-,, Поголема координираност на државните инспектори со општинските овластени инспектори. Потреба од континуирани взаемни средби и надоградување на капацитетите на инспекторите. Надополнување на постоечки одредени правни празнини и усогласување на законските, со подзаконските акт. Употреба на единствени унифицирани обрасци при водењето на записниците и издавањето на соодветните решенија на државните и на локалните инспектори. Поголема екипираност на општинските инспекциски служби. Обезбедување на поголема ефикасност во инспекцискиот надзор,што во многу зависи и од решавањето на предметите од страна на второстепените комисии.“ Ова беа дел од генералните заклучоци што произлегоа од Конференцијата на државни и на локалните овластени инспектори што се оддржа на 28 јануари, 2010 година, во Клубот на пратениците во Скопје, на иницијатива на државните инспекциски служби, а поддржана од Заедницата на единиците на локалната самоупрва на Република Македонија-ЗЕЛС. Целта на оваа Конференција беше да се дискутита за проблемите со кои се соочуваат инспекторите во практичното работење, да се лоцираат сите преклопувања и неразјаснети законски одредби во функционирањето на државниот и на локалниот инспекциски надзор и изнаоѓање на мерки за нивно надминување. Конференцијата ја отвори директорот на Државниот просветен инспекторат, г-дин Џорџе Арсов, а присуствува претставници од ЗЕЛС и голем број овластени локални инспектори од општините, како и директорите и претставници од државните инспекциски служби поврзани со надлежностите од областа на комунални работи, урбанизам, животна средина, сообраќај и образование. Сите тие заедно, поделени во пет одделни групи, во зависност од областа за која имаат надлежност, меѓусебно дискутираа во правец на обезбедување на што поголема ефикасност во спроведувањето на инспекцискиот надзор. Секоја група по неколкучасовната дискусија донесе свои заклучоци кои потоа беа изнесени на заедничката пленарна седница. Директорите на државните инспекциски служби се обврзаа да ги сумираат изнесените забелешки и заедно со донесените заклучоци да ги достават до Владата на РМ , за разгледување.
Присутните изразија големо задоволство од организираната средба, укажувајќи дека вакви средби треба да преминат во редовна пракса, односно да се одржуваат најмалку неколку пати годишно. ЗЕЛС им упати покана на инспекторите да се вклучат во работењето на формираните Мрежи во ЗЕЛС по соодветни области, да ги достават своите податоци, со цел во иднина да го дадат својот придонес во разгледувањето на значајни проблеми во нудењето на адекватни решенија и креирање на стратегии и предлог законски решенија за развивање на процесот на децентрализацијата и адекватното извршување на пренесените надлежности на локално ниво.
|