ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Започна процес на консултации за можностите за редефинирање и промени во системот на финансирање на единиците на локална самоуправа
28 јули 2017
 

 

На 27 јули, 2017 година, во просториите на Министерството за локална самоуправа започна процес на консултации за редефинирање на начинот и утврдувањето на критериумите на наменските и блок дотациите кои ќе се користат за утврдување на уредбите за распределба на средствата од блок дотациите што централната власт ги префрла на единиците на локална самоуправа за спроведување на надлежностите во областа на образованието, социјалната заштита и културата. Овие активности започнаа врз основа на Заклучок на Владата на Република Македонија од 13 –та седница одржана на 07 јули,2017 година каде беше препорачано на ЗЕЛС, во соработка со Министерството за финансии, Министерството за образование и наука, Министерството за култура и Министерството за труд и социјална политика да го покрене овој процес, но Министерството за локална самоуправа, во консултации со Генералниот секретар на Владата, ја презема организацијата. На состанокот учествуваа: извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ и заменик -директорката Ардита Дема-Мехмети, како и други претставници од стручната служба на Заедницата, потоа претставници од утврдените министерства, а заменик - министерот за локална самоуправа, Дејан Павлески го имаше воведниот збор. Тој пред присутните најави отвореност за соработка со ЗЕЛС и со останатите министерства во насока на натамошна поддршка за создавање на понезависни но и поодговорни општини. Посочи дека главните заложби се општините да добиваат повеќе средства, при што првенствено ќе се утврдува и нивната ангажираност и сериозност во преземањето на активности за целосно собирање и искористување на сопствените изворни средства на финансирање. Исто така посочи дека се планира акцент да се стави и на обезбедување на поголема поддршка на руралните општини, како и на руралните средини во урбаните единици на локалната власт.

Извршната директорка на ЗЕЛС,Душица Перишиќ истакна дека локалните власти се соочуваат со сериозни финансиски предизвици при спроведувањето на своите надлежности во областа на образованието, културата, детската и противпожарната заштита што се одразува на квалитетот на услугите во овие највитални области. За овие состојби ЗЕЛС повеќе години наназад се обраќа до централната власт со барања за изнаоѓање на адекватни решенија. Таа нагласи дека заедно со ставовите и барањата ЗЕЛС секогаш доставува и подготвени анализи за реалните состојби во општините во дадената област, при што нагласи дека за обезбедување на поголема финансиска самостојност на општините, потребно е што поскоро да се прифати барањето на ЗЕЛС зафаќањето од персоналниот данок во полза на општините да се зголеми од сегашните три на најмалку 30% и од ДДВ од сегашните 4,5 % да достигне до 10% . Беше посочено дека во областа на образованието утврден е најголем недостаток за исплаќање на задолжителниот превоз на средношколците и недостатокот на средства за набавка на енергенси за греење на училиштата,што ги покриваат од сопствени средства, стекнати за други намени. Поради недостаток во блок дотацијата, општините од сопствени средства ги покриваат и законските обврски за дезинфекција и дератизација и варосување, за систематски прегледи на наставниот кадар, за осигурување на објектите и опремата, за отпремнините при пензионирање или смртен случај на вработените. Беше посочено и барањето на ЗЕЛС да има свои претставници при распределбата на средствата за капитални инвестиции во оваа и во другите области што се во надлежност на општините. Беше посочено дека ЗЕЛС континуирано укажува и на предизвиците при згрижувањето на децата во градинките, каде во поголем број општини поради зголемени потреби, средствата за платите на новоангажираните воспитувачи и негувателки ги плаќа локалната власт, од причини што со години наназад не се дава согласност за нови вработувања за оваа намена од соодветното министерство. Исто така голем број на општини градат или преадаптираат објекти за оваа намена со свои средства, а во блок дотацијата не се предвидуваат дополнителни средства за ниво функционирање, па повторно целокупниот товар за нивно одржување и плаќање на вработените е на товар на општината .Слична или уште понеповолна е состојбата и во областа на културата . Домовите на културата, во голем број општини се во очајна состојба, имаат по еден, најмногу двајца вработени и минимални средства од блок дотациите, поради што и понудените содржини се минимални, или повторно за нивна реализација средства одвојува општината. ЗЕЛС и тука направи анализа за тековната состојба со бројот на вработените и го информираше надлежното министерство.

Претставниците од министерствата ги потврдија изложените состојби, посочувајќи дека распределбата се прави во согласност со утврдените формули и пред се во зависност од определените средства за оваа намена во Буџетот. Сите се согласија дека во иднина треба да се преземат мерки за редефинирање на овие средства, каде треба да се разгледаат и можностите за зголемување на блок дотациите, но при тоа беше укажано дека и локалните власти треба сериозно да се зафатат со добро планирање и домаќинско работење, со цел нивно максимално и ефикасно искористување.

Заклучокот од овој состанок беше дека се констатирани низа предизвици во овие области поради недостаток на финансиски средства, поради што е потребно редефинирање и промени во системот на финансирање на единиците на локална самоуправа и дека тој треба да биде базиран на реални длабински анализи кои треба да се направат во периодот што следи, со цел на среден и долг рок да се добие систем на финансирање кој ќе биде фер и правичен. ЗЕЛС беше задолжен да ги достави направените анализи и ставови на сите присутни, а во најкус рок треба да се произнесат и надлежните министерства , по што ќе се одржи друг состанок на кој се очекува да се утврдат соодветни препораки до вклучените страни, со цел приготвување на официјална информација до Владата.



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.