ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Одредби од Законот за општа управна постапка во инспекцискиот надзор во фокус на обуката за општинските инспектори
16 октомври 2018
 

Бројни дилеми и прашања беа разрешени на обуката поврзана со одредби од Законот за општа управна постапка во инспекцискиот надзор, што се одржа на 16 октомрви, 2018 во ЗЕЛС Тренинг центарот за вработените од сектори/одделенијата за инспекциски надзор во ЕЛС и други вработени во општинската адмионистрација кои работат согласно овој закон. Каролина Стојановска- Богдановка, инспектор од Државниот управен иснпекторат даде конкретни објаснувања и практични примери кои се однесуваат на Законот за општа управна постапка, со посебен осврт на новините воведени со Законот за општа управна постапка од 2015. При тоа се задржа на терминологијата која е опфатена со овој закон и објаснување за “јавен орган“, “давател на услуга“, “колегијален орган“, што е “известување“, “управен договор“, “реален акт“, “услуги од општ интерес“, а се задржа на објаснување на начелото на делегирање на надлежност, евидентирање на прием на поднесок, како и други форми кои произлегуваат од секојдневната работа на инспекциите во општините. По барање на општините, обучувачката даде исцрпни одговори и за тоа што е управен акт, кои се негови елементи, но и дополнителни елементи, како се пресметуваат рокови за издавање на управен акт, кои се постапките за известување, како и за начинот на достава, за начинот за определување и продолжување на рокови, за правните лекови и жалба. Секако, учесниците на обуката имаа и дополнителни прашња од пракса кои беа одговорени, а добија и конкретни, практични насоки за поефикасно извршување на инспекцискиот надзор во областите за кои се овластени. ЗЕЛС Тренинг Центарот ќе продолжи со праксата за организирање на обуки со практични и конкретни насоки во делот на инспекцискиот надзор и во следниот период.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.