ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит за стекнување со овласување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија објавува: ОГЛАС
21 декември 2017
 

Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит за стекнување со овласување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија објавува:

ОГЛАС

за пријавување на кандидати за почетна обука и полагање на испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија

согласно член 108 од Законот за градежно земјиште

Комисијата за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит објавува ОГЛАС за пријавување кандидати за почетна обука и за полагање испит за стекнување со овластување за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.

1. За пријавување учество на почетна обука, кандидатите треба да ја поднесат следната документација :

- Пријава за учество на почетна обука и полагање на испит за

стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, со задолжително наведување на е-мail (електронска адреса) на подносителот на пријавата, и

- Потврда за статус на административен службеник од редот на раководните или стручни административни службеници.

Документацијата се поднесува до : Комисија за следење на процесот на организирање и спроведување на обука и спроведување на испит на e-mail: contact@zels.org.mk (се доставуваат скенирани копии од оригинал документи).

Комисијата ги известува подносителите на пријавите за комплетираноста на истите по електронски пат, во рок од три дена од денот на поднесување на пријавите.

На подносителите на пријавите кои не доставиле комплетна документација, Комисијата им доставува Известување со образложение дека не ги исполнуваат условите за учество на почетна обука и испит.

Почетните обуки ќе се организираат во групи од најмногу 40 кандидати, почнувајќи од 10 јануари, 2018г. (среда) во просториите на ЗЕЛС и ќе се спроведуваат во наредните последователни денови во зависност од бројот на пријавени кандидати распределни во две групи на ден во термини од 09 и од 13 часот.

2. За полагање испит, кандидатите треба да поднесат потврда за завршена почетна обука за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија, а на денот на испитот со себе да понесат важечка исправа за лична идентификација (лична карта).

Испитот за стекнување со овластување се состои од два дела, и тоа:
- прв теоретски дел, и
- втор дел (практичен пример).

Теоретскиот и практичниот дел ќе се полагаат во група од најмногу 30 лица, во следните термини: 01 февруари, 2018г., 01, 05, 06 и 28 март, 2018г. во просториите на Испитниот центар на Правниот Факултет „Јустинијан Први“ при Универзитетот „Свети Кирил и Методиј“, Скопје. Услов за полагање на вториот дел од испитот е кандидатот да го положи теоретскиот дел од испитот.

Согласно бројот на кандидати кои го исполнуваат условот за полагање испит, Комисијата ќе формира соодветен број на групи, а секој кандидат поединечно ќе биде известен за испитниот термин.

Испитот ќе се полага електронски преку интранет на Правниот факултет, односно преку информацискиот систем за полагање испити.

3. За учество на почетна обука и за полагање испит, се плаќа надомест согласно член 106 од Законот за градежно земјиште.

Уплатата за почетна обука и испит треба да се изврши пред почеток на обуката, а по доставена фактура од ЗЕЛС. Само кадидатите за кои навреме се уплатени средствата ќе можат да посетуваат обука и да полагаат испит.

Пријавите за почетна обука и полагање испит, кандидатите ги доставуваат најдоцна 8 (осум) дена по објавување на огласот во дневен весник.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.