ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Активностите на ЗЕЛС за родово одговорни општини, презентирани пред претставници од невладиниот сектор од Молдавија и Албанија
9 ноември 2018
Oколу триесетина претставници од Република Албанија и од Република Молдавија, кои работат на полето на родовата еднаквост во нивните земји, на 7 ноември, 2018 година, дојдоа во ЗЕЛС да се запознаат со активностите на Асоцијацијата во оваа област. Посетата беше реализирана во рамките на дводневниот престој на овие две делегации во нашата земја, поддржан од UN Women – тело на ОН за родова еднаквост и зајакнување на жените, со кое во изминатите неколку години, активно соработува и ЗЕЛС.

Присутните најпрво беа информирани за улогата, структурата и активностите на ЗЕЛС, како единствена национална асоцијација на сите единици на локална власт во Република Македонија, која ги застапува своите членки и лобира пред централната власт за обезбедување на поадекватна законска регулатива за квалитетно спроведување на префрлените надлежности на локално ниво. Извршната директорка на ЗЕЛС, Душица Перишиќ, посочи дека Асоцијацијата има улога на вистински партнер со централната власт во преговорите за јакнење на локалната власт и развивањето на процесот на децентрализација. Исто така, таа истакна дека Асоцијацијата преку „ЗЕЛС тренинг центарот“, активно учествува и во развивањето на капацитетите на општинската администрација а, преку „ЗЕЛС единицата за поддршка на е- општини“ е вклучена во обезбедувањето и поддршката за поквалитетни и поефикасни услуги за граѓаните преку воведување и одржување на електронските услуги од општините.


Присутните се запознаа со активностите на ЗЕЛС за поддршка на локалните власти во делот на родова еднаквост, од презентацијата на координаторката на проектот “Зајакнување на капацитетите на општинските службеници и локални претставници за родово одговорно буџетирање“, што го реализира ЗЕЛС со поддршка на UN Women, Ирена Николов. Таа посочи дека во 2017/18 се реализирани обуки на општинските координатори за родова еднаквост и на дел од советниците, членови на комисиите за родова еднаквост во општините, односно обучени се вкупно 65 лица од локалната власт. Реализирани се и обуки за обучувачи. Формирана е Работна група при ЗЕЛС, од десетина општински координатори за родова еднаквост ( а, која е отворена за нови заинтересирани членови) каде меѓусебно се разменуваат искуства во насока на поголема и поквалитетна примена на законските обврски, но и на развивање на сопствени идеи за активности на ова поле во општините. Развиена е соработка со надлежни институции во земјата, особено со Министерството за труд и социјална политика, но и со странски асоцијации од оваа област. Зголемен е бројот на општини кои ја прифатија и потпишаа Европската повелба за родова еднаквост, чиј број сега изнесува 20 општини од нашата земја. Изработена е Стратегија за родова еднаквост на ЗЕЛС за 2018-2030 година со Акциски план каде се утврдени натамошните чекори што ќе ги преземе ЗЕЛС за своите членки, на полето на имплементирање и развивање на родовите политики на локално ниво.

Како посебен успех во досегашниот период беше наведена прифатената иницијата, упатена до Министерството за финансии, да се стави посебна ставка во буџетскиот циркулар за родова еднаквост, како и активното учество на претставник од ЗЕЛС, во Интер-ресорската работна група при МТСП за родова еднаквост, каде се застапуваат инересите на општините .

На презентацијата, особено беше истакната електронската платформа за родово одговорно буџетирање (www. rob.zels.org.mk), што ја обезбеди ЗЕЛС со сопствени капацитети и ја оддржува за своите членки. Оваа „е-платформа“ е единствена во регионот, на која може да се најдат сите информации и документи поврзани со родово одговорно буџетирање и родовата еднаквост од општините, а поставена е и интерактивна мапа со статистички податоци, како и постигнати резултати на поуспешните општини на ова поле. Платформата содржи и дигитална библиотека со планови и програми од општините како и можност за интерактивна размена на мислења и ставови меѓу координаторите и членовите на комисиите.

Триесетчлената делегација на 8 ноември, 2018 година ги посети и општините: Кочани, Штип и Свети Николе, каде се сретнаа со градоначалниците, координаторите и членовите на комисиите за родова еднаквост, се запознаа со нивните активности и се стекнаа со нови, позитивни искуства што може да ги применат при спроведувањето на активностите во своите земји.






назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.