Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ЗЕЛС дел од регионалниот проект за адекватно интегрирање на принципот “Никој не смее да биде запоставен“, од Агендата 2030
17 јуни 2020
 

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Северна Македонија- ЗЕЛС до крајот на 2022 година активно ќе учествува во реализација на регионалниот проект чија цел е општините успешно да ги планираат и спроведуваат активностите кои ќе придонесат за адекватно интегрирање на принципот ““Никој не смее да биде запоставен“, што произлегува од Агенда 2030, документ на ОН. Овој документ содржи 17 цели за оддржлив развој и истиот е усвоен од страна на сите земји членки на ОН. Преку реализација на предвидените прoeктни активности ЗЕЛС ќе обезбеди јакнење на капацитетите на општинската администрација од одделенијата за социјалната заштита, во насока на соодветна примена на веќе потврдени, успешни модели за подобри социјални, економски и културни човекови права на социјално исклучените категории на граѓани.

Во овој регионален проект, што го финансира ГИЗ а, го имплементира НАЛАС- Мрежата на асоцијациите на единиците на локални самоуправи од земјите од Југоисточна Европа, освен ЗЕЛС учествуваат и асоцијациите на : Албанија, Босна и Херцеговина, Косово и Србија. Проектот треба да придонесе за подобра примена на модулот „Социјални права за исклучените групи 2“, со фокус на споделување на успешните модели за социјална инклузија и развој и примена на методологија за социјално мапирање за подобро планирање и одлучување на локално ниво.

Дефинираните активности вклучуваат поставување на институционална структура за имплементација на проектот, потоа идентификување, документирање и надградување на 5-те модели кои произлегуваат од претходно реализираниот проект ,,Социјални права за исклучените групи 1“, како и развивање и спроведување на обуки за секој од дадените модели. Активности ќе има и за поддршка низ процесот на примена на социјалното мапирање во општините, применувајќи го принципот на собирање на разделени податоци за исклучените групи на граѓани. Тие податоци ќе се користат во понатамошно планирање за социјална интеграција на оваа категорија на граѓани.

Поконкретно, во рамките на проектот секоја земја ќе примени по еден од утврдените пет модели : 1.Подигнување на свеста (Awareness Raising); 2.Мобилни тимови за поддршка на ранливите категории на лица (Mobile Outreach Teams); 3. Центри за дневна грижа (Day Care Centers); 4. Форум за социјален дијалог ( Social Dialogue Forum ) и 5.Управување и справување со ризик од катастрофа (Emergency Responses and Disaster Risk Management)

ЗЕЛС ќе го применува четвртиот модел „Форум за социјален дијалог “ каде ќе бидат искористени добрите практики од Косово, кои произлегоа од првата фаза од проект „Социјални права за исклучените групи 1“. При тоа ќе бидат реализирани активности што се однесуваат на јакнење на капацитетите на општинската администрација, ќе се обезбеди поставување на Кластери за учење, а општините ќе добијат поддршка при имплементирањето на моделите, како и поддршка за документирање на најдобрите практики.. Во согласност со проектот, ЗЕЛС ќе објави јавен повик за интерес на општините за вклучување во проектните активности, со прецизно утврдени критериуми за пријавување, по што ќе бидат избарани најмногу 20 претставници, од локалната власт и од ЗЕЛС . Секоја од земјите учеснички во проектот може да ги применуваат сите модели и добри пракси за останатите општини, со што ќе се обезбеди одржливост на проектот. ЗЕЛС во месец мај, започна со подготовките за отпочување на активностите од овој проект.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.