ЛОГИН ИЗБОРНИК
Login Izbornik

Вашата еmail адреса
за најава на ЛОГИН
еmail листата



За Одјава
„ ЗЕЛС ќе продолжи со поддршката на локалните власти во градењето на политики за родова еднаквост и креирање на родово одговорни буџети“
13 јуни 2018
 -„ Јакнење на капацитетите на општинските координатори и на претставниците на општинските совети за родова еднаквост и буџетирање, како и поддршка на локалните власти за имплементирање на законските одредби за креирање на родово одговорни политики и родово сензитивни буџети, беа едни од поважните активности што ЗЕЛС ги спроведуваше во изминатите неколку години. Во завршна фаза сме на изработката и на Стратегијата за родово одговорни политики и буџетирање на ЗЕЛС за периодот 2018 -2030 година што ќе претставува важна насока за општините каде да се движат во следниот период во оваа област, а имаме и 20 општини потписнички на Европската повелба за родова еднаквост, утврдена од Конгресот на локални и регионални власти на Советот на Европа. ЗЕЛС и натаму ќе продолжи со поддршката на општините во нивното градење и развивање на локалните политики за родова еднаквост“.

Ова го истакна Душица Перишиќ, извршена директорка на ЗЕЛС на завршната конференција на Проектот „Зајакнување на капацитетите за родово одговорни политики и буџетирање на локално ниво“ што се одржа на 13 јуни, 2018 година во Скопје, пред присутните општински координатори на комисиите за родова еднаквост, претставници од локалната власт и од Министерството за труд и социјална политика. Сите активности во рамките на Проектот, ЗЕЛС ги реализираше со поддршка на UN Women, канцеларијата во Скопје.

Извршната директорка на ЗЕЛС посочи дека е многу важно што политиките за родова еднаквост се преточени во Национална стратегија и што за нивно практична примена се утврдени и законски одредби, поради што сега тие се видливо подобрени. Еден од показателите е и зголемувањето на бројот на жени во политиката, пратенички во Собранието на Република Македонија и во општинските совети, при што во локалната власт бројот на жени- претседатели на Совет на општината е се поголем . – „ За жал, веројатно што со законски одредби не е утврден и процентот на застапеност на жени –кандидати за градоначалници во партиите, па нивниот бројот не расте драстично, и имаме само шест градоначалнички во мандатот 2017 -2011 година “, рече Перишиќ

Пред присутните се обрати и Емира Лубани, регионална проектна менаџерка од UN Women, која посочи дека Република Македонија е водечка земја во регионот во градењето и имплементирањето на родовите политики и креирањето на сензитивни родови буџети на централно и на локално ниво. ЗЕЛС има значајна улога во целиот тој процес на иницирање на градење на родови политики и јакнење на општинските капацитети. Улогата на ЗЕЛС и во иднина ќе биде уште поголема, особено во делот на воспоставување на родово правични и ефикасни услуги кои ќе бидат засновани на сензитивно креирани општински буџети.

За соработката со ЗЕЛС и за досегашните активности на централната власт на ова поле, говореше Јована Тренчевска, државен секретар во Министерството за труд и социјална политика. Таа посочи дека нашата земја има одлична законска основа за родова еднаквост, како и изградени механизми за нејзино спроведување, кои се блиски на европските. Од 2017 година сите министерства и агенции, но и локалните власти се обврзани во своите буџети да ги вклучат родовите политики и активности за што е изработен и соодветен буџетски циркулар и методологија. Наскоро се очекува и во Буџетот на Република Македонија да бидат вградени ваквите политики, со оглед на се поинтензивните активности за јакнење на свеста, но и на подготвеноста на администрацијата и на пратениците за оваа област. -,,За прв пат буџетските анализи на министерствата се јавно објавени, а значаен сегмент претставува и поставувањето на „е-learning “ модулите кои се задолжителни за целата администрација и кои очекуваме наскоро да бидат поставени и на е-платформата на ЗЕЛС, за родово одговорно буџетирање- www. rob.zels.org.mk .

За улогата на ЗЕЛС во целиот овој процес на реализација на Проектот и за досега спроведените активности, говореше Ирена Николов, советник во ЗЕЛС. Таа изрази благодарност до сите активни претставници од општините и општинските координатори на комисиите за родова еднаквост за нивната огромна енергија што ја вложија во своите општини за креирање и имплементирање на родовите политики. Токму и креирањето на Стратегијата на ЗЕЛС за родово одговорно буџетирање произлегуваше од нивните иницијативи и укажувања каде треба да се движат локалните власти и каде им е потребна поддршката од ЗЕЛС во натамошното развивање на РЕ и РОБ. Беше презентирано и мултимедијално видео за „е- платформата“ www.rob.zels.org.mk што ја изгради и ја одржува ЗЕЛС а, каде се наоѓаат важни информации, добри практики, законски одредби во областа на РЕ И РОБ од земјата и од странство. Посебен акцент беше ставен и на натамошните чекори на ЗЕЛС во оваа област, кои одат во насока на јакнење на меѓуопштинската соработка за РЕ И РОБ, промотивни активности за јакнење на свеста на администрацијата и на граѓаните во општините, надградба на е-платформата на ЗЕЛС и засилена соработка со централната власт

Пред присутните беа изнесени добрите искуства на општина Кочани, што ги презентираше координаторот на Комисијата за родова еднаквост на општината, Љубинка Ајтовска. Таа посочи дека покрај законската регулатива, од големо значење за ефикасно и правилно спроведување на РЕ и РОБ на локално ниво е градењето на квалитетни капацитети на општинските координатори, јакнење на свеста на општинската администрација и на советниците, но и на граѓаните. Таа изнесе низа добри примери што се реализирани во општината, меѓу кои и иницирањето на вклучување на жени во противпожарната единица. Исто така го претстави и процесот на градење на Стратегијата за РЕ И РОБ на општината која се очекува да се финализира некаде до септември годинава, а посочи дека е потребно и озаконување на обврзаност за поставување на координаторот за РЕ и РОБ во општината и негово утврдување во систематизацијата на работни места .

На крајот од Конференцијата извршната директорка на ЗЕЛС Душица Перишиќ и Емира Лубани од UN Women им врачија сертификати на одредени општински координатори, чиј придонес е значаен не само во рамките на нивната општина, туку за целокупната локална власт и за ЗЕЛС .



назад

Прирачник за новоизбраните градоначалници и советници на општините

Ново - Годишен извештај

Е - Градежна дозвола
Електронска градежна дозвола

Градежно Земјиште
GRADEZNO ZEMJISTE

Гласило

Стратешки план 2011 - 2015

Родова еднаквост


ЗЕЛС е-услуги




© Copyright ЗЕЛС 2009, Сите права се задржани.