сојузното министерство за економска соработка и развој на Германија (BMZ) и компанијата ПАКОМАК (Македонија), во рамки на програмата за соработка со бизнис секторот develoPPP.de. Поради состојбата со вирусот КОВИД-19, потпишувањето на Меморандумот беше проследено по електронски пат.

Со Меморандумот се воспоставува рамката за соработка, координација и спроведување на заедничките активности на потписниците, со цел успешна реализација на Проектот што се спроведува во: Србија, Северна Македонија и Босна и Херцеговина. Искуството и резултатите што ќе произлезат од проктните активности во општините Илинден и Штип за унапредување на собирањето и соодветен третман на отпадот од пакување од стакло, ќе претставуваат основа за изработка и развивање на бизнис модели за управување на овој вид отпад, применливи во единиците на локалната самоуправа.

Во таа насока во рамките на Проектот ќе се реализираат низа активности , меѓу кои: изработка на анализа за унапредување на постоечките системи на управување со стаклена амбалажа; изработка на модел за собирање и рециклирање на стаклена амбалажа според видот на општината (урбана, рурална); пилотирање на моделот преку набавка на опрема (контејнери за собирање стаклена амбалажа); обука за јавните комунални претпријатија и тркалезни маси за компании; кампања за подигнување на свеста за граѓаните и изработка на бизнис модел за натамошен развој на инфраструктура за рециклирање на стакло и друго. Од особена важност е промовирањето на значењето на примарната селекција и рециклажата, во насока на подигање на свеста кај граѓаните за полезноста од овие процеси кои придонесуваат за заштитата на животната средина, за подобрување на здравјето на луѓето и кои обезбедуваат економска полезност за сите.

Процентот на користено стакло за пакување, добиено по пат на рециклирање во регионот на Западен Балкан е далеку под просекот во Европската Унија. Всушност, повеќето од користената стаклена амбалажа завршува на депонии или нелегални места за фрлање отпад, каде што на стаклото му се потребни повеќе од 5000 години да се распадне. Споредено со другиот отпад од пакување, стаклото е потешко и многу поскапо за транспорт. Трошокот за превоз е еден од главните фактори за намалување на вредноста на стаклото како рециклирачки извор. Во земјите на Западен Балкан, во моментов не постои функционален систем за управување со рециклирање на стакло и нема адекватни податоци за рециклирање на стакло што би претставувале појдовна точка да се овозможи економски ефикасен синџир на вредности за рециклирање на стакло и подобрување на соработка на многу различни засегнати страни во текот на целиот процес.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.