ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
СРЕДБА ЗЕЛС - ВЛАДА на РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА
28 декември 2011
 

Почитувани,

На 28 декември, 2011 година, во просториите на ЗЕЛС ( улица Женевска бб. Тафталиџе 2) со почетокок од 14, 30 часот ќе се одржи средба на Управниот одбор на ЗЕЛС со Владата на Република Македонија. Во согласност со Меморандумот за соработка помеѓу ЗЕЛС и Владата на Република Македонија, склучен уште во 2003 година, веќе традиционално, најмалку еднаш годишно се организира средба меѓу овие две институции. Оваа средба претставува уште една потврда за продолжување на воспоставената практика на заеднички дијалог меѓу централната и локалната власт.

Членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС, на средбата, ќе имаат можност да дискутираат за сите предизвици со кои се соочуваат локалните власти во спроведувањето на доверените надлежности. Поточно, тие ќе ги презентираат ,,СИСТЕМАТИЗИРАНИ СТАВОВИ на ЗЕЛС” во кои се сублимирани заклучоците кои произлегле од дискусиите на општинската администрација водени во рамките на деветте Мрежи на општински одговорни лица, потоа разгледувани од 13-те Комисии во ЗЕЛС и утврдени на седниците на Управниот одбор на ЗЕЛС. Во овие ставови се утврдени заедничките барања на локалните власти, од секоја област поединечно: комунални дејности, образование, животна средина, култура, рамномерен регионален развој, градење на капацитетите на општинската администрација, енергетика, како и барања кои се однесуваат на обезбедувањето на поголема финансиска независност на локалната самоуправа. Се очекува Владата да се произнесе по сите барања на ЗЕЛС, односно да се утврдат најадекватни начини за нивно разрешување .

Ќе ни претставува чест, доколку Вашиот медиум го проследи овој настан и ја информира јавноста за состојбите и приоритетите на локалните власти во земјава.

Лице за контакт, Весна Арсовска- Динковска, советник за односи со јавност, на 02/3099033, локал 124 и 070 /364 859.

Со почит ,

27 декември, 2011 година                       Заедница на единиците на локална

Скопје                                                     самоуправа на Република Македонија-ЗЕЛС

назад


Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE


Гласило

Стратешки план 2011 - 2015


Родова еднаквост




ЗЕЛС е-услуги

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.