ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Генерално Собрание на ЗЕЛС, 5-та седница
15 декември 2011
 

14 јули, 2011 година, ( среда) хотел ,,Холидеј ин “, во 12:00 часот

Заедницата на единиците на локалната самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС, на 14 декември, 2011 година (среда), во хотелот ,,Холидеј ин“, во сала ,,Милениум 1“, со почеток од 12:00 часот, ја организира 5-тата седница, на Генералното Собрание на ЗЕЛС На седницата се поканети и гости од Владата на Република Македонија и претставници од дипломатскиот кор и од меѓународните организации присутни во нашата земја .

Делегатите на Генералното собрание, односно 85-те градоначалници, на седницата ќе дискутираат за значајни предизвици со кои се соочуваат локалните власти во извршувањето на надлежностите, превземените активности и идните приоритети на општините, со цел успешно извршување на своите надлежности и обезбедување на поквалитетни услуги за граѓаните.

Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски ќе говори за спроведувањето на Законот за градежно земјиште, каде веќе 14 општини се стекнаа со надлежноста да управуваат со градежното неизградено земјиште, а преку реализираните обуки од страна на ЗЕЛС и Министерството за транспорт и врски ( МТВ) над 300 претставници од локалната администрација се стекнаа со потребната лиценца за вршење на оваа надлежност. Збор ќе стане и за имплементирањето на Законот за третман на бесправно изградени објекти и утврдените недоречености, за што ЗЕЛС закажа советување со претставниците од урбанизам од општините и претставници од МТВ, со цел утрврдување на одредени измени. Еден од позначајните успеси на локалните власти и за ЗЕЛС е што од 2012 година, речиси сите општини ќе бидат во втората фаза од фискалната децентрализација, а ќе се дискутира и за другите превземени активности кои одат во правец на обезбедување на поголема финансиска независност на општините.
Заради престанок на функцијата градоначалник на еден од членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС, Генералното собрание на оваа седнива ќе донесе одлука за именување на нов член. Станува збор за Блерим Беџети, поранешен градоначалник на општина Сарај, кој по парламентарните избори во земјава е именуван за министер за правда. На дневен ред на оваа седница се и други значајни точки од работењето на ЗЕЛС, меѓу кои разгледување на Планот за работа и Буџетот на ЗЕЛС, за 2012 година.

Ќе ни претставува чест, доколку Вашиот медиум го проследи овој многу значаен настан на ЗЕЛС и ја информира јавноста за состојбите и приоритетите на локалните власти во земјава. Лице за контакт, Весна Арсовска- Динковска, советник за односи со јавност, на 02/3099033, локал 124 и 070 /364 859.

Со почит ,

13 декември, 2011 година Заедница на единиците на локална

Скопје самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС



назад


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE


Гласило

Стратешки план 2011 - 2015


Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.