Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Усвоени предлог –уредбите за распределба на приходи од ДДВ и од блок дотациите за локалната власт
24 јуни 2020
 

 

Комисијата за следење на развојот на финансирање на општините на 19 јуни, 2020 година ја одржа триесет и шестата седница по пат на користење на софтверска платформа (ZOOM) достапна на интернет. Членовите на комисијата усвоија поголем број на предлог –уредби кои се однесуваа на методологиите за распределба на приходите од ДДВ како и приходи од блок дотациите во областа на образованието, социјалната заштита и културата.

Во врска со Предлог – Уредбата за методологијата за распределба на приходите од данокот на додадена вредност (ДДВ) по општини за 2021 година беше посочено дека нема промени и дека распределбата ќе се врши како и во изминатите години, по што истата беше усвоена. Средствата од вкупно наплатениот ДДВ во претходната фискална година, во висина од 4,5% одат за општините, на начин што се распределуваат во константен дел од по 3.000.000 денари за сите општини во Република Северна Македонија, за општините во градот Скопје и за градот Скопје и променлив дел кој се распределува за општините во износ од 88%, а за општините во градот Скопје и Град Скопје во износ од 12%. Присутните беа информирани за дискусијата на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС од последната седница, на која беше искажана загриженост дека се очекува приходите на општините, по овој основ, за следната година да бидат драстично намалени, како рефлексија од целокупната економска состојба предизвикана од кризата со вирусот КОВИД -19. Комисијата донесе заклучок да се обрати до Владата на РСМ и да побара таа навремено да изнајде соодветни решенија поради настанатата состојба со цел општините да не бидат доведени во уште подлабока финансиска нестабилност. При тоа беше посочено да се размислува и во правец на преземање на соодветни законски измени.

Усвоени беа и предлог –уредбите за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотациите за основното и за средното образование по општините, за 2021 година. Беше посочено дека промени во критериумите за распределбата на овие средства не се направени, односно дека и понатаму основниот критериум е бројот на ученици. Укажано беше на незначителното намалување на средствата со ребалансот на буџетот, при што повторно беше посочено дека општините треба да направат реорганизација на училишната мрежа со оглед дека бројот на ученици континуирано се намалува, дека има подрачни училишта со по еден или неколку ученици, како и дека бројот на наставници генерално континуирано се зголемува. Во таа насока Комисијата донесе препорака до сите единици на локална самоуправа што поскоро да започнат со преземање на активности за оптимизација на училишната мрежа, со што ќе се подобрување на условите за одвивањето на наставата. Присутните беа информирани дека три средни стручни училишта ќе станат државни, поради што не е прифатен иницираниот критериум за утврдување на посебен коефициент за техничкото образование. И по оваа точка беше пренесено размислувањето на членовите на Управниот одбор на ЗЕЛС за можноста од потреба на дополнителни финансиски издатоци за општините за превоз на учениците, доколку кризата со КОВИД -19 продолжи и од септември, односно со почетокот на новата учебна година. Во услови на вонредни мерки, бројот на патници во автобусите се намалува за 50% па со тоа општината не би можела да го користи линискиот превоз и би требала да обезбеди двојно повеќе автобуси за превоз на учениците, а при тоа би била изложена на дополнителни трошоци. Во таа насока Комисијата го донесе следниот заклучок: Министерството за образование и наука, Министерството за финансии и Владата навремено да утврдат соодветни решенија и да обезбедат дополнителни средства доколку и во септември важат времените мерките за автобуски превоз на патници.

Членовите на Комисијата ги усвоија и Уредбата за методологијата за утврдување на критериумите за распределба на блок дотациите за јавните установи за деца - детски градинки и центри за ран детски развој во состав на јавни детски градинки по општини за 2021 година, како и Уредба за методологијата за утврдување на критериуми за распределба на блок дотациите за јавните установи за социјална заштита - домови за стари лица за 2021 година. Бидејќи на седницата немаше претставник од Министерството за труд и социјална политика (најавена е номинација на ново лице) не беа изнесени ефектите што произлегуваат од измената на критериумите што минатата година беа направени во делот на распределбата на средствата во детските градинки. Беше посочено дека Комисијата очекува на следната седница МТСП да изнесе поопсежни податоци од направените анализи по овој основ.

Во однос на распределбата на средствата од блок дотациите во областа на културата беше посочено дека нема измени од минатата година. Бидејќи не беше поканет претставник од Министерството за култура присутните немаа можност да се информираат за најновите резултати од активностите на ова Министерство во однос на создавањето на услови за префрлање на најголемиот број културни установи на локално ниво. Сепак Комисијата донесе заклучок дека локалните власти инсистираат процесот на децентрализација да продолжи, односно институциите од областа на културата да се префрлат на локално ниво, (освен оние за кои ќе биде утврдено дека се од национален интерес), но трансферирањето да биде извршено со соодветни средства, во спротивно нема да биде прифатено.

Под точката разно беше посочено дека локалната власт треба навремено да се подготви и да го искористи законското право за реализирање на заеднички средби со централната власт за актуелни прашања поврзани со финансирањето на општините и најдоцна до септември да излезе со препораки до Владата при подготвувањето на Буџетот за 2021 година.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2019

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги



Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.