Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Хроничен недостаток на финансиски средства за спроведување на квалитетни услуги од страна на локалната власт
21 мај 2019
 

Комисијата за финансирање при ЗЕЛС ја одржа третата седница на 16 мај, 2019 година на која експерт од Светка банка ги презентираше наодите од анализите кои опфаќаат неколку тематски области, меѓу кои: финансиската оддржливост на општините; инвестиции во општините; администрирање на даноците; блок дотации; заостанати долгови на општините; успешност на работењето на комуналните претпријатија во локалната власт, како и некои состојби во противпожарната заштита.

Присутните членови посочија дека се согласуваат со дел од изнесените податоци и сметаат дека кореспондираат со реалните состојби во локалната власт, но дел од нив треба да се разгледуваат во една поширока констелација на општествено - политичките состојби во земјата. Беше нагласено дека особено треба да се земе во предвид процентот што го добиваат општините од вкупниот колач од јавните приходи од БДП во земјата, преку кој може да се потврди дека општините имаат хроничен недостаток на финансиски средства за спроведување на квалитетни услуги. Особено беше посочено дека општините имаат огромна потреба за капитални инвестиции: за изградба на локални патишта, водовод, канализации, прочистителни станици и слично. Во таа насока беше забележано дека сите средства што се издвојуваат за капитални инвестиции потребно е да се интегрираат во еден систем и да се утврдат јасни правила и критериуми на нивна распределба.

Во однос на заостанатите долгови на општините присутните посочија дека и самите локални власти треба да бидат самокритични и порационално да се однесуваат во рамките на средствата со кои располагаат. Во Извештајот од Светска бакна беше констатирано дека досега, во пракса, за ниту една општина што подолг период била со блокиран сметка или во долгови, не биле применети соодветните законски мерки. Исто така, во Извештајот е изнесено дека половина од износот на заостанатите долгови на општини отпаѓа на пет поголеми општини, кои воопшто не се сиромашни. Членовите на Комисијата посочија дека покривањето на дел од долговите на општините од страна на централната власт, донекаде претставува индиректно ,,казнување“ на граѓаните од општините кои немаат долгови. Затоа посочија дека се потребни и мерки за стимулирање на општините кои вршат правилно планирање и реализација на буџетот, адекватно се задолжуваат и ги собираат сопствените приходи. Стана збор и за зајакнување на активностите за целосно ажурирање на објектите за наплата на данокот на имот, за репроценка на даночната основица во согласност актуелната методологија, како и за похрабро искористување на законската можност за зголемување на процентот на данок на имот. Според анализата на Светска банка сопствените приходи на општините се ниски, особено што и ставката на данокот на имот е многу ниска во споредба со европските состојби.

Стана збор и за потребата од рационализација на училишната мрежа, особено во основното образование, бидејќи податоците покажуваат генерално намалување на бројот на децата, но не и на бројот на наставниците и паралелките. Беше спомената и потребата од рационализација и на бројот на вработени во ЈКП основани од општините, како и прибегнувањето кон нивна приватизација или јавно-приватно партнерство, со цел порентабилно работење и целосно собирање на комуналните такси.

Генерално заклучокот од оваа седница на комисијата за финансирање при ЗЕЛС беше дека за финансиска стабилизација на општините е потребно зголемување на зафаќањето до ДДВ, од персоналниот данок и данокот на имот. Всушност и во анализата на Светска банка беше посочено дека ако се сака да се достигне за 20 % подобро финансирање на општините потребно е да се направи зголемување на зафаќањето од ДДВ на 10%, кое сега изнесува 4,5%, зголемување на зафаќањето од персоналниот данок на 27% (сега изнесува 3%) и зголемување на данокот на имот за најмалку три пати.



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Годишен извештај 2018

Гласило

Урбана и одржлива мобилност-Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




Forumski moderatori.mk

© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.