Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Нови 15 кандидати од општините се стекнаа со лиценца за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште
14 октомври 2020
 

ЗЕЛС во соработка со Министерството за транспорт и врски (МТВ) отвори нов циклус на полагање на испитот за стекнување со лиценца за водење на постапка за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште. Испитот се состои од два дела: теоретски и практичен и право на полагање имаат само кандидатите, кои претходно го имаат проследено теоретскиот дел од обуката и кои сепретставници од единиците на локалната самоуправа со статус на административен службеник од редот на раководни и стручни административни службеници.И двата дела од испитот беа реализирани во електронскиот испитен центар на Правниот факултет ,,Јустинијан Први“ при УКИМ. Теоретскиот дел беше спроведен на 29 септември, 2020 година, а практичниот дел на 8 октомври, 2020 година.

Управувањето со градежното неизградено земјиште, од 1 мај, 2020 година е префрлено во исклучива надлежност на општините, во согласност со измените на Законот за градежно земјиште, (објавени во Службен весник на РСМ“ број 275 од 27, декември 2019 година). Тоа значи дека сите општини треба да ги реализираат потребните законски услови за да се стекнат со правото да управуваат со државното градежно земјиште, меѓу кои е и обврската да имаат соодветен број на лиценцирани вработени кои ќе ја водат постапката за отуѓување и давање под закуп на ова земјиште. Во таа насока ЗЕЛС и МТВ ќе организира и втор циклус на полагање на испитот што е закажан за 26 октомври, 2020 година (теоретски дел) и на 02 ноември, 2020 година (практичен дел).

Полагањето се спроведува електронски, во временски период од еден час, и резултатите се објавуваат веднаш по полагањето. Теоретскиот дел се состои од педесетина прашања кои се однесуваат на постојната законска регулатива од областа на урбанизмот, градежното земјиште, постапките за експропријација а, 15 % од прашањата се однесуваат и на користење на софтверската апликација www.gradezno-zemjiste.mk. Овој информациски систем го одржува, управува, користи и го надградува ЗЕЛС и истовремено им дава континуирана поддршка на општините при неговото користење. Преку www.gradezno-zemjiste.mk се спроведуваат сите постапки за отуѓување и давање под закуп на државно градежно земјиште, по пат на јавно надавање и по пат на непосредна спогодба, утврдени во Законот за градежно земјиште. Во практичниот дел од испитот,кој исто така се реализира електронски, кандидатите работат на студија на случај.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.