ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
ЗЕЛС и МТВ започнуваат со интензивни активности за успешно стартување на примената на електронско издавање на одобрение за градба
26 април 2013
 

ПОКАНА ДО МЕДИУМИТЕ

ЗЕЛС и МТВ започнуваат со интензивни активности за успешно стартување на примената на електронско издавање на одобрение за градба

ЗЕЛС,во соработка со Министерството за транспорт и врски започнува со активности за презентирање и запознавање на сите релевантни институции, за користењето на софтверската апликација за електронско издавање на одобрение за градење. Овие активности се реализираат со цел обезбедување на целосна подготвеност на институциите, кои од 1 јуни, 2013 година, треба да започнат со примена на законската обврска, утврдена во Законот за градба, целокупната постапката на издавање на одобрение за градење, за сите категории на градби, да се извршува по електронски пат. За оваа цел, ЗЕЛС во соработка со МТВ, веќе ја обезбеди потребната софтверска апликација.

Презентациите пред адекватните целните групи, започнуваат на 26 април (петок), 2013 година, кога во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот, ќе бидат запознаени првите три групи на корисници на овој систем: претставници на градежните компании, на општините и јавните претпријатија и на државните органи вклучени во оваа постапка. На спроведувањето на овие првични презентации ќе присуствува Министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески и Претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски, кои ќе ги запознаат присутните со целокупната постапка и ќе дискутираат за сите утврдени решенија.

Во тој контекст, ги покануваме сите медиуми, со своите екипи, да ја проследат прес-конференцијата што ќе се одржи во административната зграда на ЗЕЛС, на 26 април, 2013 година, со почеток во 10.00 часот, на која претседателот на ЗЕЛС, Коце Трајановски и министерот за транспорт и врски, Миле Јанакиески ќе ја запознаат јавноста за преземањето на подготовките за успешно стартување на оваа законска обврска.

Значи, од 1 јуни, 2013 година, барањата, како и издавањата на одобренија за градба, во сите општини ќе се одвива исклучиво по електронски пат. ЗЕЛС во следниот период,во просториите на ЗЕЛС тренинг центарот ќе реализира низа обуки за општинската администрација, со цел адекватна примена на овој софтвер. Со обуките ќе бидат опфатени претставници од одделенијата за урбанизам од општините, како и од архивата и финансиското одделение. Исто така, ЗЕЛС ќе реализира обуки и за други релевантни целни групи, кои имаат потреба од користење на оваа електронско решение.

Ова е уште една алатка со која општините го зголемуваат бројот на електронски услуги кон граѓаните. Таа ќе придонесе за повисоко степен на ефикасност на општините при извршување на услугите и во обезбедување на поголематранспарентност во реализацијата на постапката. Придобивката за граѓаните е што ќе го избегнат чекањето на општинските шалтер и ќе ги намалат трошоците за печатење и укоричување на бараните документи за издавањето на дозволата. Овој софтвер истовремено е поврзан и со СМС систем, преку кој граѓанинот –инвеститор, кој поднел барање за градба, може да ја избере опцијата, и со СМС порака да биде информиран во која фаза од постапката се наоѓа неговиот предмет.

За сите дополнителни информации лице за контакт Весна Арсовска –Динковска, советник за односи со јавност во ЗЕЛС, 02/3099033 и 070/364 859 .

Со почит,

25 април, 2013 годинаЗаедница на единиците на локалната

Скопје самоуправа на Република Македонија -ЗЕЛС



назад

Ново - Годишен извештај


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.