ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Промоција на новиот софтвер за електронско издавање на одобренија за градење и СМС систем
5 март 2013
 

ПОКАНА ДО МЕДИУМИТЕ

Промоција на новиот софтвер за електронско издавање на одобренија за градење и СМС систем

Почитувани,

На 06 март, 2013 година (среда), со почеток во 11.00 часот, во просториите на ЗЕЛС, министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески, претседателот на ЗЕЛС ќе одржат прес конференција, на која ќе биде презентирана најновата електронска алатка наменета за општините. На овој настан ќе присуствуваат и потпретседателите на ЗЕЛС, Зоран Дамјановски градоначалник на Општина Куманово и Изет Меџити, градоначалник на општина Чаир.

Станува збор за Софтвер за електронско издавање на одобренија за градење, што ќе им овозможи на сите локални власти во земјава, да го зголемат степенот на ефикасност при извршување на услугите кон граѓаните, како и обезбедување на транспарентност во реализацијата на постапка. Граѓаните ќе имаат можност да поднесат барање по електронски пат, без при тоа да чекаат на општинските шалтери или да губат од работното време, а со ова општината ќе ги намали трошоците за набавка на хартија, и ќе ја зголеми ефикасноста на работење. Обврска за печатење и укоричување на потребните документи ќе немаат ниту граѓаните при поднесувањето на барањето.

Овој софтвер истовремено е поврзан и со СМС систем, преку кој граѓанинот –инвеститор, кој поднел барање за градба, може да ја избере опцијата, и со СМС порака да биде информиран во која фаза од постапката се наоѓа неговиот предмет.

Изготвувањето на ваков софтвер е во функција на подготовките на локалните власти за примена на измените во Законот за градба, кои ќе стапат во сила од 1 јуни, оваа година, а според кои издавањето на одобрение за градење ќе се спроведува по електронски пат.

Софтверот за електронско издавање на градежни дозволи, всушност претставува уште една дополнителна алатка, во низата досега реализирани, што ЗЕЛС во соработка со Министерството за транспорт и врски им ги обезбеди на општините за зголемување на нивната понуда на електронски услуги кон граѓаните. Целта на ЗЕЛС е да ги издигнат единиците на локалната самоуправа во модерни е- општини кои ќе го достигнат степенот на развој на напредните европски локални власти. Со тоа и нашата земја станува една од ретките држави кои ја овозможуваат оваа услуга на своите граѓани. За таа цел ЗЕЛС има подигнат веб сервер каде што се поставуваат сите електронски услуги во име на сите општини, едновремено и бесплатно.

Средствата за изработка на софтверот и набавката на хардверот, кој е сместен во ЗЕЛС, се обезбедени од страна на Агенцијата за електронски комуникации. ЗЕЛС, пак, ја реализира целокупната постапка за набавувањето на софтверското решение и на хардверот, а во следниот период ќе ги организира и обуките за неговото користење од страна на општинската администрација.

Ги покануваме сите медиуми, со своите екипи, да присуствуваат на презентацијата и да ја проследат прес-конференцијата.

За сите дополнителни информации лице за контакт Весна Арсовска –Динковска, советник за односи со јавност во ЗЕЛС, 02/3099033 и 070/364 859 .

Со почит ,

05.03 2013 Заедница на единиците на локалната

Скопје самоуправа на Република Македонија -ЗЕЛС

назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.