На глобално ниво, се повеќе општини се соочуваат со недостаток на вода, суши, поплави, загадена вода како и со други предизвици кои бараат иновативни решенија и мерки за нивно надминување. Токму затоа Наградата МОЌЕН (POWER) што е финансиран од Европската Унија од Програмата ХОРИЗОН 2020 ја доделува наградата за моќна најдобра практика за одржливост на водите, на општинско ниво. Општините во Европската Унија и во Израел се охрабруваат да доставуваат опис на иновативно решение што го примениле во областа на превенција на поплави и екстремни временски услови, заштита на водата и одржлива потрошувачка на вода. Преку размена на добрите практики со други членови на водната заедница МОЌЕН (POWER), Вашата општина би можела да биде една од трите најдобри општини и да ја добие Наградата за Моќна најдобра практика за одржливост на водите. Наградата вклучува покана за претставување на иновативната практика на општината на Меѓународна конференција POWER, што е планирано да се одржи во септември оваа година, како и комуникација и пренесување на практиката во POWER Меѓународната мрежа на експерти за одржливост. За дополнителни информации на https://bestpractices.power-h2020.eu/?location=community&fbclid=IwAR1dgImfySEAmzV98VR6JojXTXBR05vr0d45bovHpreKjEDaK34iezcat7s, како и кај: Nina Stiehr, Climate Alliance, Tel. +49-69-717139-35, n.stiehr(at)climatealliance.org ; Kalina Drenska, European Institute for Participatory Media (EIPCM), Tel. +49-30-20076194, k.drenska(at)eipcm.org
Прилог: BPR-contest-en-v2.pdf
|