ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Комитетот на совети при ЗЕЛС дискутираше за предизвиците со кои се соочуваат советите на општините
26 октомври 2018

Комитетот на совети при ЗЕЛС, на 25 октомври 2018 година во просториите на ЗЕЛС ја одржа 2-та седница. Присутните членови на Комитетот дискутираа за проблемите и предизвиците со кои се соочуваат како претседатели на совети на општините. Особено беше истакната потреба од формирање на служба или сектор за помош и поддршка, која своевидно ќе ги поврзува советите на општините со општинската администрација, по што едногласно беше донесен заклучок за итно изнаоѓање на адекватно решение за формирање одделение или сектор во зависност од големината на општината, за поддршка на советите на општините, кое единствено ќе биде одговорно пред Претседателот на советот на општината и советниците.

Недостатокот на канцеларии и простории каде претседателите на советите и советниците ќе можат да оставруваат средби и состаноци со граѓани, исто така беше истакнат како голем проблем со кој се соочуваат општинските совети.

Се дискутираше околу водењето на седниците на советите, предизвиците со кои се соочуваат при гласање и носење на одлуки, превземање на одговорност од страна на градоначалниците за донесени одлуки од страна на советите, а нереализирани од страна на соодветните служби, потребата за водење на јавни дебати и расправи при носењето на одлуките од страна на општинските совети.

Присутните членови на Комитетот дискутираа и околу неодамнешната одлука на Владата на Република Македонија финансиска помош за решавање на проблемот со заостанатите долгови на општините, како и за потребата за законски измени за дефинирање на правниот субјективитет на месните заедници како правни лица.

Во присуство на г. Илмиасан Даути, проектен менаџер, УНДП, се дискутираше за проектот „Зајакнување на општинските совети“, кој се имплементира од страна на УНДП во соработка со ЗЕЛС и Министерството за локална самоуправа, поддржан од Швајцарската агенција за развој и соработка. Г. Даути даде објаснување за досегашната имплементација на проектот, кои се рамките по кои се планира да се одвива натамошната реализација и инволвирање на сите општини. Во насока на соработка со УНДП, членовите на Комитетот дадоа препорака да се забрза процесот на едукација на членовите на советите и успешно зајакнување на капацитете на советите на општините, со цел доследно извршување на нивните надлежности





назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.