ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
Излезе од печат септемврискиот број на Гласилото на ЗЕЛС
28 септември 2018
 Собранието на Република Македонија, на 3 септември, 2018 година, на 58 седница, го усвои предлогот на Закон за дополнување на Законот за превоз во патниот сообраќај, со кој се врши уредување на начинот на остварување на правото на бесплатен превоз на учениците од основните и од средните училишта, во рамките на општинскиот и меѓу-општинскиот линиски превоз. Станува збор за иницијатива што ја покрена ЗЕЛС, за решавање на предизвиците со кои се соочуваат локалните власти во делот на превозот на учениците, каде голем број на општини имаат наталожено огромни долгови. Се очекува со измените, учениците да се возат по реални цени, а не како што се случуваше во изминатиот период, цената за превоз по ученик да биде дури и десеткратно повисока од реалната.

На 11 септември, 2018 година, во Скопје се одржа петнаесеттиот состанок на Заедничкиот консултативен комитет меѓу Република Македонија и Комитетот на регионите на Европската Унија (ЗКК) на кој учествуваа градоначалници и советници од нашата земја и од земјите членки на Унијата, кои се делегати на ова тело, а свои обраќања имаа и министри и претставници на меѓународни институции и делегации. „Фискална децентрализација и политика на локални давачки“, беше темата на вториот дел од состанокот на ЗКК, каде ставовите на ЗЕЛС, во насока на обезбедување на поголема финансиска независност на локалната власт, ги изнесе градоначалникот на Општина Велес, Аце Коцевски.

Во рамките на Проектот „Зајакнување на општинските совети“ во септември, средба одржаа и претседателите на општинските совети, кои во името на Комитетот на советите при ЗЕЛС, ги поздрави претседателот на ова тело, Томе Солев. Присутните беа информирани за целите и активностите на проектот, беа запознаени и со новиот повик за избор на дополнителни 9 општини за директна поддршка, при што беа информирани дека сите 1347 советници во земјава ќе имаат пристап до Електронската платформа за учење: lms.opstinskisovet.mk, преку која може да ги надградуваат своите знаења во спроведувањето на обврските во општинските совети.

Во текот на август и септември беа реализирани и други активности на ЗЕЛС меѓу кои работилницата на комуналните инспектори од општините што ЗЕЛС ја организираше во соработка со Државниот комунален инспекторат. На крајот од месец август средба одржаа и работната група на Мрежата на човечки ресурси која работи на изготвување на правилници за ТППЕ и пожарникарите, кои може да послужат како модели за останатите општини кои сеуште не ја реализирале оваа законска обврска. И мрежата на лицата за односи со јавноста при ЗЕЛС, организираше работилница на тема „Активна транспарентност на општината“ . Од 26 до 28 септември, во просториите на ЗЕЛС беа реализирани почетни обуки на пријавените кандидати од општините за полагање на испит за стекнување со овластување за водење постапка за отуѓување и давање под закуп на градежно земјиште сопственост на Република Македонија.

За овие и други информации подетално може да се запознаете во овој број на Гласилото на ЗЕЛС



Прилог: Zels_SEPT_2018_MK_AL_8 (1).pdf
назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Гласило

Одржлива Урбана Мобилност - Mobilitet i qëndrueshëm urban

Стратешки план 2016 - 2020

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Родова еднаквост


Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.